

Во име на советот на општина Гевгелија, во името на сите граѓани на општина Гевгелија и од мое лично име сакам на припадниците на територијалната противпожарна единица во Гевгелија да им го честитам 20ти мај денот на пожарникарите. Денес сме во просториите на противпожарната единица во Гевгелија и најпрво сакам да им се заблагодарам на …
Во име на советот на општина Гевгелија, во името на сите граѓани на општина Гевгелија и од мое лично име сакам на припадниците на територијалната противпожарна единица во Гевгелија да им го честитам 20ти мај денот на пожарникарите.
Денес сме во просториите на противпожарната единица во Гевгелија и најпрво сакам да им се заблагодарам на нашите пожарникари кој во изминатата година се залагаа и професионално си ги извршуваа своите задачи особено ако се знае фактот дека имавме голем број пожари на територијата на општина Гевгелија и имавме еден голем пожар во близина на граничниот премин Богородица кога тие одлично се справија со опасната ситуација.
Се надевам дека оваа година поточно ова лето нема да имаат полни раце работа.
Денес заедно со директорката на југоисточен плански регион Џулиета Ѓуркова извршивме примопредавање на опрема за противпожарната единица во Гевгелија во износ од 1.350.000 денари, истата е обезбедена како резултат на меѓу граничната соработка со република Бугарија од страна на југоисточен плански регион.