Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Денеска сме во Битола да видиме како се реализира она кое што беше ветувано за време на кампањата на локалните избори.

Градоначалникот го кажа отприлика сето она кое што е сработено во овие би рекол шест месеци во оваа прва полу година откако тој е избран од страна на битолчани за градоначалник.

Навистина за овие први шест месеци во делот на инфраструктурата резултатите се импресивни, и ја користам оваа прилика да му честитам нему и на неговиот тим за проектите кои што ги реализираат и да посакам така да продолжат па дури и со степен повеќе да ги реализираат сите оние ветувања кои што беа дадени за време на кампањата на локалните избори, бидејќи пред нас се предвремени парламентарни избори на кои што ние ќе ја бараме довербата од граѓаните каде што ќе покажеме дека не сме сите исти и ако некој сака и се обидува таа кампања да ја води без разлика дали ќе биде овој или оној сите политичари биле исти. Но, не. Не се сите политичари исти различни се. Не можеме ние да бидеме исти со оние кои криминално владеат веќе петта година, толку пет години поминаа откако се избрани, без реформи, без проекти и кои што на отворена сцена ја понижуваат и омаловажуваат нашата Македонија.

Навистина можам да кажам дека од она што го гледаме денеска, но и од она кое што го гледавме изминатиот период е дека од Битола се очекува еден и веќе е во тек еден инфраструктурен бум, се за интересот на битолчани, се за интересот на Битола. Тоа е нашето мото, промените продолжуваат, ние сме заедно со народот продолжуваме низ Македонија.

Ја користам оваа прилика да ги повикам битолчани да ни се придружат на големиот протестен народен  собир кој ќе се одржи на 18 јуни пред Владата на Република Македонија со цел да испратиме порака дека е доста, мора да заминат, доста и е на Македонија од порази, мора Македонија да почне победува, и тоа е практично целта на тоа за која што ние ќе протестираме.

Ќе имаме протесно лето што поскоро да има предвремени парламентарни избори за да може конечно да излеземе од оваа летаргија во која што се наоѓаме, да излеземе од рацете и канџите на криминалот и криминалците.

Мицкоски: Промените се чувствуваат во Гази Баба, ако власта не се издигне над корумпираните интереси, Општината ќе ги изгради градинките и со свои средства ќе го плати лиценцираниот воспитувачки кадар

Најпрвин еве благодарност од мене до Боби, до градоначалникот на Гази Баба, што ја имам таа можност денеска да бидам овде, да видам од лице место како се реализира ветеното за време на кампањата.

Можеби Боби не оддаде едно, еве јас сакам да додадам една работа, како Општина детските градинки ќе ги направиме. Тоа не се проекти ниту на ВМРО-ДПМНЕ, нити на СДСМ, тоа се проекти на граѓаните на Гази Баба. Но, не сум сигурен дека министерството ќе даде одобрение за вработување на кадар кој што ќе ги воспитува нашите дечиња и кадар кој што ќе може онаа неопходно знаење на децата уште од најраната возраст да им го всади.

Но, тука е знам Боби, он е мотивиран, он е сериозно амбициозен, убеден сум и доколку оваа корумпирана и криминална власт  сепак не успее да смогне сили да се издигне над партиските интереси дека Општината од сопствени средства ќе обезбеди вработувања на соодветен и лиценциран воспитувачки и образовен кадар во градинките. И повеќе нема да има деца на листите за чекање овдека во Гази Баба.

Не е проблемот да го изградиме, ние ќе го изградиме, проблемот е што имаме партизирани институции, партизирани министерства и многу лоши министри и членови на кабинетот на Ковачевски. И затоа ние бараме да има предвремени парламентарни избори за да може Владата и локалната самоуправа да ги реализираат проектите непречено наместо да договараат тендери во четири очи и да го крадат народот како што тоа го прави оваа Влада.

Така што градинките се само еден од проектите, улиците се друг дел од проектите, има комунална инфраструктура, многу фекална и атмосферска канализација, водоводи, спортски сали итн.  

Се работи насекаде во Македонија, промените се чувствуваат. ВМРО-ДПМНЕ е помеѓу народот и така ќе продолжи, ние сме народна партија и нашето место е овдека помеѓу народот. А, јас сум тука заедно со градоначалниците секогаш кога е тоа потребно и секогаш кога ќе треба поддршка и од мене но и од структурата на партијата.

