Трипуновски: Со буџетот за 2023 не се решава проблемот со откупот, народот плаќа храна поскапа и за 50%, а родот на земјоделците скапува на нивите

6 години СДС во земјоделството, 6 години пропаст и разочарани земјоделци. Сега повеќе од било кога порано од државата си заминуваат земјоделците.

Државната земја наместо на вистинските земјоделци ја дадоа на блиски луѓе  кои истата не ја работат, а користат субвенции.

Овчеполието, Пелагонија и другите земјоделски региони се со празни ниви. Тие ниви се дадени во посед на луѓе блиски до власта и не се обработуваат.

6 години нема поголемо производство, и тоа што ќе се произведе нема каде да се продаде.

Во Македонија на нивите скапува храна. И внимавајте, скапува храна кога храната во светот поскапе и до 50%. Кај кого е вината? Кај земјоделците сигурно не е.

Во буџетот за 2023, како гломазен нема предвидено ниту средства, ниту има стратегија како ќе се реши проблемот со пласманот на земјоделските производи.

Доколку власта е неспособна да организира продажба надвор од државата, тогаш може да обезбеди откуп од нивите и барем во рамки на Република Македонија народот да плаќа поевтин зеленчук и овошје.

Сега како што е народот плаќа скапа храна. Произведеното од земјоделците скапува на нива, а на пазарите и маркетите има скапа увозна храна, овошје и зеленчук.

Почитувани,

Буџетот за земјоделие за 2023 година, со која власта денес се фали ќе заврши во џебот на луѓето околу Николовски, Ковачевски и Ахмети, но не и кај вистинските земјоделците.

Нема пари за исплата на заостанатите субвенции, нема пари за инвестиции во земјоделството, нема пари за инвестиции во водостопанството, ниту за исплата  на штетите од временските непогоди во изминативе неколку години.

Земјоделците од Стајковци, од Ресен, од Тиквешијата од цела Македонија и по 5 години чекаат субвенции и надомест на штети на своите посеви и насади.

Ќе чека и Екрем од Арачиново, ќе чека и Трајче од Струмица, затоа што Љупчо Николовски и Димитар Ковачевски заедно заедно со Али Ахмети имаат други приоритети, но не и решавање на реалните проблеми.

Трипуновски: Исчезнати се голем дел од документите од архивата на МЗШВ, дали хакерскиот напад е обид за прекривање на криминал и злоупотреби на Николовски и власта?

Официјалната страница за МЗШВ веќе десетина дена не е во функција, а министерството се правдаат дека се под хакерски напад без притоа да ја информираат јавноста за каков сајбер напад станува збор.

Но, проблемот не завршува тука. Имено од извори во министерството дознаваме дека исчезнати се голем дел од документите од архивата која што се вод во министерството.

Според нашите информации со кои располагаме, а за кој МЗШВ крие, документите кој недостасуваат во електронска форма се податоци од фарм регистарот и сите активни регистри кој што ги води МЗШВ за откупувачи за вино,за земјоделските задруги, за органско производство,преглед на сите важечки договори за закуп на земјоделско земјиште, а нема ниту листа на должници.  Исто така изгубена е целосно евидентацијата за сите постапки кои што се поврзани со закон за управна постапка и дополнително не може да се постапува и да се завршат тековните започнати управни постапки.

Недостасуваат и важечките договори за концесии риби и дивеч.

Поради овој хакерскиот напад земјоделците не можат да извадат потврди и уверенија кои по разни основи ги бараат од министерството како релевантен документ за во министерството за труд и социјална политика.

Во секторот за финансиски прашања недостасуваат документи за преглед на исплати како и доцнење при исплата на доспеани обврски, додека пак во секторот за човечки ресурси на министерството недостасуваат персоналните досиеја на вработените и целокупната документација за сите вработени во МЗШВ.

Почитувани,

Молкот од страна на првиот човек на министерството Љупчо Николовски отвора сериозен сомнеж дали се работи за хакерски напад или пак во прашање е прекривање на криминални дејствија и злоупотреби од страна на Владата на антимакедонската СДС.

Николовски мора да одговори пред јавноста дали од документацијата недостасуваат и голем број на спорни договори и постапки, кои можело да го инкриминираат врвот на министерството, како и кој го одржувал софтверот на министерството и колку народни пари се исплатени за одржување?

Токму затоа бараме отворање на целосна истрага и посериозен пристап од страна на МВР и органите на прогонот.

