Избрани најдобрите училишни веб страници

Основното училиште „Кочо Рацин“ од Куманово и средното училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка се избрани за училишта со најдобри веб страници. На јавниот повик на Министерството за образование за избор на најдобра веб страница за учебната 2014/2015 година се пријавиле 17 училишта од кои 10 средни училишта и 7 основни училишта. Веб страниците се изработени од самите ученици, предводени од наставниците.
Во категоријата за основни училишта во потесниот круг влегоа училиштата „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, „ Кочо Рацин“-Куманово и „Ванчо Прќе“ од Штип, а во категоријата средни училишта влегоа училиштата „Здравко Цветковски“-Скопје, „Наум Наумовски Борче“- Крушево и „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка.
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека проектот за избор „ Најдобра училишна бев страна“има за цел да ја поттикне креативноста и квалитетот во изработка на училишните веб страни, но и натпреварувачкиот дух меѓу учениците.
Кака награда училиштата што изработија најдобри веб страници ќе добијат интерактивна табла , додека другите училишта кои влегоа во потесниот круг ќе добијат пофалници од Министерството за образование и наука, за изразената креативност.

Поликлиниката „Јане Сандански“ доби нов компјутерски томограф

Поликлиниката „Јане Сандански“ во Општина Аеродром доби нов томограф. Владата во новиот томограф инвестираше околу 19 милиони денари. Станува збор за нов најсовремен апарат кој прави по 16 пресеци во една секунда.Апаратот ќе биде многу корисен за пациентите зашто утврдува голем број дијагностики и со него значително ќе се растерети работата во другите болници и клиники.

Промовирани нови 14 наслови од проектот за превод на илјада стручни книги

Нови 14 наслови од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните унверзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“ беа промовирани денес.Книгите разработуваат теми од природноматематичката област, правото и економијата, а заменик министерот за обрзование истакна дека со ваква литература, студентите и наставно научниот потенцијал во земјава ги добиваат најсовремените научни сознанија. -Освен примената во наставниот процес на високо образовните институции, оваа литература е корисна и за сите кои сакаат и имаат потреба да го збогатат своето знаење во одредена сфера од нивен интерес. Освен што ќе бидат достапни во универзитетските библиотеки, градските библиотеки и во читалната „1000 книги“, насловите ќе може да се набават и во продавниците на издавачките куќи, истакна Ристовски.Книжевниот фонд ќе се надополнува, а на листата се додадени 50 нови наслови предвидени за оваа година на барање и во соработка со универзитетите.Придобивките од овој проект имаат за цел да им помогнат на нашите млади да бидат поконкурентни на пазарот на трудот, да имаат силни способности кои ќе се почитуваат во светски рамки и севкупно да го зголемат прагот на знаење во нашата земја.За новообјавените дела премиерот дека се меѓународно познати во светската наука и издвои три наслови: Развој на економијата од Дебрај Реј, Обновливи извори на енергија и Принципи на дизајн на компјутерски системи – книга за која рече дека е важна за развојот на ИТ-секторот кон што се залага Владата што резултира со странски инвестиции од областа на компјутерското инженерство и ИТ-услуги кои, како што рече, веќе отворија или се заинтересирани да отворат свои претставништва во Македонија.

Проектот „Странски експерти за домашни компании“ продолжува да дава одлични резултати

Проектот„Странски експерти за домашни компании“ има за цел подобрување на бизнис климата како и зајакнување на конкурентноста на домашните компании, не само на домашниот пазар, туку и во светски рамки.На вториот јавен повик на Владата аплицирале 64 домашни компании, со вкупно 70 апликации а до сега се реализирани 12 мисии.Една од македонските компании кои го искористија овој проект е компанијата ДУНА компјутери.20 дена рамо до рамо со вработените во ДУНА компјутери работеше и своето долгогодишно искуство го пренесуваше ај ти специјалистот Маријане Пајер, од Свисконтакт Поради позитивните резултати од досегашната реализација на проектот Владата на Република Македонија и во иднина ќе објавува повик во рамки на овој проект.Трошоците за ангажирање на експертите во најголем број случаи Владата ќе ги покрие целосно, а во одредени случаи само дел од трошоците ќе ги покријат самите компании.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ делеше флаери и ги информираше студентите за проектот „Слободен четврток“

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ со цел промовирање на проектот „Слободен четврток“ денеска делеше флаери со репертоарите на театрите и кината кои студентите ќе можат бесплатно да ги посетат.Со овој проект на Владата, сите студенти до 27 години ќе можат бесплатно, секој четврток да посетуваат опера, балет, концерти, театарски претстави, изложби и слично, а бесплатна ќе им биде и посетата на Милениумскиот крст на Водно, имаат бесплатен превоз во градските автобуси и железничкиот сообраќај.Од Унијата на млади сили посочија дека и во иднина ќе продолжат да ги поддржуваат ваквите проекти и мерки кои што го олеснуваат животот на младите во Македонија.