За крај, ја користам оваа прилика уште еднашка на Боби да му честитам и да му посакам уште многу вакви успешни проекти на него и на неговиот тим овде од Општината. Сигурен сум дека може уште на половина на мандатот ќе го реализираме најголемиот дел од ветеното за време на кампањата на минатогодишните локални избори.

Мицкоски од Ресен: Ја повикувам владата да не крати од парите за спас на Преспанското езеро, туку финансиите за таа намена да ги триплира

Продолжуваме со активностите низ Македонија, денеска сме овде во Ресен. Од ова што можевте да слушнете прилично амбициозна и храбра и би рекол мотивирана агенда има градоначалникот овде во Ресен и неговиот тим.

Јас ја користам оваа прилика да ги охрабрам и да им честитам што и покрај предизвикот со кој се соочија на почетокот од нивниот мандат, со големи долгови, блокирани сметки, сепак успеваат дел од проектите кои што ги ветија за време на кампањата да ги реализираат, и претпоставувам дека после оваа наша денешна посета овде во Ресен, СДСМ ќе излезат со некое си соопштение во кое што мене ќе ме обвинат дека промовирам проекти на СДСМ.

Ја користам оваа прилика и на СДСМ, и на тие кои што ги пишуваат неколку реда соопштенија во канцелариите на СДСМ и владата, да им порачам дека проектите не се ниту на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, проектите се на народот. А тоа што СДСМ не успеа да ги реализира тие проекти, тоа што ВМРО-ДПМНЕ успева да ги реализира тие проекти, доволно говори за какви политичари од СДСМ станува збор и колку тие си го почитуваат, сакаат народот и државата.

Да заклучам, ова не се проекти ниту на СДСМ, и ако тие се внуци и синови и ќерки на транзиционите поранешни комунистички функционери, па се навикнати се да си присвојуваат, затоа јас велам не се ниту на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, туку се проекти на народот, проекти кои што ги реализира ВМРО-ДПМНЕ и така ќе продолжи да ги реализира проектите кои што се важни за народот, и кои што треба да му овозможат на народот подобар комфор и подобри услови за живеење.

Истовремено ја користам оваа прилика да упатам една порака до министерот за животна средина, до министерот за финансии, кои што доаѓаат од партијата која што на моменти кога ќе ги напушти националистичките позиции, позициите на делење, промовира и зелени проекти, односно зелена агенда, да не ги кратат наменските средства кои што се наменети за спас на Преспанското езеро, туку напротив да ги стимулираат, бидејќи Ресен е мултиетнички град.

Овде има мнозинство Македонци, но живеат и Албанци, Турци и останати и треба сите заедно да се бориме и да го спасиме Ресен. А бидејќи тие доаѓаат од партијата која што не така одамна промовираше зелена агенда еве им шанса, еве им можност да се покажат и докажат дека на моменти кога тоа е потребно од лични интереси нема да го злоупотребуваат, туку навистина ќе помогнат да се зачува овој бисер, ова Преспанско езеро и наместо да ги скратат тие средства кои што во моментот се на наменската сметка да ги дуплираат, а зошто да не и триплираат. И сите заедно, владата и градот да поработат на спас на Преспанското езеро.

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Најпрвин ќе ми дозволите да се заблагодарам еве и на градоначалникот, на претседавачот на Советот, на пратеничката на граѓаните кои што се тука денеска со нас за поддршката која што изминативе неколку месеци после завршувањето на локалните избори ни ја даваат. Да се заблагодарам на овие луѓе позади еве што ме поканија да ја имам оваа можност и чест да бидам дел од овие проекти кои што ги реализира Општина Кисела Вода, нешто што минатите четири години воопшто не беше предмет на дискусија.

Храбра, амбициозна би рекол посветена, чесна агенда имаат, километри нов асфалт, канализација, водовод и тоа е навистина една голема и сериозна работа која што се случува овдека во општина Кисела Вода. Дури и повеќе од тоа кое што можеби е земено како обврска во време на кампањата за локалните избори ќе биде реализирано.

И во име на тоа сакам да кажам дека не се сите исти, токму тоа ја прави разликата помеѓу кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, луѓето кои што се патриоти и кои што си ја сакаат Македонија и оние кои што се во Владата и се заложници на една политичка партија која што 20 години практично ја уназадува Македонија, кои што се грижат само за своите фотелји обременети со многу криминал, со многу корупција, со многу вулгарности, со многу навреди, со многу срам.

И на граѓаните сум горд на нив затоа што знаат да ја направат разликата посебно тоа беше на последните локални избори и убеден сум дека таа разлика ќе ја направат и на следните предвремени парламентарни избори кои што многу бргу од денеска ќе се случат.

