Решен статусот на преостанатиот дел од поранешните професионални војници

До Февруари идната година ќе биде решен статусот на околу 140 професионални војници кои по завршувањето на работниот ангажман во АРМ не беа вработени.Со тоа се заокружува процесот на реашавање на статусот на сите професионални војници.  Решението во форма на Предлог закон за измена на Законот за служба во Армијата на Република Македонија го поднеле пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Со него се предлага да се овозможи вработување на сите професионални војници на кои им престанал работниот однос по основ на навршување на максимална старосна граница. Одредбите од Законот се многу прецизни, вели Димитриев и истите го регулираат начинот на нивното вработување со конкретни рокови. За овој предлог- закон, очекуваат поддршка и од опозицијата. Професионалниот војник  Марјанчо Гурбански, претседател на координативното тело на отпуштени професионалн војници, истакна дека со ова добиваат решавање на нивниот статус и посветла иднина.

Експресна реакција на институциите

Брза реакција на институциите по објавеното отворено писмо од семејството Доневски до премиерот Никола Груевски, во кое мајката на Мартин Доневски имаше повеќе забелешки околу исполнување на одредени социјални бенефиции и права. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, уште истиот ден ја прими мајката во министерството при што се разговарало за нејзините забелешки наведени во писмото, како и за нејзини сугестии и проекти кои се реализираат, а се во насока на поддршка на луѓето со пречки во развојот. Семејството Доневски се стекнало со правото за помош и нега на трето лице, а во процедура е и стекнување на право на мобилност. Исто така на состанокот се разговарало и по однос на забелешките која мајката на Доневски ги имала околу системот за остварување на овие права и во делот на трансферот на посебен додаток кој го остваруваат родителите на деца со пречки во развојот до 26 години, процес кој не е променет во изминативе дваесетина години во смисла на предизвиците кои се соочуваат родителите при трансфер на ваквото право и процедурите кои се потребни и трансферот на ваквото право во право за помош и нега на трето лице кога овие деца ќе наполнат 26 години, како и остварување на правото за скратено работно време односно надоместок за скратено работно време на родителите на деца со пречки во развојот. Исто така на состанокот било договорено и средба на родители кои имаат слични предизвици со цел да се слушнат нивните потреби, сугестии и предлози и да ги земеме во предвид при реализација на програмата на работа на министерството и Владата на РМ.

Четириесет нови стипендии доделува Фондацијата „Трајче Мукаетов“

Фондацијата Трајче Мукаетов и годинава ја продолжува традицијата и додели 40 нови стипендии, по 20 за студенти на медицински и фармацевтски факултет. Овие 40 стипендисти ќе добиваат по 6500 денари цела година.Најдобрите студенти првенци на генерацијата добиваат и еднократна парична награда.Оваа година еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност ќе добијат Надица Сибиновска од Фармацевтскиот факултет со просек 9,90 и Харис Бабачиќ од Медицинскиот факултет со просек 10,00. Овогодишните првенци на генерација се и досегашни стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, што е уште еден доказ дека комисиите кои работеле при изборот на стипендистите го донеле вистинскиот избор.

Ставрески: Сега е најдобро време да се стекне сопствен дом

Сега е најдобро време да се стекне сопствен дом, порача вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на отворањето на вториот во Скопје Сити Мол, а вкупно четврт саем на проектот „Купи куќа, купи стан“. Овие саеми, според Ставрески, се одлична можност секој добро да се информира, да ја донесе одлуката која е една од најзначајните во животот и да дојде до сопствен дом. На саемот се присутни и претставниците од Министерството за финансии кои се должни да ги информираат граѓаните како да ја искористат поддршката која се движи и до 14 илјади евра во зависност од големината на кредитот. Нагласи дека по минатогодишниот саем во Скопје Сити Мол трикратно се зголеми интересот на граѓаните за проектот „Купи куќа, купи стан“ и додаде дека очекува и годинава саемот да биде успешен. Од компанијата „Хот и Хот“ велат дека минатогодишниот саем во имал извонредна посетеност и бил успешен. Хот посочи дека по минатогодишниот саем имало значително зголемување на интересот за проектот. Очекува слично да биде и годинава.

Обуки за наставници: Да се помогне на младите да станат креативни и подготвени за претприемништво

Започна втората обука за претприемачко образование наменета за наставници од основните и средните училишта.Во периодот што следи ќе се остварат повеќе обуки, поврзани со презентација, промоција и подготовка на наставниците во основните и средните училишта поврзани со комплетно реновираните наставни програми поврзани со предметот иновации, бизнис и претприемништво. Министерството и оваа година ќе продолжи со реализација на процесот наречен „Вешти и компетентни“ со кој што започнавме во текот на минатата учебна година.Професорот Еди Пеналуна од Универзитетот „St David“од Велс подвлече дека за наставниците е голем предизвик да се предава во областа на претприемачко образование, и додаде дека во рамките на неговиот ангажман во Европската Комисија, тој и неговиот тим развиваат нова рамка за иновации и конкурентност.Во рамките ООН, заклучува Пеналуна, се зборува за еден еко систем на претприемништво и Македонија, подвлече тој е, глобален лидер во развивање на овие размислувања.

Отворен Центар за дизајн и иновации „Јавна соба“

Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ од синоќа и официјално им стои на располагање на припадниците на македонската дизајнерска сцена. Станува збор за нов урбан иновативен и мултимедијален простор кој се протега на површина од 1.450 метри квадратни како место на кое во иднина ќе се генерираат мноштво креативни идеи и ќе се развиваат дизајнерски продукти во областа на креативните индустрии во Македонија.Следната година предвидени се повеќе куси резиденции на холандски дизјанери, како и дизајнери од Македонија и регионот кои ќе работат на проекти иницирани од страна на компании. Во план е и формирање на дизајн – инкубатор. Во просторот на Центарот „Јавна соба“ од оваа година се сели „Skopje Design Week“, која ќе се одржи од 26 до 29 ноември.