Од утре стапуваат на сила новите намалени цени на 165 оригинатори и генерички лекови.Станува збор за деветто по ред намалување на цените на лековите согласно методологијата на Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија. Вкупната заштеда од ова намалување на цените на лековите е над 653.000 евра.Оваа системска мерка која ја имаме воведено како Влада ќе продолжи да се имплементира и во наредниот период. Во октомври ќе следи и нова ревизија.Од анализите што ги направи Агенцијата за лекови, најголемо намалување на цените на генеричките лекови бележат во 2014 година кога се намалени цените на 602 лека.Со ова деветто по ред намалување на цените на лековите од 2012 година, досега се опфатени над 4.800 лека, чија цена е намалена два или повеќе пати. Вкупната заштеда со тоа е над 33 милиони евра.
Month: март 2016
СОНК: МТСП врши притисок врз синдикалните организации, оневозможува упис на легитимни раководства
Нов мебел во студентските домови до крајот на летото
Груевски: Амфенол ќе вработи нови 550 невработени лица
Спасов: Со „Македонија вработува“ се отворени 15.900 работни места
До утре земјоделците имаат рок да поднесат барање за легализација на објектите
Утре истекува рокот за поднесување на барања за легализација на дивоградби, сите земјоделци, фармери и оние кои имаат изградено бесправно помошни објекти или објекти за обработка на примарното земјоделско производство пред 3 март 2011 година да поднесат барање за легализација, апелираше денеска Ванчо Костадиновски заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Со добивање на имотен лист земјоделците и фармерите ќе можат да аплицираат за средства од ИПА фондовите и другите програми за рурален развој и имотот ќе биде во нивна сопственост.
Според претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев, легализацијата на земјоделските објекти ќе направи пресвртница во сточарството бидејќи објектите ќе бидат во сопственост на земјоделците и тие ќе може да го планираат своето производство.
Откако ќе го поднесат барањето за легализација, земјоделците ќе имаат рок до декември 2017 година да поднесат елаборат за легализација.
Министерството за култура откупи вкупно 113 ликовни дела и скулптури
Иницијативата која пред две години која беше покрената од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како премиер на Република Македонија во соработка со министерот за култура Елизабета Канческа Милевска, имаше за цел да се воведе една нова димензија во поддршката на уметниците, преку откуп на уметнички дела на домашни автори.Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, попладнево беше отворена изложба на дела откупени со вториот конкурс на Министерството за култура за откуп на уметнички дела и скулптури од галериски формат за 2015 година.На конкурсот се откупени 59 дела од 52 автора, од кои 43 ликовни остварувања, а 16 се скулптури. Избрани се од стручна комисија во состав: Викторија Васева-Димеска, Конча Пиркоска, Сафет Ахмети и Маја Неделкоска-Брзанова.Со новиот конкурс постојаните поставки и депоата на националните музеи, како и просторите на државни институции, ќе се дополнат и збогатат со дела на еминентни автори кои со своето творештво оставија траен белег во македонската ликовна уметност, истакна во својот говор министерката Канческа-Милевска.На првиот конкурс за 2014, и на овој, втор конкурс за 2015, откупени се вкупно 113 ликовни дела и скулптури од галериски формат, за што од буџетот се одвоени 13.389.000 денари
Неловски: Проектите на ВМРО-ДПМНЕ за младите се спроведуваат сега и денес
Неловски: Проектите на ВМРО-ДПМНЕ за младите се спроведуваат сега и денес
Груевски: СДСМ нема идеи, ја користи работата на СЈО
Груевски: СДСМ нема идеи, ја користи работата на СЈО
Груевски: Проектот за самовработување продолжува, до сега 7.800 лица успешно го искористиле
Груевски: Проектот за самовработување продолжува, до сега 7.800 лица успешно го искористиле
Груевски: Оглас за закуп на уште 7.000 хектари државно земјиште
Од „Александар Велики“ двапати неделно до Берлин, Копенхаген и Братислава
Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ од денеска од Скопскиот аеродром воведува летови кон Берлин, Братислава и Копенхаген. Кон Берлин летови ќе има во вторник и во сабота, а цената на билетот ќе изнесува од 1.199 денари, кон Братислава летови ќе има во понеделник и во петок, а кон Копенхаген во среда и во недела.
Со „Визер“ македонската Влада во 2012 година постигната договор за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии,беше постигнат и договор за вработување на македонски пилоти.
Генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски новите авиолинии ќе бидат користени од граѓаните на Македонија, туристите, бизнисмените, нашата дијаспора.
Од „Визер“ информираа дека со новите авиолинии имаат повеќе од милион седишта на располагање за годинава, што претставува пораст на капацитетот за 22 процента споредено со минатата година. На денешната промоција на авиолиниите од „Визер“ беше најавено дека од 20 јуни годинава ќе има нова линија од Скопје до Хамбург, што ќе биде замена за досегашната линија до аеродромот Лубек.