​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Нелоски: Игнорантскиот однос на Шилегов и Градот Скопје кон фудбалскиот клуб „Вардар“ донесоа клубот да навлезе во финансиска криза и испадне од Првата лига

Македонија 23 мај 2021 14:34

Точно една година на едно телевизиско соочување му порачав на Петре да се обединиме, и леви и десни, и власт и опозиција, околу прашањето за фудбалскиот клуб „Вардар“. За жал, тој тогаш таа понуда ја одби, и во овој момент фудбалскиот клуб „Вардар“ е во втората македонска лига. Што се случуваше од мај 2020-та до …

Точно една година на едно телевизиско соочување му порачав на Петре да се обединиме, и леви и десни, и власт и опозиција, околу прашањето за фудбалскиот клуб „Вардар“.

За жал, тој тогаш таа понуда ја одби, и во овој момент фудбалскиот клуб „Вардар“ е во втората македонска лига.

Што се случуваше од мај 2020-та до денеска? Најпрвин, „Вардар“ навлезе во финансиска криза, не му беше дадена лиценца за настап на европските натпреварувања. Потоа се случи егзодусот на сите фудбалери кои што беа поискусни од клубот, во клубот останаа оние кои што се најверни и се разбира најмладите. Потоа започна првенството, и за жал, „Вардар“ со слабите резултати не успеа да се избори да остане во првата лига.

Испаѓањето од еден во друг ранг не е ништо страшно во спортот, тоа е нешто нормално. Она кое што е страшно е игнорантскиот однос на сите институции, Петре Шилегов и Градот Скопје кон фудбалскиот клуб „Вардар“ кој што претставува симбол не само на градот Скопје, туку и на Република Македонија.

Петре Шилегов можеше во изминатава година да најде начин наместо да се занимава со некои т.н. бугарски инвеститори, катарски спонзори итн. да најде вистинско решение за фудбалскиот клуб „Вардар“ бидејќи тоа беше тука. Но, за жал немаше желба.

Она кое што треба Петре Шилегов да го направи во наредниот период е да побара од сопственикот на клубот, најпрвин да се обврзе да ги подмири сите долгови кои што се настанати до овој датум заклучно со 31.12.2021 година. Потоа да побара од сопственикот да ги даде на располагање и на користење овој комплекс позади мене и комплексот за првата екипа во Гази Баба на фудбалскиот клуб „Вардар“. И подоцна Град Скопје да си го преземе тековното финансирање на нашиот ценет и сакан „Вардар“.

Се надевам дека конечно ќе го тргне егото и својата суета на страна Петре и ќе најде решение како да седне на маса со сопствениците. Доколку не го направи тоа, скопјани единствено кое што ќе имаат можност е во октомври најпрвин да го казнат Петре Шилегов, а подоцна да очекуваат подобри времиња за симболот на градот Скопје. Времиња каде што повторно ќе се радуваме на шампионските титули на „Вардар“, повторно на Градски стадион позади мене ќе доаѓаме во голем број да го бодриме „Вардар“ на фудбалските натпреварувања итн.

И драги пријатели, не заборавајте, „Еден живот, една љубов“.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Интервју со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ (2)

03.12.2019

Интервју со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

02.12.2019

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.