Отворена првата меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата

Првата меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата, на тема: „Управување со безбедноста на патниот сообраќај во Југоистична Европа-предизвици и насоки за дејствување“ започна денес во Скопје. Конференцијата ја отвори шефот на државата кој воедно е покровител на истата, а истакна дека секој учесник во сообраќајот има право да биде безбеден и да се движи безбедно, како и дека честопати забораваме дека тоа право подразбира и лична одговорност на секој учесник во сообраќајот, односно зависи од триаголникот на правото, одговорноста и почитувањето.Претедателот на Републичкиот довет за безбедност на сообраќајот на патиштата своето излагање, посочи дека потребата од регионална дискусија за регионални иницијативи и потреба од изнаоѓање на унифицирано решение е главната причина поради која е организирана Конференцијата.Претседателот на Координативното тело за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата Пешевски, кој во изминатиот период даде силна поддршка за спроведувањето на јавните кампањи за подигање на јавната свест за одговорно учество во сообраќајот, во своето обраќање истакна дека управувањето со безбедноста на сообраќајот на патиштата е еден од високо поставените приоритети и цели на Владата на Република Македонија.Андонов, пак посочи дека изминативе години министерството за внатрешни работи самостојно, но и како партнер било дел од многу кампањи посветени на сообраќајот.Со свое обраќање на присутните гости им се обратија и претседателите на меѓународните организации за безбедност во сообраќајот, Антонио Авеносо (ETSC) и Бенацер Булеажул (PRI).Откако ќе се усогласат ставовите меѓу земјите, истите ќе бидат преточени во „Декларација за интензивно дејствување и засилена соработка за помалку повредени и загинати на патиштата во Југоисточна Европа“ која ќе биде усвоена на крајот на Конференцијата.

Промовирани шест нови книги од едицијата „Македонски искушенија“

Шест нови наслови од капиталната едиција „Македонски искушенија“ денеска беа промовирани во Музејот на македонската борба-Скопје. Тоа се изданијата „Светите Климент и Наум Охридски“, „Македонска преродба“, „Борис Сарафов“, „Атентатите на ВМРО“, „Судбината на членовите на Првиот президиум на АСНОМ“ и ,„Македонска православна црква-Охридска Архиепископија“.Оваа едиција има исклучително значење за збогатувањето на македонскиот книжевен и историски корпус и афирмирањето на личностите и настаните кои оставиле длабока трага во македонска историја.На промоцијата присуствуваше и лидерот на ВМРо-ДПМНЕ Никола Груевски.Проектот „Македонски искушенија“ произлезе од, вредните документарни филмови кои во изминатиот период, во голем број беа реализирани од страна на Македонската Радио Телевизија.