Николовски да не се крие позади партиските соопштенија и да излезе и да ја информира јавноста што до сега е преземено за целосно расчистување на случајот, во спротивно тој е највиновен и најодговорен, и секој кој свесно се огрешил пред законот мора да одговара.

Промените како во земјоделството, така и во секој сектор ќе се случат.

На граѓаните и државата им требаат сериозни луѓе со сериозен и професионален пристап кои ќе ги решаваат нивните проблеми, а не луѓе како од антимакедонската СДС кои што само создаваат проблеми.

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Брашното и лебот како основни намирници достигнаа рекордно високи цени како никогаш до сега. Килограм брашно и една векна леб се продаваат и по 60 денари.

Високата цена на брашното и лебот  пред се е предизвикана од неспособноста и криминогеноста на владата предводена од СДСМ. Од почетокот на кризата до денес владата не интервенираше ниту еднаш на пазарот со пуштање во оптек на дел од државните резерви. И второ 5 години по ред производството на пченица во Република Македонија паѓа. Па така ако во 2016 година се произвеле над 310.000 тони пченица што е доволно за задоволување на домашните потреби, сега се произведуваат помалку од  250.000 тони, тоа е за 60.000 тони помалку производство.

Погрешните политики на СДСМ ја направија Македонија увозно зависна на храна и поранлива на ценовни шокови.


Почитувани,


Доколку продолжи ова темпо на негрижа на власта, ни се заканува глад. Затоа предлагаме: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз.

Имено доколкu не се превземат итни мерки преку пуштање во оптек на пченица од државните резерви, цените ќе растат и лебот и брашното буквално ќе бидат луксуз за нашите сограѓани.

Со ослободување на 40.000 тони пченица до почетокот на жетвата ќе се спречи зголемување на цената на брашното и лебот, воедно и ќе влијае на намалување на истата цена.

Ваквиот потег беше преземан во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ како тогашна власт кога имаше ценовен шок во светот, но ние тогаш не дозволивме народот да го почувствува тоа . За разлика од тогаш, сега СДСМ е на власт и затоа лебот и брашното се плаќаат по цена и од 60 денари.

Почитувани,

СДСМ нема капацитет да се справи со кризата, и затоа подобро и за нив и за државата е да има предвремени парламентарни избори час поскоро, за да се формира нова влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и која ќе ја извлече државата од оваа тешка криза.

Трипуновски: Власта е неспособна да поправи пумпни станици кои оставија без водоснабдување 4500 хектари лозови и овошни насади во Тиквешијата

Денеска на барање на земјоделците од тиквешкиот регион остварив неколку средби на кои што разговаравме за актуелната состојба во земјоделието и поточно наводнувањето на раноградинарските, овоштарството и на лозарството во овој регион.

Ги посетивме пумпната станица „Марена“ на која што практично каналите се суви, таа покрива  над 1.000 хектари површини кои што треба да ги задоволи со вода за наводнување, меѓутоа заради неспособноста на власта од 6 пумпи кои се во пумпната станица, ниту една не е во функција, а веќе законскиот рок за почеток на полевање, односно 15 април е одамна поминат.

Тоа значи дека лозовите насади, овошните насади на коишто во моментов им е најпотребна вода за наводнување бидејќи го формираат почетокот на родот за оваа година, ќе останат без наводнување, односно значи дека оваа година ќе имаме сериозно намалување и по квалитет и по квантитет на приносот и на грозје и на градинарски, односно овоштарските култури.

Втората локација која ја посетивме од каде што ја даваме оваа изјава е сифонот „Макарија“ кој покрива околу 3.500 хектари површина од овој дел на тиквешкиот регион. Исто така како што гледате од снимките и овој канал е речиси сув, односно нема вода којашто треба да биде достапна до сите земјоделци коишто имаат потреба.

Исто така овој сифон дел од водата која треба да ги снабдува земјоделците се оние кои произведуваат раноградинарски производи, поточно лук кој е доста познат во овој дел на нашата република, но и тие се соочуваат со сериозен недостаток на вода што значи нивната реколта ќе биде сериозно оштетена.

Она што сакам да го упатам како критика до власта е дека оваа ситуација која што ја гледате од снимката позади мене е реалноста во Република Македонија и она што ВМРО-ДПМНЕ го укажува како критика е само потврда дека македонскиот аграр е клекнат на колена.