Нас ни е потребен 61 пратеник за да тие кои што се виновни за сите оние луѓе кои што живи гореа во модуларната болница во Тетово да бидат изведени пред лицето на правдата, а не да бидат затскривани од партиски обвинители и судии.

Нас ни е потребен 61 пратеник да го изведеме пред лицето на правдата оној кој што дозволи технички расипан автобус на туристичката агенција да дозволи да ја напушти Македонија и да згаснат 10-тици невини човечки животи, да не ни го кријат тоа партиски обвинители и судии. Заробено обвинителство и судство.

Нас ни е потребен 61 пратеник за да излезе пред лицето на правдата секој оној кој што ја пустоши, ја краде, ја пљачка и ја уназадува Македонија. Затоа ни се потребни тие 61 пратеник во името на Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Бошњаците, Ромите, Египјаните и останатите, за да конечна на Македонија и тргне.

Некој ме прашува дали е ова кампања за избори, ова е кампања за народот, и ние ја продолжуваме оваа кампања, промените продолжуваат заедно со народот затоа што ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и на ВМРО-ДПМНЕ местото е помеѓу народот. Ако некој тоа го сфаќа како кампања за избори тогаш жалам но ќе морам да го разочарам, така ќе биде овие четири години после победата огромна и историска на локалните избори, така ќе биде и наредните години откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира Владата. политичари кои што седат цврсто укотвени во кожни фотелји и газат дебели црвени персиски килими се политичари од минатиот век. Современи политичари треба да бидат помеѓу народот и имаат трпение за народот затоа што народот е тој кој што ги плаќа. Така што нека се навикнат на вакви кампањи, нека се навикнат на вакви случувања. 

Јас немам што друго да додадам освен на крајот уште еднашка еве да му честитам на Орце, да и честитам на администрацијата и да им се заблагодарам на граѓаните и да им посакам уште многу вакви успешни проекти овде во Кисела Вода и низ цела Македонија.

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Продолжуваме овде во Радовиш, како што тоа го правиме низ цела Македонија. Промените се случуваат, промените продолжуваат, заедно сме со народот, разговараме за сето она што претставува основна потреба за граѓаните во оние општини каде што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи имаат свој градоначалник, мнозинство во рамки на советот.

Во Радовиш, градоначалникот кажа три проекти се завршени и пуштени во употреба во овие би рекол 5 месеци откако тој е градоначалник и уште десетици се започнати. Според динамиката со која се одвиваат настаните овде во Радовиш, ценам дека ќе имаме успешен резултат и за радовишани, но очекувам да има влијание и во околината.

Им честитам на градоначалникот и неговиот тим за сработеното во овие 5 месеци откако тој е градоначалник и очекувам со несмалена динамика, а зошто да не и зголемена динамика да продолжија реализацијата на ветеното што го земавме како наша обврска пред граѓаните за време на кампањата на локалните избори.

Така уште еднаш нека е со среќа овој објект позади мене, салата за венчавки, за венчавање на радовишани и местото каде што ќе може уметниците да ги изложуваат своите дела. Ќе ја прошетаме улицата, потоа одиме на друга улица која се асфалтира во моментов. Важно е да се работи, да се покаже дека не се сите исти, напротив, дека имаме влада која е обременета со криминал и којашто краде и имаме градоначалници кои се чесни и кои градат. Тоа е разликата меѓу едните и другите, односно меѓу нас и СДСМ и ДУИ.

Мицкоски: Градежна офанзива се случува во Охрид, со реализација на проектите ја покажуваме суштинската разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, дека не се сите исти

Денеска сме во Охрид, продолжуваме насекаде низ Македонија онаму каде што се работи, каде што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата работат, за разлика од овие од владата на СДСМ и ДУИ кои што крадат. Тоа е една голема и суштинска разлика која што граѓаните ја направија на локалните избори, а убеден сум дека таа разлика ќе ја направат и на следните предвремени парламентарни избори кои што многу брзо ќе се случат.

Од она што можам да го заклучам и видам од досега со градоначалникот Пецаков што разговаравме, но и што го видовме на лице место после пет месеци повторно Охрид започнува да се гради, да се движат работите и ќе продолжи во таа насока. Иако беше изминатиот период некако сето замрено и стопирано низ цела Македонија, вклучително и Охрид, сега од ова што можам да го видам овде градежната офанзива е дел од Охрид и проектите овде во Охрид.

