​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13 мај 2022 20:21

МВР и ЈО со денови молчат за оштетувањето на буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ во висина и до 30 милиони евра, во кои што главни актери се луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ. Молчат и не преземаат буквално ништо. Според нашите сознанија, за кои што постојат и докази …

МВР и ЈО со денови молчат за оштетувањето на буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ во висина и до 30 милиони евра, во кои што главни актери се луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ. Молчат и не преземаат буквално ништо.

Според нашите сознанија, за кои што постојат и докази преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ од УЈП фирми блиски до СДСМ и ДУИ шемата одела со две фирми во кои едната фирма се јавувала како фиктивен побарувач на ДДВ од УЈП, а другата фирма се јавувала како должник на ДДВ во УЈП. Фирмата која што е фиктивен побарувач и приоѓа на фирмата која што е вистински должник и со правење на договор за цесија со цел пребивање на долгот кој што реално го должи фирмата должник кон УЈП за определен надомест се оштетува буџетот и целата таа операција на оштетен буџет од тие фирми кои што се вмешани достигнува во висина и до 30 милиони евра.

За да успее овој организиран грабеж потребно е целосна кооперативност на врвот на УЈП кој што нормално е раководен од партиите на власт, како и на централната дирекција, така и на скопската дирекција.

И иако за овој криминал има докази и се е многу јасно, министерството за внатрешни работи, економскиот криминал, организиран криминал и ЈО молчат и ја кријат оваа злосторничка организација која била направена за испумпување на пари на граѓаните.

Овие 30 милиони евра се пари кои што се на штета на буџетот на македонските граѓани на македонската држава требало да завршат во буџетот, и со нив да бидат реализирани капитални инвестиции, но наместо тоа најголем дел од тие пари завршиле во џебови на луѓе кои што се во врвот на власта.

Оттука уште еднаш сакаме да ги повикаме МВР и ЈО да ја откријат оваа злосторничка шема која што има проневерено 30-тина милиони евра од буџетот на Република Македонија и буџетот на граѓаните, и доколку не ги обелоденуваат и продолжат да ги кријат, тоа ќе го стори ВМРО-ДПМНЕ, а по промена на власта одговорност за овој и за сите други криминални случаеви ќе има буквално за сите, и никој нема да биде спасен. Никој нема да биде заборавен кој што се огрешил пред законот, како за вистинските реализатори на овој криминал, директните сторители, така и за прикривачите и за оние кои што помагале.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.