Детската болница Козле доби нов видео бронхоскоп

Нов современ апарат видео бронхоскоп е инсталиран во Детската болница Козле. Станува збор за најнова технологија, нешто што сериозно ќе помогне за унапредување на оваа здравствена дејност во болницата и на педијатриско ниво воопшто во државата. Детската болница Козле, е еден од референтните центри во Македонија за вадење туѓо тело од дишните патишта.Kикирики, лешници, ланчиња, капачиња од пенкала, ѕивани, шпенагли… Ова се само дел од предметите кои докторите ги ваделе од дишни патишта кај деца. Бронхоскопска екипа при болницата во Козле има над 50-годишно искуство, е врвна и досега нема направено ниту една грешка.Бронхоскопијата е многу ургентна и многу тешка метода и треба во неколку минути да се реагира. Досега екипата ги заслужува сите комплименти. Директорот вели дека колеги од елитни центри се зачудени како може на овој дел од Балканот да се работи таква софистицирана метода со толку голем успех.

Нова градинка во Радишани, ќе згрижува 120 дечиња


Нова градинка со капацитет за згрижување на 120 дечиња, денес беше отворена во населбата Радишани, општина Бутел.
Градинката се простира на површина од 500 метри квадратни, со 5 занимални и посебна медицинска соба за згрижување на болните дечиња.
Латиновски истакна дека грижата за најмалите ќе продолжи и во иднина, тој информираше дека во моментов се врши целосна реконструкција на објект во Бутел 2 кој ќе биде пренаменет за детска градинка и ќе бидат згрижени нови дечиња од ова населено место.

Ќе се вратат на работа сите 1.000 рудари: Тие се задоволни од новите инвестиции и зголемените плати

Отпочинува со инвестициски циклус од 20 милиони евра во рудниците „Злетово“ и „Тораница“.Директорот на „Минстрој“,Николај Валканов , посочи работа ќе се вртат сите 1.000 рудари кои останаа без работа со стечајот на рудниците.Драган Димитриев, вработен во рудникот „Злетово“ изрази задоволство од брзото рестартирање на рудникот и ангажманот на владините институции.Рударите го изразија задоволство од новите услови за работа.Вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека како политичка гарнитура се насочени и сконцентрирани кон економијата, а рударството е еден од тие делови.Кога станува збор за рудниците, покрај директните многу се важни и индиректните вработувања. Груевски подвлече дека се радува затоа што напорите кои што ги започнале уште како премиер и кои што подоцна продолжија, дадоа резултати.

Новиот мамограф во Македонска Каменица сериозно ќе ги подобри здравствените услуги во градот

Министерот за здравство и вицепремиер, Никола Тодоров денеска беше во работна посета на Македонска Каменица. Во Македонска Каменица како што беше ветено донесен е најсовремен мамограф, истиот е веќе инсталиран и во тек е обуката. За прв пат во Македонска Каменица се инсталира ваков уред, кој што ќе овозможи рана детекција на малигни заболувања.Инвестицијата е во вредност од 7 милиони денари и министерството ја направи во соработка со општината.