Инфантино го отвори ФИФА музејот

Претседателот на Светската фудбалска федерација Џани Инфантино во Цирих го отвори музејот на ФИФА. Тоа е првиот ангажман на Инфантино на функцијата, бидејќи во петокот беше избран за прв човек на ФИФА. „Ова е место за фудбалот“, рече Инфантино на отворањето. ФИФА вложи 110 милиони швајцарски франци на реновирање на зградата, а 30 милиони франци потроши на музејот во кој што се изложени 1000 експонати.

Германска инвестиција во Демир Хисар, нови 1.000 вработувања

Германската компанија од текстилната индустрија STS Textiles, денеска најави браунфилд инвестиција во Демир Хисар. Првичната инвестиција, во капацитетите на поранешна „Застава“ ќе изнесува 4 милиони евра и ќе отвори 150 работни места. Плановите на компанијата според сопственикот Маркус Туч, се бројот на вработени долгорочно да достигне 1.000. -Нашата компанија се занимава со текстил, лоцирани сме во Германија, а ова е второто место кое го избравме за да продолжиме со нашето производство. Ние посетивме неколку земји за таа прилика, ги посетивме Холандија, Бугарија, Романија и Македонија, но по напорите што ги вложија Пешевски, Шеќеровски и нивниот тим ние решивме дека треба да инвестираме тука. Регистрацијата на новата компанија ќе се случи во текот на наредната недела. Нашите планови да започнеме со технологијата се однесуваат на првите неколку месеци, на почеток ќе започнеме со вработување на 150 луѓе, а во текот на наредните години во целиот процес ќе се вработат околу 1.000 луѓе. Среќни сме што сме тука и сакаме да им понудиме на луѓето во Демир Хисар и околината да се пријават за вработување. Вицепремиерот Пешевски потенцира дека STS Textiles е високо технолошка компанија која лани од германскиот магазин „Менаџер“ е прогласена за најиновативна компанија во оваа дејност во Германија. Влезот на оваа компанија на македонскиот пазар, според Пешевски, ќе овозможи директни и индиректни вработувања, воведување нови технологии, трансфер на знаења и вештини на локалното население, развој на демирхисарскиот регион и намалување на невработеноста. Заменик-директор на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и учесник во преговорите за инвестицијата, нагласи дека вложиле многу труд и време да го убедат менаџментот на компанијата дека Македонија е добар избор за нив и оти Владата и општината ќе бидат нивен партнер ко целосно ги поддржува во реализација на инвестицијата. На објавувањето на инвестицијата присуствуваа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и министерот за странски инвестиции Џери Наумов. Инаку, оваа инвестиија Груевски ја најави на 24-ти јануари годинава, при обраќањето на Годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. -Она што претходно го најавив, денес се остварува. Официјално е потврдено дека германската компанија STS Textiles ќе инвестира во Република Македонија, напиша денеска Груевски на својот ФБ профил и додаде дека продолжуваат да работат и да се борат за секое ново отворено работно место.

 

Од утре еходијагностика на абдомен и тироидеа во Поликлиниката во Драчево

Во поликлиниката Драчево од утре ќе започне да се изведува ехо на абдомен и ехо на тироидна жлезда. Станува збор за ехо дијагностика која што досега воопшто не се користела во оваа поликлиника и била недостапна за пациентите од овој дел на градот. Во новиот специјалистички кабинет денеска увид изврши министерот за здравство Никола Тодоров кој истакна дека кон поликлиниката Драчево гравитираат околу 80.000 жители и оваа поликлиника навистина има потреба од проширување на услугите. Според директорка на Здравствен дом – Скопје Татјана Баевска Вучковиќ воведувањето на специјалистички услуги придонесува за подобрување на квлитетот на живеење на самите граѓани. Во Поликлиниката Драчево се повеќе расте бројот на услуги кои се даваат во делот на специјалистичко-консултативната здравствена заштита.

 

Леонардо ди Каприо конечно доби Оскар

По пет номинации, Леонардо ди Каприо синоќа конечно ја доби престижната награда Оскар. На 88 церемонија на доделувањето на годишните награди на Академијата која се одржа во Лос Анџелес, 41 годишниот Ди Каприо конечно доби признание за улогата во филмот „Повратник“. Режисерот на Повратник, Алехандро Ињариту, ја освои престижната статуетка за најдобра режија, додека филмот Spotlight освои Оскар за најдобар филм. За најдобра главна актерка е прогласена Бри Ларсон, за нејзината улога во емотивниот филм “Соба”, а најдобро оригинално сценариоТом Макартни и Џош Сингер за “Спотлајт”. Оскар за најдобар анимиран филм доби филмот „Инсајд аут“, а признаени за најдобра песна доби “Writing’s On The Wall” од најновиот филм за Џејмс Бонд.

Најмалку 40 загинати во два напади на Ал Шабаб во Сомалија

Најмалку 40 лица загинаа вчера во два напади на исламистичката терористичка група Ал Шабаб во јужниот сомалиски град Бајдоа.
Бомбаш-самоубиец се кренал во воздух во ресторан, а вториот напаѓач активирал автомобил-бомба на крстосница до друг ресторан во Бајдоа, што се наоѓа на 220 километри западно од главниот град Могадишу.
Нападите биле извршени два дена по нападот на Ал Шабаб во луксузен хотел во Могадишу, во кој загинаа 22 лица, а ранети беа 40.
Екстремистичката сунитска групација Ал Шабаб се години се обидува да ја собори Владата, која е поддржана од Западот и да создаде верска држава во Сомалија.

Груевски: Граѓаните сакаат барањата да им бидат во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи знаат дека ќе се остварат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со неколку партиски функционери денеска остварија средба со граѓаните од Чучер Сандево, ги посетија селата Бразда, Чучер Сандево, Мирковци и Кучевиште. Во директен контакт со граѓаните Груевски се запозна со проблемите со кој се соочува самото населени.
Граѓаните побараа од Груевски нивните барања да бидат запишани во програмата на ВМРО-ДПМНЕ од причина што само тогаш се сигурни дека тие ќе бидат реализирани.
Во село Бразда како главен проблем граѓаните го истакнаа локалниот пат кој во моментов е направен од „коцка“ и побараа негова реконструкција.
Груевски во село Чучер Сандево изврши увид во градежните активности за изградба на детската градинка која ќе биде со капацитет за 15 дечиња.
На средбата со Груевски граѓаните го посочија и проблемот со изградба на локалниот пат кој што води до селото Чучер Сандево.
Груевски оствари средба и со жителите на село Мирковци, а на средбата во Кучевиште, еден граѓанин со хемофилија му се заблагодари на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа што преку Министерството за здравство се обезбедени лекови за ретки болести.
Жителите на село Бразда се пожалија и на проблеми при пласманот на кромидот „арпаџик“ по што е договорено заменик-министерот за земјоделство во следните денови да го посети местото за да види како може да се реши проблемот.