АД Водостопанство кое што е најповикано и целата влада за да обезбедат услови во вакви тешки ситуации на светско ниво да обезбедат вода за наводнување, гледаме дека единствено приоритет имаат ископите на песок и сепарациите, а не и примарната намена на АД Водостопанство, а тоа е снабдување со вода на сите земјоделски површини.

Ова е уште еден показател дека власта се занимава со политиканство, а не со сериозни мерки коишто навистина ќе ги помогнат земјоделците во овие тешки денови.

Ова што сега се случува со недостаток на вода за полевање во овој дел на Тиквешијата кој е најпознат по производството на винското грозје, оваа година ќе претрпи сериозни штети и по квалитет и по квантитет, а тоа значи дека оние семејства и земјоделци кои егзистираат од оваа гранка едноставно оваа година ќе бидат до работ на егзистенција заради човечки фактор, а тоа е власта и АД Водостопанство кои не си ги завршуваат своите надлежности и законски активности кои треба да обезбедат сериозна количина на вода за полевање за оваа производна година.

Трипуновски: Николовски го интересира бизнис, а не снабдување на пченица и брашно на државата

Владата се однесува неодговорно, и ги остава цените на брашното и лебот да растат. Народот од ден во ден плаќа поскап леб. Цената на брашното изминатат година е зголемена за 40%, а на лебот и до 110%.
Затоа уште еднаш ја повикуваме владата, доколку навистина стоковите резерви со пченица се полни, веднаш да интервенира на пазарот, за да се намалат цените на брашното и лебот.Доколку не интервенира на пазарот отворено се сомневаме дека државата е оставена без доволно стокови резерви во ек на криза, и за тоа некој треба да понесе одговорност.Дополнителен сомнеж внесува објавата на социјалните мрежи на Љупчо Николовски, кој вели дека договорил увоз на пченица од Бугарија, по што веднаш уследи реакција од комората на мелничарите и трговците, од каде изјавија дека нашите компании немаат договорено пченица со Бугарија, туку со добавувачи од Србија, па изразија сомнеж за кого Николовски ја договара оваа пченица?Почитувани,Ако мелничарите и трговците немаат договори за увоз на пченица од Бугарија, за кого тогаш Николовски договара увоз, дали всушност се работи за полнење на државните резерви, што се исклучува како можност, бидејќи владата тврди дека резервите се полни, или пак се работи за договарање на увоз за фирми блиски до власта, кои треба да извршат реекспорт на истата пченицата, а некој од тоа дебело да профитира?

Трипуновски: Николовски по Србија, моли за пченица и од Бугарија, кој ќе профитира од реекспортот тежок милиони?

Владата лажеше дека има доволно пченица. По Србија, ќе увезуваме и од Бугарија.

Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски првин тврдеа дека во стоковите резерви има доволно пченица, за потоа да признаат дека таа пченица од 45 илјади тони, која мора да ја има во резервите, не е во државна, туку сопственост на приватните млинови и трговци. За на крај да заврши со молење во Србија да се тргне забраната за извоз за пченица за Македонија, за да можат трговци да увезат  50.000 тони пченица.

Откако измолија пченица од Србија, сосема ја збунија  јавноста, со изјава дека пченица не е за Македонија, туку за извоз.

Откако еднаш според нив им помина, сега повторно владата иако вели дека имаме доволно пченица, моли за пченица од  соседна Бугарија.

За кого се овие количини пченица кои ќе се повлечат од соседна Бугарија?

Дали владата целиот изминат период лаже за тоа колку пченица имаме, или всушност во ек на криза користејќи државни ресурси и концесии овозможуваат профит на поединци и фирми блиски до нив, кои треба само да извршат реекспорт на пченицата од Србија и Бугарија во трети држави, и така да заработат милиони?

Почитувани,

Додека Љупчо Николовски тера бизнис, народот плаќа 110% поскап леб од лани.

За брашно, исто како и за зејтин има редици пред маркетите или воопшто го нема, а министерот за земјоделство, наместо да се грижи да ја снабди државата, си брка бизнис.

Николовски да каже зошто ако имаат доволно пченица, и ако пченицата за која преговара е за Македонија не интервенира на пазарот со домашните резерви доколку ги има за да се спречи не само зголемување на цените на лебот и брашното, туку да се постигне намалување на веќе напумпаните цени на прехранбените производи?

Трипуновски: Бектеши и Ковачевски молат за пченица во Србија за да може трговци блиски до нив да ја извезат во Грција, Бугарија, Албанија и Косово и да профитираат

Крешник Бектеши вчера призна дека тој и Ковачевски лажеле кога кажаа дека во стоковите резерви има пченица.

