Груевски на работен состанок за оперативен план за вработување: Во моментов 28 активни мерки, во февруари 2 нови

Отворањето на нови работи места е една од примарните и главните заложби на Владата на Република Македонија, а мерките во таа насока даваат позитивни резултати. Во моментов се активни 28 мерки и оваа година се очекува преку активните мерки за вработување на Агенцијата за вработување да бидат опфатени околу 13,500 лица, од кои најмалку 8.700 ќе бидат вработени. Со активните мерки вработени се 34.000 работни места а доколку се додадат вработувањата со проектот „Македонија вработува“, станува збор за 46.000 вработување и тоа само преку активните политики на АВРМ. Додека пак за 9 години се вработени околу 150.000 лица.Со мерките за само-кредитирање од 2008 година се формирани 5.200 работни места а кај земјоделците бројката е 1.300 работни места.Покрај 28-те активни мерки во текот на месец февруари ќе се објават две нови активни мерки.Во делот на самовработување со грантови од 3.000-4.000 евра првиот оглас е веќе излезен и истиот трае до 5 февруари а вториот ќе биде објавен о мај годинава.За успешноста на мерките говорат статистиките кои покажуваат дека се отворени околу 150.000 нови работни места во период од 9 години, тоа значи дека 150.000 невработени лица се вработиле и дека на исто току семејства им се подобрил животниот стандард.

Над 45 милиони денари инвестирани во нова опрема на ТОАРИЛУ

Министерството за здравство на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедија, анестезија и реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар набави нова најсовремена медицинска опрема во вкупна вредност од над 45 милиони денари.Министерот за здравство Никола Тодоров за време на денешната посета на Клиниката нагласи дека претходно се реновирани операционите сали и еден дел за полуинтензивна нега.Станува збор за набавена вкупна опрема во вредност од над 45 милиони денари.Инаку, оваа година клиниката има значително зголемен буџет во однос на претходната година и тоа зголемен за 50 милиони денари. Со комплетирање на спиралниот центар и со новата опрема бројот на пациенти што се третираат е значително зголемен.Во клиниката веќе се практикуваат доста сложени операции, кои се вршат со помош од доктори од странство.

Почеток на градежните работи за продолжувањето на булеварот „АСНОМ“ кон Горно Лисиче

Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на општина аеродром Ивица Коневски во присуство на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски го означија официјалниот почеток на градежните работи за продолжување на булеварот „АСНОМ“ кон Горно Лисиче.Инвестицијата е во вредност од 30 милиони денари, а градежните зафати ќе ги изврши АД Бетон Скопје. Рокот на изведба е 150 дена и се очекува во јули да биде пуштена во употреба.На оваа локација изградена е фекална и атмосферска канализација, водоводна мрежа, асфалтирани и сервисни се улици на површина од околу 20.000 квадратни метри и поставени се тротоари на површина од над 5.000 квадратни метри како и нови паркинг-места.

Со нов проект ќе се развива туристичката понуда на Кокино

Со нов проект финансиран од УСАИД ќе се развива туристичката понуда на Кокино. Веб страна на локалитетот, видео спот, аудио водич во форма на мобилна апликација, поставување на патокази, информативни табли и заштитни прегради за ранливите делови на опсерваторијата и оградување на локалитетот ќе овозможат Кокино да стане полесно достапно и за македонските и за странските туристи. Министерката посочи дека локалитетот Кокино е приоритет на Владата на Р. Македонија и веќе се реализира четиригодишниот проект Кокино – Македоснки бренд кој ќе овозможи негова промоција. Според Мајкал Стиватер директор на канцеларијата за развој на УСАИД во Македонија Кокино како една од најстарите опсерватории од тој тип во светот има потенцијал да привлече туристи.

Уште една конструктивна средба меѓу Владата и ДИК

Продолжува соработката меѓу Владата и ДИК. Премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев денес оствари уште една средба со сите претставници на Државната изборна комисија.Тој средбата ја оцени како позитивна и конструктивна и посочи дека од претходната средба се решени сите барања на ДИК, а барањата од оваа средба ќе бидат решени на следната владина седница.Тој беше запрашан дали смета дека ДИК може да стигнат со роковите и одговори позитивно од она што го слушнал на средбата.Со ова продолжуваат силните заложби на Владата за поддршка на ДИК се со цел да бидат исполнети сите услови за изборите закажани за 24-ти април.