​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Телата на настраданите во трагедијата се извлекуваат од автобусот

Без коментар 23 ноември 2021 14:56

Телата на 46 жртви кои изгореа во тешката сообраќајка во Бугарија се извлекуваат од автобусот на „Беса транс“. Екипа на телевизија Телма е на терен и објави видео од местото на несреќата каде тимови од судска медицина ги вадат делата врз кои потоа ќе се врши идентификација. Несреќата се случила на автопатот „Струма” на 37 …

Телата на 46 жртви кои изгореа во тешката сообраќајка во Бугарија се извлекуваат од автобусот на „Беса транс“. Екипа на телевизија Телма е на терен и објави видео од местото на несреќата каде тимови од судска медицина ги вадат делата врз кои потоа ќе се врши идентификација.

Несреќата се случила на автопатот „Струма” на 37 километри оддалеченост од Софија.

Списокот на патници од автобусот е испратен за Скопје и е започнат процесот на идентификација на жртвите во автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма” во Бугарија, изјави директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, на заедничката прес-конференција со јавниот обвинител на Македонија, Љубомир Јовески.

„Одржавме заеднички работен состанок за разјаснување на сите линии на меѓународната правна соработка – добивање на сите потребни документи од македонска страна и добивање биолошки материјал за идентификација на жртвите”, рече Сарафов.

Според него, сите потребни документи обвинителството ќе ги испрати до институциите во Скопје.

Јавниот обвинител Јовески, изрази сочувство до роднините на загинатите и се заблагодари на колегите од бугарското обвинителство за заедничката работа.

„Се работи за голема таргедија. Загинаа 12 деца. Заедно со колегите од Бугарија се договоривме за натамошната работа, разјаснување на поединостите во трагедијата”, рече Јовески.

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гоење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОК) Вилма Рускоска, објасни дека компанијата „Беса транс” функционира 20 години и досега немала сообраќајни незгоди, но дека мора да се провери соодветната документација за техничката состојба на автобусите. Според првичните информации, автобусот бил нов, и во функција е само три години.

Во моментов, според обвинителите, нема да се води дополнителна предистражна постапка кај нас и таа само ќе биде на територијата на Бугарија.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Прес во Бугарското обвинителство по повод автобуската несреќа

25.11.2021

РОДНИНИ ОД МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНАА ПРЕД БОЛНИЦАТА: Се уште никој не ми кажал дали моите блиски се во болница или починале во автобусот

23.11.2021

Луѓе со дополнителни делови на телото

26.04.2018

Билансот на загинатите во земјотресот во Тајван достигна 36 лица

08.02.2016

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.