Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и годинава традиционално доделува 35 стипендии, 15 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при УКИМ. Стипендијата изнесува 6500 денари во текот на 12 месеци. Фондацијата доделува и еднократна парична награда на првенците на генерациите на овие два факултети во висина од 1200 евра. Годинава оваа награда отиде во рацете на две момчиња, првенци на генерациите. Марко Костовски на Медицински факултет заврши со просек од 9,97. Никола Јовановиќ од Фармацевтскиот факултет завршил со просек 9,93. За тоа колку се важни стипендиите од оваа Фондација говори фактот што Јовановиќ е стипендист на „Трајче Мукаетов“ и со вакви успеси докажа дека е направен вистинскиот избор.Освен студентите, и нивните професори и декани ја искажуваат значајноста од ваквото стипендирање. Ректорот на УКИМ истакнува дека долгогодишната соработка со Алкалоид и Фондацијата вродува со плод. Секоја година, на ваков начин, фондацијата „Трајче Мукаетов“ ја покажува својата одговорност, хуманост и сериозност.
Month: октомври 2016
Ставен во функција новиот најсовремен CT симулатор, осум пати побрз наменет за 15 пациенти на ден
Клиниката за Онкологија доби комплетно нов најсовремен CT симулатор. Стариот кој беше користен бил во функција околу 14 години и истиот бил 1 слајсен, додека пак новиот е 16 слајсен и е 8 пати попрецизен. Овој симулатор ќе може да опслужува од 10-15 пациенти дневно, со што ќе бидат опфатени сите пациенти на кои им е потребен овој преглед.Стариот симулатор кој сеуште е во функција планираме да го дислоцираме и монтираме во Битола, каде што ќе биде надополнување на новиот акцелератор кој што исто така е набавен и треба да биде монтиран.
Караџовски: Јанева се однесува крајно неетички и нецивилизирано
Караџовски: Јанева упатува навреди на лична основа
Караџовски: Јанева упатува навреди на лична основа
Груевски: Со инвестиција од 25 милиони денари реновиран Центарот за рехабилитација
Тодоров: Градската болница 8-ми Септември доби најсовремен центар за рехабилитација
Груевски: Амфитеатарот Скупи со 9 илјади седишта ќе биде наменет за младите
Груевски: Целосна обнова на амфитеатарот во Скупи со 9.000 седишта
Се враќа сјајот на Старата скопска чаршија- обновена е фасада која потекнува од крајот на 19 век
Пишев: Заев повторно лаже, имал празен простор во касарната но немал интерес да гради хали и пазар
Груевски оствари значајна средба со КПМГ, пофалби за економските политики во Македонија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во рамките на својата посета на Лондон, Велика Британија заедно со партиската делегација која ја предводи, оствари средба со раководниот тим на КПМГ која е една од четирите најголеми консултантски и финансиски организации во Светот кои вршат проценки, анализи на економските текови и издаваат извештаи кои подоцна се користат од голем број на големи компании и се раководат при носењето на одлуки за инвестирање.Во последниот извештај за Македонија КПМГ ги истакнува даночните поволности кои стојат на располагање на компаниите, како и едуцираната и квалификувана работна сила. Тие нотираат дека Македонија е земја со најниски трошоци за правење бизнис во Европа, при што се воведоа најниски даноци, рамен и низок данок, персонален данок и данок на добивка. Дека се нудат исклучителни поволности во технолошко индустриските развојни зони, се инвестира во нови патишта, железница и дека таквите предности се препознаени од многу странски компании кои се одлучија да инвестираат и ја препорачуваат како наредна дестинација за инвестирање. Членот на управниот одбор на КПМГ и потпретседател на организацијата истакна дека Македонија со своите економски резултати и успешни економски политики отиде напред во многу сектори, а доказ за тоа е и последниот извештај на Дуинг бизнис кој преставува големо признание за земјата. Тој посочи дека растот во рангирањето на Македонија е исклучително и сосема може да се очекува дека многу глобални претпријатија ќе ги искористат поволностите кои ги нуди државата и да инвестираат во иднина.