​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Ковачки: СДСМ да каже дали знаеле и дали учествувале во средбите на Џафери со лица кои се ризик за безбедноста

Изјави 21 мај 2022 18:58

Талат Џафери со своето поведение е опасност за националната безбедност. Постојат сомнежи дека се среќавал со луѓе кои се потенцијален ризик за нашите стратешки партнери. Талат Џафери, но и власта на СДСМ и ДУИ се должни  на македонската јавност да и објаснат: 1. Зошто криеше дека при средбата со делегација имало безбедносно-интересни лица и кога …

Талат Џафери со своето поведение е опасност за националната безбедност. Постојат сомнежи дека се среќавал со луѓе кои се потенцијален ризик за нашите стратешки партнери.

Талат Џафери, но и власта на СДСМ и ДУИ се должни  на македонската јавност да и објаснат:

1. Зошто криеше дека при средбата со делегација имало безбедносно-интересни лица и кога планираше да ја запознае јавноста за овој факт?

2. Што договарал со делегацијата во која бил и поранешниот пратеник на Думата Абдул-Вајед Нијазов, во случајов претставник на Чеченската делегација?

3. Дали пред средбата со безбедносно-интересни лица е направена проценка од страна на надлежните безбедносни служби и доколку е направена, зошто е дозволена таква средба?

4. Дали Талат Џафери после средбата ги известил надлежните безбедносни служби за текот и содржината на разговорите?

5. Од кого потекнала, односно кој ја дал идејата за изградба на споменик во Тетово на Ахмат Кадиров, односно на таткото на Рамзан Кадиров – лидерот на Чеченците кој се бори во Украина?

Патем и СДСМ треба да престанат да молчат и да се произнесат за овој скандал со средбата на Џафери.

СДСМ треба да одговорат дали имало и нивни претставници во делегацијата предводена од Талат Џафери која ги примила овие лица во Собранието?

Дали Ковачевски како член на владата во тој период знаел за ваквите посети и дали и тој се среќавал со нив?

Јавноста треба да го знае мислењето на Ковачевски за ова поведение на Џафери и неговите средби.

Талат Џафери во многу наврати се докажа како недостоен за извршување на функцијата Претседател на Собранието на Република Македонија и досега требаше да си поднесе оставка.

Џафери мора да каже, дали средбата е иницирана од него, или некој му ги наметнал луѓето, и во двата случаи треба да има одговорност за институциите кои истата ја допуштиле.  Власта должи одговори.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.