Коцевски: Дали Македонски телеком во 2021 година му продава црн мерцедес со таблички СК 0202 АП на Назим Буши?

Како што претпоставивме МВР на Спасовски продолжува со молкот за дивеењето во Скопје со приватно возило со флешери, кое според нашите сознанија било управувано од Ќерим Буши, син на заменик министерот во МВР, Назим Буши.

Како што веќе рековме ќе продолжиме да објавуваме детали. Уште еднаш прашуваме дали регистарските ознаки СК 0202 АП кои биле официјални таблички на мерцедесот со флешери сега постојат? И ако не, зошто не?

Воедно го прашуваме Македонски телеком дали им се познати регистарските таблички СК 0202 АП, и дали тие биле таблиците на црниот мерцедес 350 компакт кој тие го купиле во 2017-та година, како службено за Назим Буши?

Македонски телеком треба да одговори дотолку повеќе што во бордот на директори седат луѓе назначени од владата како Зоран Китанов, Нина Ангеловска и Дардишта.

Дали Македонски телеком во 2021 година му продава црн мерцедес со таблички СК 0202 АП на Назим Буши?

Ова се лесно проверливи работи и очекуваме одговор.

Мерцедесот на синот на Буши е купен од телеком, а потоа даден на Буши.

Одиме понатаму.

Дали Назим Буши истото возило го дава на битолската фирма во сопственост на негови роднини, во чија сопственост било возилото на денот на инцидентот?

Кого штити овде Спасовски? Одговорот на овие прашања им е познат на МВР. Зошто досега не е постапено? И дали целиот случај треба да заврши со казна за заменикот началник на СВР Скопје кој интервенирал за возилото да биде пуштено?

Дали Оливер Спасовски молчи и не смее да одговори на овие прашања, затоа што се плаши да не ја наруши коалицијата СДС – ДУИ?

Се држи ли МВР заложник за функционирањето на криминалната влада?

Наместо заташкување на случајот со казна на полициски службеници, веднаш оставки од Назим Буши и Оливер Спасовски.