Јас ја користам оваа прилика да им честитам и нему и неговиот тим од луѓе кои што се овде и сето тоа го работат, и да ги охрабрам уште позасилено да продолжат да работата во периодот кој што следи.

Знам дека можеби ќе биде малку посложено бидејќи доаѓаат месеците кога започнува туристичката сезона овде во Охрид, но пред и после тоа треба уште поинтензивно да им покажеме на граѓаните дека ние сме различни, што впрочем тоа и го покажува Пецаков и луѓето кои што се дел од неговиот тим овде во општината.

Јас сум задоволен од тоа што го гледам низ Македонија,  низ градовите ќе повторам уште еднаш каде што се градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и задоволен сум бидејќи правиме разлика, а тоа го гледам и на анкетите, тоа го гледам и во бројките, тоа е практично онаа повратна информација која што ја добиваме од граѓаните на 5-6 месеци од завршувањето на локалните избори.

Многу беше важно каков е првиот впечаток и можам да кажам дека во сите оние општини каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата впечатокот е навистина позитивен и многу подобар од колку тој кој што беше пред да се случат локалните избори, бидејќи знаете немате можност за прв впечаток втор пат да оставите.

Така што тука би завршил, одлично е ова што се работи и ги охрабрувам така да продолжат и во иднина во периодот кој што следи.

Мицкоски од обука со Конрад Аденауер Фондацијата: Благодарност до Конрад Аденауер Фондацијата за знаењето и искуството кое го споделуваат со нашите градоначалници

Најпрво да се заблагодарам Конрад Аденауер Фондацијата која што е уште еднаш потврдува дека е партнер на ВМРО-ДПМНЕ, на општините каде што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат свои градоначалници.

За нас претставува исклучителна можност и исклучителна чест што континуирано имаме можност да соработуваме заедно со луѓето кои што се дел од Конрад Аденауер Фондацијата овде во Македонија.

Јас им благодарам на Даниел, на Давор на останатите, но и на оние кои што се во пријателска Германија кои што овозможуваат дел од своето искуство каде што таму се дел од своите градоначалници, од различна област, тоа искуство го пренесат и до градоначалниците кои што на минатите локални избори беа избрани од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Овие настани претставуваат одлична можност да видиме до каде сме, да научиме нешто и од тоа што ќе научиме да можеме да го примениме и да го адаптираме на спецификите кои што ги има Македонија и општините во Македонија.

Така што јас ќе ги охрабрам учесниците на овој викенд настан да се фокусираат на тоа што ќе го слушнат од соговорниците кои што ќе бидат вклучени директно и ќе пренесат дел од своите искуства. Но, и да меѓу себе споделат дел од искуствата на овие први 5 – 6 месеци  кои што ги затекнаа во општините каде што се градоначалници, бидејќи навистина ситуацијата која што ја затекнаа во општините не беше би рекол идеална, напротив беше многу лоша. Со макотрпни напори, со надчовечки напорит, со макотрпна работа истите тие градоначалници кои што ги гледате овдека во просторијата, успеаја некако да ги стабилизираат општините и да повеќето отпочнат со реализација на проектите кои што се дел од програмата на новите градоначалници кои што ги презентираа за време на кампањата, пред кампањата и кампањата на овие локални избори.

И ценам дека тоа се луѓе кои што треба да ја покажат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и коалицијата кој што е на власт помеѓу СДСМ и ДУИ.

Така што уште еднаш сакам дасе заблагодарам на Даниел, на луѓето од Конрад Аденауер Фондацијата за можноста и да посакам успешен викенд и нормално што повеќе искуство да бидат корисни и истите тие да ги пренесеме овде во општините во нашата држава.

Мицкоски: Во Гевгелија се реализира проект кој што СДСМ 6 години не го започнал, тоа е разликата меѓу нас и нив, додека они крадат, ние работиме

Можеби требаше да напомене Андон дека овој проект е од 2016тата година и овој грант е од 2016тата година, зошто изминатото локално раководство не го реализирал е друго прашање. Но, затоа еве после речиси 6 години проектот почнува да се реализира и очекувам во следните 500тини дена зошто не и побрзо проектот да биде реализиран и навистина да се подобрат условите за жителите на овие населени места каде што ќе има нова вода за пиење, канализација, фекална, атмосферска итн.

Се работи во Гевгелија, се работи и секаде онаму каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалник, продолжуваме со нашите активности во проектот промени продолжуваат, повторно сме заедно со граѓаните и ова ќе трае. И јас реков дека ова нема да е процедура која што ќе биде кратка, напротив ова е процедура која што ќе трае, за да покажеме дека не сме сите исти, туку дека сме многу различни. Додека овие во владата ги интересираат  само тендери во четири очи и ги интересира криминалот и корупцијата за да крадат, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата работата, чесно, штедат и градат. Тоа е разликата помеѓу едните и другите.

