

Во рамките на кампањата „Промените се случуваат, секогаш со народот“ денес сме значи во Велес каде што повеќе од очигледно е дека интензивно се работи на реализација на проекти од страна на градоначалникот. Морам прво да напоменам дека еве пред оваа изјава малку прошетавме низ индустрискава зона и јас сум изненадена во каква лоша состојба е …
Во рамките на кампањата „Промените се случуваат, секогаш со народот“ денес сме значи во Велес каде што повеќе од очигледно е дека интензивно се работи на реализација на проекти од страна на градоначалникот.
Морам прво да напоменам дека еве пред оваа изјава малку прошетавме низ индустрискава зона и јас сум изненадена во каква лоша состојба е патнава инфраструктура и како што спомна градоначалникот значи апелирам до власта под итно да преземат мерки бидејќи тука не се работи за градоначалникот на Велес туку се работи за стопанствениците кои што тука функционираат.
Ако тие ни се клучни и битни заради тоа што од крајот на денот тие го полнат буџетот, под итно треба да се преземат мерки. И како што градоначалникот ме информира не е само оваа зона во толку лоша состојба туку и останатите.
Значи во однос на реализација на проектот градоначалникот ме информираше дека станува збор за изградба на точно две улици тука во рамки на оваа индустриска зона УЗУС кои што чини 7 милиони денари. И како што може значи и самите да забележите дека веќе се работи на комплетна реализација на овој проект.
Исто така во завршна фаза се и уште два други проекти, тоа е реконструкција на Младинскиот парк преку кој што ќе биде поврзувањето директно со амфитеатарот и за кои што се планира средства да се обезбедат повторно од Вардарски плански регион. И исто така значи планирана е и реконструкција на улицата „Лазо Осмаков“ која што ќе значи комплетна реконструкција односно промена на водоводна,канализациона мрежа, изработка на подземни контејнери за отпад, и комплетна промена на асфалтот.
Повеќе од очигледно е значи дека градоначалникот посветено работи на реализација на своите проекти и покрај тоа што има огромни опструкции од централната власт.