Академијата на ФК Вардар ќе биде локален и регионален лидер во креирањето на нови фудбалски надежи

По повод големиот христијански празник Велигден, ФК Вардар на најмладите во Македонија им подари Фудбалска академија со највисоки светски стандарди.Фудбалската академија ФК Вардар, е институција за развој на млади фудбалски индивидуи кои директно треба да влијаат на фудбалската иднина во Македонија. Работата е организирана според стандардите на еминентните клубови кои се натпреваруваат во Лигата на шампионите – која исто така е цел и план на ФК Вардар. Овој проект е од суштествено значење за националните интереси на Македонија поради фактот што секое детенце кое е член на Фудбалската академија Вардар е 100 процентен потенцијал да стане македонски репрезентативец.Социјалниот аспект од реализацијата на овој капитален објект е директниот инпут кон развој на спортот и здрави спортски навики кон младите, а исто така овој проект е директна бариера на младите од актуелните пороци на 21-ви век кои се застапени насекаде на светот па и во Македонија.Од Вардар информираат дека овој објект ќе биде локален и регионален лидер во креирањето на нови фудбалски надежи.Директорот на Фудбалската академија Марио Кофилоски на денешната презентација на овој објект истакна дека Фудбалската академија е со површина од 1152m2 во кој се сместени 6 соблекувални за децата и тренерите, простор за видео презентации, администатиен простор и други помошни простории. Објектот е осветлен со лед светилки, кои навечер даваат посебен ефект и амбиент. Во екстериерот и ентериерот на објектот доминираат црвената и црната боја и амблемите како симбол на ФК Вардар.Павел Неделковски координатор на детската школа ФК Вардар вели дека сите услови што ги нуди академијата се одговараат со високите стандарди на професионалните клубови од светски ранг.Денес во ФК Вардар професионално тренираат околу 500 млади деца, додека дел од фудбалската академијата се вкупно 1000 дечиња.

Димовски: Низ вековите се покажа дека Македонија е пиреј кој не може да се истреби

Огромен број граѓани во Битола и денес му дадоа поддршка на Граѓанскот движење за одбрана на Македонија, посочувајќи дека се загалаат за одржувањена избори на 5 јуни со цел ставаењ крај на полтичката криза во Република Македонија. Писателот Петре Димовски на вечерашниот мирен собир на ГДОМ во Битола истакна дека писателите творат, создаваат за да ја збогатат националната култура на својата земја без која една држава не може да постои. Протестниот марш на ГДОМ во Битола и вечерва почна од пред Офицерскиот дом, а заврши на плоштадот „Магнолија“ .

Крајчев: Македонија по сето ова ќе ја видиме посилна, посјајна и пообединета

Во центарот на Велес вечерва како се одржа мирен протест што го организира Граѓанското движење за обнова на Македонија (ГДОМ). Велешкиот писател Игор Крајчев како и неговите колеги од културата и од ГДОМ, го осудија сквернавењето на спомениците на кулурата во Скопје од страна на опозицијата и нивните подржувачи. Тој истакна дека оваа криза трае предолго и е политичка, наметната и вештачка. Крајчев порача дека не треба да се дозволи политиката да не раздели.

 

Груевски: Изборите на 5 јуни неопходни за надминување на кризата, граѓаните ќе одлучат за иднината на државата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес оствари средба со известителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа. Соговорниците разговараа за актуелната политичка состојба, наметнатата криза, како и интеграциските процеси важни за државата, информираат од партијата. Груевски го афирмираше својот став за крај на политичката криза, посочувајќи дека изборите на 5 јуни се неопходни за нејзино надминување, преку еден демократски процес каде граѓаните согласно нивната волја ќе одлучат за иднината на државата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи и дека приоритет на партијата е тие да бидат фер и демократски, за што институциите задолжени за процесот и нивно организирање ја имаат потполната поддршка. Истакна и дека е потребен крај на кризата и тоа го сакаат и очекуваат граѓаните, како и враќање на рефорсмките процеси и продолжување на реализација на проектите кој се од нивен интерес, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во поглед на интеграциските процеси пак, Груевски истакна дека стратешки интерес на Република Македонија е членството во Европската Унија при што реализацијата на реформите кои ќе придонесат за унапредување на различните сфери од општественото живеење се во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ.