Затоа е многу важно набргу од денеска да имаме предвремени парламентарни избори да може оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ да замине, и да дојде влада на народот која што ќе гради и која што ќе ја врати Македонија на победничките патики.

Тоа е она кое што јас можам во моментот да го заклучам, а како човек и претседател на ВМРО-ДПМНЕ сум исклучително горд што имаме градоначалници кои што ги избраа граѓаните, кои што се исклучително мотивирани, кои што сакаат да работата за интересите на граѓаните, и кои што мислам дека ќе продолжат и во иднина така да работата, затоа што нивната и нашата заедничка цел е да ја градиме Македонија и да работиме исклучиво за интересот на граѓаните на Македонија и Македонија.

Мицкоски од Карбинци: Додека функционерите од власта се корумпирани и крадат, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ штедат, работат и градат

Продолжуваме со активностите на терен под мотото Промените продолжуваат, заедно со народот, она што денеска го гледаме овде во Карбинци е доказ дека не се работи само условно кажано во поголемите општини, туку се работи насекаде каде што градоначалниците се дел од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Задоволен сум од ова што го гледам, затоа што ова претставува одлична можност каде што општината покажува дека со сопствени средства, со домаќинско работење, посветено работење може да се направи многу и да се овозможат услови на индустријата да ги заврши своите инвестиции, а со тоа да обезбеди развој на локалната економија и нови вработувања.

Јас навистина сум среќен што можам да кажам дека еве за помалку од половина година разликата е евидентна. Не се сите исти, додека некои се корумпирани и крадат, другите штедат и работат и градат. Тоа е разликата помеѓу оваа корумпирана и криминална власт и онаму каде што ВМРО-ДПМНЕ има можност да покаже пред граѓаните како се работи.

Тоа е иднината која што ние ја нудиме, проекти, домаќинско работење, посветено работење, се во интересите на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ покажала многу пати во минатото, така ќе биде и во иднината дека е државотворна партија и партија која што се грижи исклучиво за интересите на граѓаните и на Македонија.

Јас уште еднаш им честитам и на градоначалникот и на неговиот тим што навистина овозможува од сопствениот буџет во едни вакви тешки услови да се реализира една ваква капитална инвестиција, а со тоа да им овозможи на бизнисмените кои што одлучиле овде во оваа индустриска зона да купат парцела да изградат свој објект и да обезбедат нови вработувања, кои што значат голема поддршка за локалната економија, но и за Македонија.

Мицкоски: Во секоја општина каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалник се гледа напредок, работа и промени

Ќе ми дозволите на почеток да му честитам на Иван и на тимот кој што работи овде во Општина Штип, се гледа напредокот, се гледаат промените, успесите, нешто што е различно од тоа што го гледаме на централно ниво и нешто што беше различно од пред Иван да биде тука изминативе четири години на неуспеси и неработа овде во Штип.

ВМРО-ДПМНЕ овде во Штип продолжува да го исполнува тоа кое што го вети за време на кампањата, како и насекаде низ Македонија.

Јас нема да зборувам премногу за проектот бидејќи Иван доволно кажа, но доволно зборуваат овие млади наши сограѓани овде во населбата Баби кои што се радуваат на овој спортски комплекс. И убеден сум дека многумина утре ќе бидат успешни фудбалери во „Брегалница“ или пак кошаркари и кошаркарки, ракометари и ракометарки овдека во Штип.

Младите треба да спортуваат, само така можат да го јакнат духот и само така може да се учат на витештво.

Се надевам дека набргу од денеска ќе биде и втората фаза готова и ќе можат да го комплетираат овдека во Штип целиот овој комплекс, но и ќе продолжиме понатаму и заедно со Иван овдека и администрацијата во останатите делови да се инвестира во Штип да се инвестира и да се градат вакви спортски комплекси, но и не само тоа туку и инфраструктура како надземна така и подземна.

Уште еднашка на крај ќе ми дозволите да му честитам на Иван, да и честитам на целокупната администрација овдека во Штип и само така да продолжат, затоа што доста се порази, на народот му треба единство. Единство околу програмата на ВМРО-ДПМНЕ, што ни е потребна и за следните предвремени парламентарни избори, да не биде Македонија уценувана од една политичка елита која што тоа го прави веќе 20 години.