Економски форум во Пекинг: Кинеските компании позитивно изненадени од македонските бизнис потенцијали

Владина делегација предводена од премиерот Груевски ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија на бизнис форум во Пекинг, кој се одржа во соработка со Фондацијата за инвестиции на НР Кина, а на кој присуствуваа голем број на кинески компании од областа на градежништвото, технологијата, металската и прехранбената индустрија, и енергетскиот сектор.Груевски посочи дека една од важните работи за Македонија е што државата е ориентирана кон креирање на добра бизнис клима што пак е потврдено од значајни меѓународни финансиски институции.Премиерот посочи дека една од карактеристиките на македонската економија е тоа што има најниски трошоци за правење на бизнис во Европа. Вицепремиерот Пешевски се осврна на деталите и можностите кои ги нудат технолошко индустриските зони за потенцијалните инвеститори и на важноста за продлабочување на трговските односи со Кина.Присутните претставници на кинеските компании дадоа позитивна оценка за презентираните можности за водење бизнис кои ги има нашата земја.Ванг Јанг од компанијата „Кина камкеи инжињеринг“ кој е заинтересиран за развивање на соработка во повеќе области, изрази задоволство од односот на македонската Влада кон бизнис заедницата и добрата бизнис клима.Генералниот менаџер за Европа на „Нучтеч компани“, компанија која веќе инвестирала во Полска позитивно ги оцени можностите за инвестирање и напорите кои ги прави Владата за привлекување на инвестиции. Премиерот Груевски во рамки на посетата на Пекинг оствари средби со премиерот и претседателот на Кина.

Груевски оствари средби со кинескиот премиер и претседател

Премиерот Никола Груевски денеска во Пекинг оствари средба со премиерот на Народна Република Кина, Кечијанг Ли. Соговорниците ги истакнале економските односи кои што бележат нагорен тренд и позитивен развој. Груевски посочил дека Македонија ја поддржува иницијативата на Кина за соработка со земјите од Централна и Источна Европа во рамките на процесот 16 плус 1, што ќе придонесе за продлабочување на односите и економски развој на земјите. Тој изразил задоволство од успешниот тек на изградбата на автопатските делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, кои се реализираат во соработка со кинеската Влада и Ексим банката. Премиерот истакнал дека кинеските компании се добредојдени за инвестиции во Македонија, при што ги образложил поволните услови за водење бизнис. Кинескиот премиер истакнал дека Кина е заинтересирана и ја поддржува соработката со Македонија. Според договореното во следниот период претставници на двете страни ќе работат на финализирање на повеќе проекти од заедничко значење. Груевски присуствуваше и на приемот кој е организиран по повод кинеската иницијатива за соработка на земјите од Централна и Источна Европа со Кина при што се сретна со претседателот на Кина, Џипинг Си. Кинескиот претседател истакна дека Кина во регионот на Централна и Источна Европа во кој припаѓа и Република Македонија гледа огромен потенцијал за зголемена соработка и за економски развој.

Достапни бесплатни проекти за изградба на куќи

Бесплатни проекти за изградба на куќи од денеска сите заинтересирани граѓани ќе можат да подигнат од Министерството за транспорт и врски или од веб страницата на министерството. Со оваа владина мерка ќе се овозможи заштеда од 900 до 2.000 евра за сите оние кои се заинтересирани за градба при што нема да има ограничување на локацијата за градење. На располагање ќе бидат идејни решенија со изработен проект за шест типа објекти со различна површина. Покрај намалување на трошоците за градење, посочи министерот, со оваа мерка ќе се намалат роковите за вадење одобрение за градење од причина што проектот е веќе познат на општината што го издава одобрението за градење. Според Мисајловски, со мерката за субвенционирање на проектите не сакаат да направат конкуренција на проектантските куќи, туку да им помогнеме граѓаните кои сакаат да заштедат во тек на градбата. Ова субвенционирање се однесува и за проектот „Купи куќа купи стан“. Од Министерството за транспорт планираат да се направат слични проекти затоа што имало голем интерес уште од најавата за субвенционирањето од страна на премиерот.

