

Раш Пит Булот беше преплашено мало животно кога го донесоа во Центарот за посвојување на миленичиња SICSA во Охајо. Целиот живот беше бездомник, но беше толку кроток и полн со љубов што волонтерите во центарот се надеваа дека наскоро ќе му најдат топол дом и семејство. Но, секој потенцијален посвојувач што го посетил Раш се …
Раш Пит Булот беше преплашено мало животно кога го донесоа во Центарот за посвојување на миленичиња SICSA во Охајо. Целиот живот беше бездомник, но беше толку кроток и полн со љубов што волонтерите во центарот се надеваа дека наскоро ќе му најдат топол дом и семејство.
Но, секој потенцијален посвојувач што го посетил Раш се повлекувал откако ке видеа дека е Пит Бул, раса која неправедно е опишана како „агресивна и жестока“. Кога Раш видел дека секое куче во засолништето си наоѓа дом едно по едно, продолжил да се прашува зошто никој не го избира.
Еден ден, волонтерите биле сведоци како Раш упорно си го мести својот кревет пред да почне посетата. Тие го снимија Раш како ја користи својата устата за да го држи ќебето и внимателно да го витка околу сите агли. Кутрото куче само сакало да изгледа како добро момче пред секојдневните посети на посвоителите во Центарот за посвојување!
Додека Раш го прави својот секојдневен ритуал со поставувањето на неговиот кревет, засолништето знае дека треба да му помогне за неговите очајни молби да стигнат до повеќе луѓе. Тие го споделија ова видео на Фејсбук, каде искреноста на Раш го привлече вниманието на многу љубители на животни. Да ја споделиме и ние приказната на Раш и да му помогнеме да најде си најде постојан дом!
Најновата информација е дека благодарение на нешето видео Раш си најде ново семејство. Тажното лице на Раш исчезна за момент кога се влезе во новиот дом за да го прифати новиот живот како сакано момче!