Димитриев: Засилен ангажман за спроведување на итните реформски приоритети

Со цел да се зголеми фокусот на реализација на планот на активности за итните реформски приоритети, владата од денес започнува со понтензивна комуникација со сите институции. Ова денес го истакна премиерот по координативниот работен состанок на тема „Акциски план за реализација на итните реформски приоритети“.Тој прецизира дека од акцискиот план произлегуваат неколку стотици мерки кои задираат во речиси сите области како што се правосудството, јавната администрација безбедносниот сектор, медиумите, меѓуетничките односи…Димитриев се надева дека реформите ќе донесат и дополнителен бенефит за подобро функционирање на институциите и подобро регулирање на областите кои се предмет на истите. Тој заклучи дека добро е да има и квалитетни предлози од опозицијата бидејќи, како што рече, реформите се прават за Република Македонија и за доброто на државата, а не заради интересот на Владата или на одредена политичка партија.

Ќе се отворат три приватни старски домови

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска на тројца инвеститори, кои веќе имаат започнато инвестициски активности за отворање три приватни домови за стари лица, им ги додели одлуките од Владата на РМ за давање одобрување за основање вакви домови.Станува збор за тројца инвеститори кои веќе имаат инвестирано значителни средства за вакви приватни институции. Тие претпеле одредена штета бидејќи чекале овој период да им се издаде одобрувањето.Петар Старделов, е еден од инвеститорите на старски приватен дом, кој истакна дека неговиот објект е готов и подготвен за почеток.Инвеститорот појасни дека капацитетот на домот што тој го отвора има најмалку 40 легла и најмалку 12 вработени на почеток, со можност, како што рече, да се прошират допопнително.

Новата државна неонатална кардиохирургија ќе биде сместена во болницата Козле

Кардиохирургијата за деца се подигнува на уште повисоко ниво. Во разговор помеѓу претседателот на ВМРО-ДМНЕ Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров при посетата на струмичката болница, беше сооопштено дека државната неонатална кардиохирургија ќе биде сместена во болницата за детски болести Kозле. Во Козле неодамна беше пуштен новиот објект кој ги запазува највисоките стандарди.Тим на експерти многу успешно врши оперативни зафати на деца со вродени срцеви мани или срцеви заболувања. Раководител на проектот и главен ментор е признатот кардиохирург Вилијам Бил Новик кој во САД беше прогласен за најдобар неонатален кардио хирург. Домашниот кадар успешно се вклопува и дури 50 осто од операциите самостојно ги извршуваат, од почетната до крајната фаза. А постепено ќе се проширува и тимот. Инаку во Козле е изграден комплетно нов објект, но многу се вложува и во едукација на персоналот преку проектот размена на медицински знаења и обука на медицински персонал. Персоналот стекнува вештини во најдобрата европска детска клиника италијанската болница Бамбино Џезо.Болницата Козле прераснува и во регионален центар за видео бронхоскопија. Паралелно со ова се продолжува и со развивање на проектот за државна кардиохирургија.

Груевски: Продолжуваме со огромни градежни зафати и инвестиции во здравствените капацитети во Македонија

Покрај болницата во Струмица каде се одвиваат градени зафати и во која заедно со инвестициите во опрема ќе се инвестираат над 7 милиони евра, се продолжува и со инвестиции во здравствените капацитети во Штип, Прилеп, Куманово, Скопје, Лабуништа и Охрид. При вчерашната посета на струмичката болница, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров се осврнаа и на останатите проекти. За највеќе 30 до 40 дена новата амбуланта, заедно со нова служба на брзата помош ќе им биде достапна на граѓаните на Лабуништа а со тоа ќе се покријат и потребите на жителите на Боровец, Октиси и Подгорец. Се работи и на новата болница во Штип која ќе преставува регионален клинички центар и која треба да биде готова за 24 месеци. Освен реновирањето и опремувањето на Охридската болница во моментот се работи на реконструкција и изградба на болницата за белодробни заболувања СВ Еразмо во Охрид каде се инвестираат некаде околу 200 милиони денари. Се врши комплетна реконструкција и на општата болница во Битола при што се инвестираат 107 милиони денари за изградба на енергетска фасада и замена на старите со нови прозори кои што треба да обезбедат заштеда на енергија и треба да се заврши до крајот на годината. Продолжуваат градежните работи и во Прилепската болница. И таму се одвива комплетна внатрешна реконструкцијавредна 70 милиони денари, која треба да биде готова кон крајот на август. Во тек се градежни активности и на велешката болница во вредност од 17 милиони денари, при што Тодоров најави и санација на инфективното одделение. Набрзо ќе се почне и со градежни активности за нов ургентен центар во Куманово. Во меѓу време се изгради болницата за детски болести Козле, се реконструираше тетовската болница, а многу брзо, по надминување на проблемите со проектот се планира и почеток на реконструкција на старата градска болница во Скопје СВ Наум Охридски, како и реконструкција на фасадата на болницата 8 септември, која во програмата е предвидена во 2018та година.

Се грижиме за здравјето- бесплатни превентивни прегледи денеска во Меморијалниот Центар Никола Кљусев

Во Меморијалниот Центар Никола Кљусев, пред Домот на АРМ во Скопје, денеска од 9 до 14 часот се одржува настан под мотото „Се грижиме за здравјето“. Овој настан е во организација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ- Центар, а во соработка со еминентни стручни медицински лица во насока на континуирана грижа за здравјето на целокупното население и унапредување на квалитетот на здравствената заштита. Се организираат бесплатни превентивни прегледи на сомнителни дамки на кожата, мерење на крвен притисок и испитување на шеќер во крвта. Граѓаните се задоволни од бесплатните прегледи, а настанот од година во година е се попосетен.