Стоилковски: Билансната картица на ЈСП го потврдува долгот од 1.5 милиони евра кон приватните превозници

Почитувани ова е билансната картица на ЈСП од 01.01.2022 до 30.11.2022 година. Тука се гледа вистинскиот долг на ЈСП кон приватните превозници. Според картичката, на ТД Слобода превоз, ЈСП должи 61.812.593 денари. На Макекспрес превоз ЈСП до 30 ноември должи 29.912.861 денари. Тоа се 1.005.083 евра за Слобода превоз, како и 486.388 евра за Макекспрес превоз. Вкупно долгот на ЈСП кон приватните превозници изнесува 99.725.454 денари или 1.491.471 евра.
Почитувани, од 12 мај со ЈСП управува директор од редовите на СДС, поставен од Данела Арсовска.
Коалицијата Тачела, СДС и Арсовска потврдено и со тајните средби на Ковачевски со Данела Арсовска, уста не отвора за овој долг, а молчат затоа што ова е резултатот на тајните средби.
Почитувани, резултат на тајните средби е тоа што луѓето немаат леб на маса, а има за луксузи од провизии.
Наместо да се санира долгот, СДС и Арсовска веројатно намерно не го покриваат долгот, за да може да се реализира планот за превозот во Скопје да го преземе договорена бугарска фирма, којашто можеби по банкротот на ЈСП би можела и сиот превоз во градот да се предаде на истата фирма.
Затоа нема одговори на прашањето дали има договор за бугарска фирма која што доаѓа од близу Софија и дали автобусите се пристигнати во близина на Скопје?
Во овие прашања лежат и одговорите. Зошто нема ниту барање од СДС за оставка на Арсовска за долгот од милион ипол евра кон приватниците, ниту за штетната набавка на нафта за ЈСП за цели 118 денари за еден литар гориво.
Почитувани затоа нема и разбирање и Ковачевски и владата одбиваат решение за проблемот, а тоа е преземање на ингеренциите, обештетување на долгот на ЈСП кон превозниците, ревидирање на договорот за гориво со фирма на пратеник од СДС, но и ревизија за евентуалната улога на Драги Митевски Книга во делувањето на ЈСП?
Скопје не може да издржи уште еден неспособен и криминоген градоначалник.