Германска “Г.Р.А.Д. Екологија“ започна со градба на фабрика во Илинден, нови 40 вработувања

Нова странска инвестиција во локалната економска зона „Стопански комплекс Илинден“ е компанијата Г.Р.А.Д Екологија од Германија. Станува збор за постројка за производство на дизел гориво добиено преку преработка на отпад Германската инвестиција е во вредност од 12 -милиони евра и првенствено ќе вработи 40-50 нови работни места.Претставникот на менаџерскиот тим, Мену Милер истакна дека се навистина задоволни од бизнис климата во Македонија како и дека не погрешиле што одлучиле да инвестираат токму тука.Како резултат на странските и домашни инвестиции,бројката на невработеност во општината се намалува секоја година. Во моментов има само 10% невработеност, со општината е лидер и пример меѓу останатите општини во Македонија.Речиси половина од потрошното масло во Македонија, компанија ГРАД Екологија, ќе го апсорбира и преработува. Капацитетот на преработка на фабриката ќе биде околу 9.000 тони, а годишно Македонија има околу 20.000 тони ваков вид на отпад.До сега македонските фабрики за да ги задоволат еколошките стандарди беа должни ова масло да го продаваат најблиску во Виена, а сега тоа ќе можат да го прават во Македонија.

Уште едно место за уживање, отворен вториот по големина парк во Скопје

Граѓаните на Скопје добија ново место за спорт и реакција, катче каде ќе може да уживаат во зеленилото и да се дружат. Вториот најголем парк во Скопје, по Градскиот парк, денес официјално беше пуштен во употреба од градоначалниците на Град Скопје и Општина Аеродром. Новиот парк е наоѓа во Ново Лисиче, крај булеварот „Февруарски поход“ на последната автобуска станица број 5. Паркот е на површина од околу 100.000 квадратни метри, од која околу 90.000 квадратни метри ќе бидат зелени површини.Коневски посочи во изградбата на овој парк општината се вклучи преку поставување урбана опрема и осветлување. Во новиот парк поставени се околу 150 канделабри.Сукцесивно ќе се уредуваат и цветни површини во делови од паркот, а наесен ќе се засадат и садници.На терен работеа екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“, а за реализација на овој проект од Буџетот на Градот се издвоени околу 44 милиони денари.

За две години, 7 милиони евра во инфраструктурни проекти во Општина Илинден

Во општина Илинден за само две години се инвестирани 7 милиони евра само во инфраструктурата. Од овие 7 милиони евра, половина се инвестирани од страна на Владата а половина од самата општина.Еден од последните инфрастуктурни проекти во општина Илинден е рехабилитацијата на локалниот пат Илинден-Марино во должина од 2.100 метри.Патот денеска и официјално се пушти во употреба, а таму присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во придружба на градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.Само во 2016 година, во општина Илинден ќе се изградат вкупно 20 км главни и споредни улици во сите населени места, инвестиции во вредност од 120.000.000 денари.Исто така, како што истакна градоначалникот Стојановски, планирани за изградба се и 7 мостови како и два домови на културата.

27 коњаници од Горно Лисиче тргнаа на 38-от Илинденски марш

Дваесет и седум коњаници од Горно Лисиче вечерва тргнаа на традиционалниот илинденски марш кон Крушево каде што ќе стигнат на Денот на Републиката 2 Август – Илинден. Придружени од фаланга составена од дваесетина членови – играорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, коњаниците тргнаа денеска попладне од паркот „Јане Сандански“ во Аеродром и, минувајќи низ главните булевари на општината, стигнаа во Горно Лисиче каде во црквата „Свети Петар и Павле“ добија благослов за претстојниот шестдневен пат. Организатор на манифестацијата е Здружението „Илинденски марш 1978“ од Горно Лисиче, а покровител на нејзиното годинашно, 38-мо издание, е премиерот Емил Димитриев. Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски во обраќањето на собирот рече дека маршот кон Крушево симболично значи марш кон слободата.Перо Цаца, еден од 27-те коњаници кои заминаа кон Крушево, изјави дека настанот не е празник само за Горно Лисиче и за Општина Аеродром, туку и за Република Македонија.Признанија за учество во маршот добија и здруженија од други општини од Македонија. Собирот во Горно Лисиче за испраќање на коњаниците кон Крушево продолжи со огномет, со народни песни и ора и настап на пејачи од естрадата.