Бектеши кажа дека 45.000 тони пченица за која од владата зборуваат наназад подолг период е пченица во посед на приватните млинови и трговци, а не дел од стоковите резерви.

Ковачевски и Бектеши во период на криза ја оставаат државата во неизвесност. И наместо да работат на полнење на стоковите резерви со пченица, од владата ќе одат во Србија да молат за пченица во име на Република Македонија, не за државата, и не за народот, туку за сметка на одредени трговци, кои пченицата која Ковачевски и Бектеши ќе ја добијат во име на народот ќе ја реекспортираат во трети држави и ќе остварат огромен профит.

Ковачевски и Бектеши ќе земат 50.000 тони пченица од Србија, за неколку трговци истата да ја извезат во Грција, Бугарија, Албанија или Косово.

Сега се поставува прашањето кои се тие трговци кои ќе можат по повластени услови да земат пченица од Србија, за на истата да стават маржа и да ја извезат во Грција, Бугарија, Албанија или Косово? Како се одбрани тие трговци кои ќе можат да ја купат пченицата и дали лица блиски до врвот на власта треба од еден извоз да направат милиони?

Сето ова немаше да биде воопшто проблематично ако цената на брашното во Македонија не пораснеше за 40%, исто како и лебот и другите намирници.

Доколку владата наместо за профит на бизнисмените блиско до нив обезбедеше пченица за нашиот пазар и ја регулираше цената сега ќе јадевме поефтин леб, и ќе плаќавме помалку за килограм брашно.

Производството на пченица за 5 години намалено за 60.000 тони, со СДСМ домашното производство не ги покрива потребите на државата, а стоковите резерви празни

Последните неколку месеци сме сведоци како државата се соочува со огромно поскапување на брашното и лебот, а сега откако изби војната во Украина под знак прашалник се става и нивото на стоковите резерви во Република Македонија.

Од владата излегоа со различни изјави, дека има, па дека нема доволно стокови резерви на пченица, за потоа да излезе претседателот на соседна Србија и да каже дека ќе отстапи 50.000 тони пченица и 25.000 пченка, по барање на владата на република Македонија.

Доколку имаше доволно пченица, тогаш зошто владата не пушти во оптек дел од стоковите резерви за да спречи покачување на цените на брашното и лебот, кои веќе и така драстично поскапеа.

Владата катастрофално менаџира и дозволи во последните година ипол, цената на брашното да се зголеми за речиси 40%. Главна причина за поскапувањето е зависноста од увозна пченица и брашно, кое е последица на намаленото домашно производство на пченица во последните 5 години додека СДСМ управува со државата.

Просечните годишни потреби на Македонија за пченица се некаде над 300.000 тони. Во последните неколку години кога СДСМ е на власт годишното производство се движи околу 240.000 тони, или 20% помалку од потребите. Но вака не беше секогаш.

Само за споредба во 2016 година, кога со владата управува ВМРО-ДПМНЕ  произведено е над 300.000 тони пченица, тоа е сосема доволно и ги покрива годишните потреби на потрошувачка на државата.

По оваа година, производството на пченица драстично опаѓа. А вкупните површини посеани под пченица се намалени за 10.000 хектари во последните 5 години.

СДСМ ја стави Македонија во опасност, иако државата има можност за производство на доволно пченица за сопствените потреби поради лошите политики производството е намалено. Ова мора да се смени, затоа се потребни промени, затоа се потребни предвремени парламентарни избори.

АХВ и власта не вовеле забрана и дозволиле увоз на пилешко месо од Словенија во период кога владеел птичји грип

Имаме основано сомнение дека во Република Македонија е внесена храна од пилешко месо и преработки од месо, од држава во која што е детектиран птичјиот грип.

Во неколку наврати, во нашата држава е дозволен увоз на пилешко месо и преработки од пилешко месо, иако во земјата од каде што потекнува оваа храна е детектиран птичјиот грип, и за тоа се информирани сите земји кои се во системот на Светскиот информативен систем, меѓи кој членува и Република Македонија. А, властите во Република Македонија не преземале ништо.

За што точно станува збор?

На сајтот на светската здравствена организација и Светскиот информативен систем за здравјето на животните, во кој како организација и ние членуваме од далечната 1993 година, на 28.12.2021 година има известување со кое се потврдува птичјиот грип во Република Словенија.

