Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Од денес, етичкиот кодекс не постои.денес СДСМ го оправда однесувањето на Џафери и односот кон администрацијата кој што го слушна целата македонска јавност.

Ова што денес го доживеа администрацијата и на денот кога се случи, тоа што се направи со заклучувањето на пратениците е нешто што се случува во секоја институција во целата држава, секој ден.


Омаловажувањата, понижувањата, мобингот, непочитувањето е нешто што на дневна основа го доживуваат сите граѓани на државата, без разлика на верска, етничка или било која припадност.


Вака функционира двоецот, СДСМ и ДУИ. Вака функционира во целата држава. Вака е со се во државата. Секогаш кога треба да понесат одговорност бегаат од истата.
Одговорност ќе има. Ќе одговараат пред граѓаните на Република Македонија.


На 18 јуни е општонародниот протест и е почеток на крајот на оваа аздисана власт и на ова безредие во кое што живееме, а на коешто за жал бевте сведоци и вие денес.