Владините огласи за закуп на земјоделско земјиште можност за нов профит и вработувања

Во тек се два огласи за издавање под закуп на 4.426 хектари државно земјоделско земјиште, во 20 општини во државата за површини над 3 хектари, со што се продолжува веќе воспоставената пракса за постојано објавување на слободното државно земјоделско земјиште под закуп што претставува постојано барање на земјоделците и компаниите од агро секторот. -Станува збор за продолжување на веќе воспоставена, но многу позитивна практика преку која во досегашниот период огромни површини на државно земјоделско земјиште се дадени во рацете на граѓаните, на земјоделците, на бизнисмените, за што сведочат над 8.600 склучени договори. Очекуваме дека и со овие два нови огласи ќе продолжи тој позитивен тренд и позитивното дејство затоа што тие претставуваат извонредна можност за земјоделците кои веќе стопанисуваат во овој сектор да ги прошират своите површини и на тој начин да обезбедат поголема профитабилност за себе и поголем број на нови вработувања за населението, но претставуваат и добра можност за сите оние лица кои до сега не се занимавале со земјоделие, но имаат идеја, бизнис план, интенција да влезат со инвестиција во земјоделскиот сектор. Покрај добивањето на државното земјоделско земјиште под закуп, лицата ќе може да ги користат и останатите владини мерки кои што значат сериозна поддршка на ова поле како што се субвенциите, кофинансирањето на набавката на опрема, механизација и останатите поволности и затоа е добро, апелираме сите заинтересирани лица добро да ги проучат овие можности, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев и додаде дека процедурата за доделување ќе биде во извонредна, фер и транспарентна постапка не електронска јавна аукција без учество на човечки фактор и сите апликанти се добредојдени да влезат во овој процес.

Филхармонијата ќе се всели во новиот објект во јануари 2017 година

Музичарите од Македонската филхармонија по седум децении музицирање во импровизирани услови конечно ќе добијат нова концертна сала и професионални услови за работа како што заслужуваат. Зградата на Македонската филхармонијата е во завршна фаза и се очекува да биде готова до јануари наредната година. Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска која денеска заедно со музичарите ја посети новата зграда истакна дека во изминатиот период вложувањата во културата се евидентни. Новиот објектот на Македонската филхармонија и архитектонски и надворешно е уникатен, со специфична конструкција на кровот како што досега не е изграден во Р. Македонија. Сите програмски цели и барања на вработените во Македонската филхармонија се испочитувани. Објектот е на неколку нивоа и ќе има две концертни сали големата сала со 1049 седишта , а малата сала со 306 седишта.

Македонски манифест: Избори на 5 јуни, да се врати уставната автентичност на Македонија

Избори на 5 јуни по секоја цена, да се стави ред во македонската држава во внатрешен и надворешен план, да се врати уставната автентичност на Македонија, да се прекинат преговорите за името и да се создаде национална стратегија, црвена линија преку која никој нема да семе да помине, со која ќе се заштитат идентитетот и името, беа пораките кои денеска на тркалезна маса ги испратија членовите на граѓанската иницијатива „Македонски манифест“ и Граѓански здруженија за суверена Македонија. Стефан Влахов Мицов истакна дека оваа тркалезна маса има за задача да даде конкретни решенија за одбрана и отпор на Македонската независност, име и идентитет. Поетот Ефтим Клетников истакна дека ретко кој друг народ како македонскиот бил изведуван на губилиште. Тони Науновски истакна дека не смее да се дозволи било каква промена на државното име Р. Македонија. Членовите на граѓанската иницијатива „Македонски манифест“ и Граѓански здруженија за суверена Македонија беа едногласни дека треба да се превземат сите мерки кои се на располгање за да се одбрани македонската независност, име и идентитет.

Поддршка од 80 отсто за набавка на високоприносен добиток – нова мерка за земјоделците

Поддршка од 80 отсто за набавка на високоприносен добиток е новата мерка од програмата на ВМРО -ДПМНЕ која денеска ја најави претседателот на партијата Никола Груевски за време на посетата на сточарска фарма во село Нова Брезница. Оваа мерка ќе почне да се применува од јануари 2017 година.Ако една високоприносна крава чини околу 2.000 евра и за набавка на 20 крави се потребни 40.000 евра, 80% односно 32.000 евра ќе покрие државата, а само 8.000 евра ќе останат на сметка на сточарот. И тие 8.000 евра сточарот може да ги земе од Банката за развој на Македонија со камата од 2% Предвидениот износ на средства за реализација на оваа мерка на годишно ниво ќе изнесува 2 милиони евра.Инаку, фармата во село Нова Брезница што ја посети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ постои од 2001 година со околу стотина крави и телиња и 100 овци и е редовен корисник на субвенциите што ги дава државата за сточарите.