Ова е доказот од Светската здравствена организација каде што се гледа дека известуваат дека има птичји грип во Република Словенија.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), иако има обврска на дневна основа да носи соодветни решенија кои произлегуваат од објавите на Светската здравствена организација преку Светскиот информативен систем, со задоцнување од 21 ден, повторувам со задоцнување од 21 ден, дури на 18.01.2022 носи решение за забрана на увоз на живина и производи од живина од одредени региони во Република Словенија.

Пред мене го имаме и извадокот од службениот весник, каде што се гледа датата на објавување на ова решение.

Oна што е загрижувачко и недозволиво е фактот дека директорот на АХВ, Николче Бабовски иако знаел дека има Птичји грип во Словенија во овој вакуум период дозволил влез во Македонија на три пратки на месо и преработки од месо од живина од региони во Словенија каде што е потврдено присуството овој високо патоген сој на Птичјиот. Пратките се влезени во нашата држава на 30.12.2021, на 01.01.2021 и последната, третата пратка е влезена на 11.01.2022.

Она што го имам со мене е доказ од EXIM системот, каде што се гледаат влезените пратки во Република Македонија, меѓу кои што се и овие три спорни пратки.

Почитувани, што би рекле старите, ако коза лаже рог не лаже.

Директорот на АХВ и Министерот Николовски живи се фатени и со вакви матни и коруптивни зделки го загрозуваат здравјето на нашите сограѓани и создаваат начин за влез  и ширење на вирусот на Птичји грип, кој што веќе е детектиран во с.Злокуќани – Скопско.

Затоа, бараме итна и неотповиклива оставка од директорот на АХВ- Николче Бабовски, но и од првиот човек на министерството за земјоделство, Николовски. Воедно, го повикуваме и Јавното обвинителство по допрен глас согласно нивните законски задолженија и обврски, да покренат соодветно обвинение, затоа што вакви пропусти ниту се дозволени, ниту треба да и се случуваат на Република Македонија. 

Власта ги намалува субвенциите за земјоделците, во ек на криза се оставени сами на себе

Власта со новата програма за директни плаќања во земјоделството крати повеќе од 40 милиони евра , и во ек на криза земјоделците и оваа година ќе бидат оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат

Почитувани,  со новата програма за директи плаќања во земјоделството власта предвидува само 58 милиони евра, односно од ветените 100 милиони евра директни субвенции нема ни трага ни глас.

Накратко ќе ви презентирам во неколку примери за катастрофалните кратења во програмата за 2022 година и лошата поставеност од отсуството на развојната компонента во истата.

Во програмата за директни плаќања за 2022 година која што е објавена во Службен весник на Република Македонија и во мерката 1, каде што се предвидуваат директните плаќања за растително производство 2 милијарди денари. 2милијарди денари се во вкупен износ во 32,5 милиони евра. За да разберат сите за какво кратење станува збор ќе се обидам со еден пример да ја доловам ситуацијата. Ако ја земеме најголемата категорија на земјоделци во Република Македонија тоа се тутунарите, кои што и покрај лошите политики на министерството во овој сегмент, оваа година реколттата ќе тежи некаде околу 18 милиони килограми, помножено со сумата со која што треба да ја добијат како субвенција добиваме сума од 20 милиони евра. Значи од вкупно предвидената сума 32,5 милиони евра, кога ќе ги одземеме тутунарите добиваме сума односно разлика од 12,5 милиони евра.
Замислете почитувани со 12,5 милиони евра во Република Македонија за 2022 година треба да бидат покриени поледелски култури, градинарството, овоштарството, лозарството, и сите под мерки кои што ги предвидува министерството.

Во мерката 2 директни плаќања во сточарството, владата предвидува мизерни 3 милиони евра субвенции за оваа категорија на земјоделци. Пластично со еден пример ќе ви доловам во каква ситуација планираат да го доведат сточарското производство власта предводена од СДСМ.

Во табелата каде што стои за одгледувачите на овци, во новата програма министерството предвидува намалување за 300 денари за сите одгледувачи на овци затоа што минатата програма беше 1300 денари по грло, а сега е 1000 денари. Во новата програма исто така се врши кратење од 300 денари за задржано женско јагне каде што сега субвенцијата изнесува 700 денари, а минатата година беше 1000 денари, а сега е 700. Помножено со вкупниот број на овци и јагниња кои што се одгледуваат во државата добиваме сума од 3,5 милиони евра кратење во овој сегмент. Манипулацијата на власта за да ги изманипулира сточарите воведува нова мерка каде што ќе дава по 400 денари за заклано јагне во кланички капацитет и помножено со сумата која што од прилика Република Македонија ја има со заклани јагниња, се добива дека министерството ќе импутира 1 милион евра во овој сегмент. Разликата од кратењето од 3,5 милиони евра, со импутот од 1 милион евра, добиваме разлика односно кратење од  2,5 милиони евра.