Груевски оствари билатерални политички и средби со компании на Самитот во Кина

Премиерот Груевски, денеска на маргините на Самитот на земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина, што се одржува во кинескиот град Суџоу, оствари поголем број на билатерални средби и разговори со политичките претставници на другите присутни држави, како и средби со претставници на компании кои имаат потенцијал за инвестиции во нашата земја.Груевски оствари средба со естонскиот колега Тави Роивас на која двајцата премиери ги поздравија меѓусебните пријателски односи кои се карактеризираат со стабилност, меѓусебно почитување и взаемна поддршка. Премиерот по средбата изјави дека Естонија е земја пријател која ги поддржува стратешките интереси поврзани со европските и евроатлантските интеграции на нашата земја, и земја која е подготвена да дава поддршка,На средбата беше разговарано и за проблемот со мигрантската криза, тековните предизвици со кои што се соочуваат нашата земја и државите од Европа во врска со ова прашање, и можните решенија за надминување на предизвиците.Самитот на државите од Централна и Источна Европа и НР Кина преставува значајна можност за остварување на контакти и средби со шефовите на влади и делегациите на 16-те европски држави присутни на Самитот.Груевски оствари и средби, разговори и неформални контакти со повеќето шефови на влади присутни на Самитот, меѓу кои со премиерите на Словенија, Чешка, Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, како и претседателот на Полска.Македонскиот премиер на маргините на Самитот оствари и повеќе одделни средби со компании на кои им беа претставени можностите за инвестирање и конкретни проекти кои би можеле да бидат интересни и привлечни за кинеските инвеститори.Груевски се обрати и на 5-тиот Трговско економски форум на кој учествуваа 1.000 компании, дел од нив и македонски.

Кинеските компании заинтересирани за инвестирање

Кинеските компании се заинтерсирани за зголемување на инвестиците во Централна и Источна Европа, а со тоа ќе се отворат нови можности за македонските фирми, оценуваат стопанствениците од Македонија кои учествуваат на 5. Трговско економски форум, кој се одржува во кинескиот град Суџоу. Македонските компании, организирани од ССК, се дел од 1.000 присутни фирми од Европа и од Кина на Форумот. Претседателката на ССК вели дека воспоставени се добри контакти на форумот од кои следната година треба да произлезе конкретна соработка.Таа смета дека форумот е е добра можност за размена на знаења и пренесување позитивно искуство поврзано со практицирање бизнис како и можност за отворање нови перспективи и инвестициски потенцијали за македонските компании.Трговско-економскиот форум се одржува паралено со отворањето на Самитот на шефови на влади на државите од Централна и Источна Европа во Суџоу, меѓу кои е и премиерот Никола Груевски. Според него, насоките од активностите во Суџоу трасираат нови интересни можности со широк спектар на соработка и истовремено ja продлабочуваат веќе воспоставената соработка.Кинескиот премиер во обраќањето ја истакна подготвеноста за инвестирање на кинеските компании, но и ги повика компаниите од Европа да влезат и инвестираат на кинескиот пазар како место со неограничени можности.Тој воедно изрази надеж дека бизнис лидерите од Централна и Источна Европа ќе постигнат договори со нивните кинески партнери и облици на соработка од сите видови.

Нова домашна инвестиција од 6,5 милиони евра во Илинден отвора 200 работни места

„ГРАНД-ЕКСПОРТ“ од Скопје инвестираше 6,5 милиони евра во најсовремено опремена фабрика за производство на кроасани, која ќе отвори 90 нови работни места и 110 работни места во дистрибутивната мрежа.По една година изградба денеска официјално беше отворена новата фабрика а почеток го означија сопствениците на компанијата, Стојмен Јордановски и Горан Јордановски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски.Новата инвестиција ќе отвори вкупно 200 нови работни места и според вицепремиерот ваквите семејни бизниси се креатори на најголем број нови работни места.Сопственикот и основачот на Гранд Експорт, Стојмен Јордановски истакна дека почетоците на оваа успешна семејна приказна почнуваат пред 25 години и изрази задоволство што нивната визија станала реалност. Фабриката се простира на површина од 6.000 метри квадратни, вградена е современа технологија, а производството ќе биде наменето за македонскиот пазар, соседните земји и Европската Унија.

Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2015

Целта на манифестацијата „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2015“ е да се издвојат најпрестижните и најдобрите ресторани и гостилници во градот Скопје.На терен излегоа тајни оценувачи кои ги испитуваа стандардите- прв контакт, хигиена, тоалет, амбиент, услуга од келнерите, општа услуга, квалитет на храната и завршен контакт.Најдобрите ресторани и гостилници беа прогласени денес. Најдобар ресторан е мексиканскиот Амигос, Буши и Венето го делат второто место, а трет најдобар ресторан е Маргер.Канцона е најдобрата гостилница во Скопје, а по неа следуваат ИВ Бисера и Ројал Рустикана.Резултатите од истражувањето беа јавно презентирани пред угостителите во форма на заклучоци и препораки за подобрување на услугата во иднина.Проектот за избор на Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развојот на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2015 година.