Тоа значи дека сите сточарски гранки во Македонија вклучувајќи го  свињарството, говедарството, живинарството, производителите на млеко и месо  нема да можат да добијат субвенции во наредната 2022 година.

Во интерес на времето, сите под мерки кои што ги има во програмата би се задржал само за крај во делот на мерката 11 а тоа е за останатите обврски од претходните години.

Практично со оваа мерка власта признава дека она за кое што ВМРО-ДПМНЕ постојано апелира и кажува дека субвенциите не се исплаќаат на времено и доцнат, оваа мерка со 16 милиони евра предвидени средства практично е признание на власта дека имаме неисплатени субвенции од претходни години.

Почитувани,

Сето ова се случува кога Љупчо Николовски повторно е на чело на министерството. Човекот кој го запусти земјоделието, сега се врати са доуништи тоа што останало.

Наместо заедно со Ковачевски да се заложат за поголема помош и земјоделците да имаат егзистенција, тие сериозно кратат од субвенциите.

Недомаќинското работење на СДСМ удира по земјоделците. Се крати од нив за да има пари за матни тендери.

Ова наскоро ќе стане минато, затоа потребни се брзи предвремени избори час поскоро и промена на власта каде ќе покажеме како навистина се делува и се ставаат земјоделците на пиедесталот на приоритетите.

Дали СДСМ поништи два јавни повика за закуп на земјиште за да потоа го додели на ним блиски лица?

СДСМ и Љупчо Николовски преку Министерството за земјоделство ги рекетираат земјоделците. Од 4 јавни повици за доделување на земјоделско земјиште под закуп минатата година 2 се поништени без основ.

Околу 1500 земјоделци кои аплицирале на јавниот повик се оштетени директно со околу 300 евра по апликација, пари кои ги дале за изготвување на елаборати и друга потребна документација, а потоа без основ двата јавни повици се поништени. Тоа се околу 450.000 евра директна штета врз земјоделците.

Имено во Службен весник бр.9 од 14 јануари 2022 година, е објавено дека Министерството за земјоделство ги поништува јавните повици бр.01/21 и 04/21 за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари и тоа со решение  за поништување бр 41-216/6 од 12.01.2022 година.Притоа, решението НЕ Е ОБЈАВЕНО заедно со ова известување за да може да се види причината за поништувањето. Со необјавување на решението бесправно се одзема правото на приговор или жалба по донесеното решение.Известувањето за поништување се објавува во огласниот дел на Службен весник, и притоа НЕ СЕ ОБЈАВУВА на веб страна на Министерството за земјоделство и на прашања на земјоделците до каде се јавните повици, упорно се молчи. Целта е преќутно да се помине ова без земјоделците да имаат право на жалба или тужба до соодветните институции.

Од друга страна на 25 ноември 2021 година имаше јавно отворање на понудите за јавен повик 01/21 и за секоја понуда јавно се кажуваа називот на понудувачот, висината на понудата и на парцелата на кој се однесува понудата. Поништувањето на повикот по јавно отворање каде секој можеше да ги слушне и запише горенаведените информации претставува само по себе  преседан. На следно објавување на повикот сите кои што располагаат со овие информации од отворањето се во компаративна предност. Веќе точно ја знаат висината на понудата за секоја парцела и ќе знаат кој колку и каде има аплицирано.

Дали зад ова поништување се крие намерата земјиштето да се подели на луѓе блиски до СДСМ и им се остава простор да манипулираат со понудите при наредно објавување?

Напоменувам дека веќе два пати по истиве јавни повици се изложуваат земјоделците на високи трошоци за елаборати,  документи од институции, нотарски заверки итн. Повторно на грбот на земјоделците се полни државната каса.

Комисијата што е одговорна за спроведување на овие јавни повици и нивните членови се дебело платени со паушали, не се ниту санкционирани, ниту ќе одговараат за злоупотребата, односно оштетувањето на земјоделците.

Затоа го повикувам Љупчо Николовски и СДСМ да го почитуваат законот и да не прават малверзации. Воедно нагласувам дека наскоро по промената на власта ќе има ревизија на сите јавни повици и огласи и за секоја неправилност ќе има соодветна санкција.