Арсовски: Заев, Ангеловска и СДСМ повторно ја задолжуваат државата и граѓаните

Нина Ангеловска и Зоран Заев денеска повторно ќе ја задолжат Република Македонија за нови 65 до 67 милиони евра.

Четири месеци како е министер Нина Ангеловска, има пет задолжувања во вредност од над 270 милиони евра и ниту еден капитален проект кој што може да се види со голо око.

Психолошката граница од над 50% задолжување е одамна помината и граѓаните и државата секојдневно живеат во неизвесност.

Најкрупниот проект на новата министерка е враќањето на рамниот данок по примерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно е дека државата се води недомаќински. Секое ново задолжување само ја покажува развратноста на Владата во делот на финансиите. Нема ниту еден капитален проект реализиран. Жалосно.

Реализацијата на капитални инвестиции и сумата на странски инвестиции директни влезени во Република Македонија во моментот се историски најниски.

Заклучно со септември капиталните инвестиции се 37.6%, значи 3 од 4 квартали не е постигнато ниту 40% од планираната реализацијата на капиталните инвестиции и тоа планирана со ребаланс на буџет.

Новиот Буџет кој го предвидуваат СДСМ, Заев и Нина Ангеловска ќе биде историски најголем, со историски најголема сума нето задолжувања идната година каде што стотици милиони евра ќе се задолжи нето државата само во 2020 година.

Капиталните инвестиции повторно ќе бидат драстично пониски и од оваа година.

Почитувани,

Економскиот тим на Владата потфрли.

Казната за ова потфрлање ќе ги стигне на 12 април на денот на изборите.

Потоа следи обнова на Македонија и реобнова на економски план во целата држава.

Славевски: Мерката за прогресивен данок и за зголемување на даноците за 10 месеци донесе само штетни последици

Морам да признам дека некако со неверување ја примивме оваа вест ако по начинот на водењето на економските и другите политики, вакво нешто можеби можеше да се очекува. На Социјалдемократскиот сојуз им беа потребни три, четири години да ја спроведат мерката, да стапи во сила за прогресивен данок и зголемување на даноците, од први јануари 2019-та година, имаа доволно време да ги предвидат сите последици, а веќе гледаме дека за десет месеци таа носи штетни последици, ова денеска на прес-конференција го истакна Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сакам на почетокот нешто друго да нагласам, ние сме загрижени затоа што имаме партија на власт која што има идеолошка конфузија подолг временски период, заснована на погрешни факти, тоа се гледа и од начинот на практикување на власта, но еве сега малку посистематски во анализата. Да се потсетиме дека тие во 2014-та година, изготвиле една програма за промени, тоа се гледа на насловната страница овде, „Промени за нов почеток“, со поднаслов „Да ја вратиме средната класа“, имено долг период Социјалдемократскиот сојуз и кога беа во опозиција и кога дојдоа на власт го имаа ова мото за враќање на средната класа. Ништо не е попогрешно од ова, оваа теза се заснова на погрешни факти, еве зошто. Неодамна пред еден месец Светска банка објави Извештај за напредокот, за економскиот раст на земјите од Западен Балкан, кој што го има насловот „Растечка неизвесност“. Извештајот е јавен документ и може да се најде на веб страницата на Светска банка на повеќе јазици меѓу кои и на англиски и на македонски. Овде имаме цитат од тој Извештај, можеби не се гледа добро ќе го прочитам, на страна 33 стои следново “Според линијата на сиромаштија од 5,5 американски долари се проектира дека за 2019 година сиромаштијата ќе се намали во Македонија под 21 процент, продолжувајќи го трендот на намалување којшто почна во 2009 година“. Ова го нагласувам Светска банка констатира дека од 2009-та година до оваа година сиромаштијата, односно стапката на сиромаштија во Македонија има постојан тренд, спротивно на она што го тврдеше Социјалдемократскиот сојуз дека се зголемила сиромаштијата некаде до 2015-та година во Република Македонија, вели Славевски.

Тој додава дека уште позначајно е дека Светска банка констатира дека според нивната методологија којашто е воедначена за сите земји членки или преку 190 членки на Обединетите нации, средната класа во Република Македонија се зголемила од околу 30 проценти во 2009-та година на околу 41 процент во 2015-та година. Знаете ние бевме со години убедувани дека Република Македонија за изгубила средната класа па сега СДСМ со своите мерки, коишто се гледа сега со ретерирањето дека ги враќа назад, погрешно ја убедуваше македонската јавност.

-Да повторам ова говори за тотална идеолошка кофузија во владејачкиот СДСМ, кој што може да се види на полето на економските и социјалните политики својата програма ја темели врз погрешни факти. Оттаму не се случајност погрешните мерки на економско-социјален план, кои даваат сосема спротивни ефекти од прокламираните, а чии што последици ги сносам македонските граѓани. Да се вратиме на мерката за враќање на рамниот данок, иако во моментов почитувани не може да се квантифицираат негативните ефекти од досегашната примена на прогресивното оданочување од страна на владата на СДС. Направена е штета на повеќе полиња, ние ќе наведеме само неколку, прво да се потсетиме дека сите стопански комори, поголемиот дел од македонската стручна професионална јавност, компаниите укажуваа дека оваа мерка ќе има негативни ефекти, односно негативни резултати. И самите сега признаваат дека се зголемила даночната евазија, постои бегство на капиталот од Македонија во соседните земји, понатаму дека нема никакви ефекти ниту во прибирањето на даноци, а не е постигната целта за намалување на нееднаквоста, затоа што како што може да се види дека нееднаквоста се намалува и без тоа, односно со други мерки, мерки насочени кон економски раст во земјата. Понатаму факт е дека како резултат на воведувањето на прогресивното оданочувањето, она на што ние укажавме и укажувавме упорно во текот на изминатите неколку години, голем број на млади професионалци, особено од ИТ секторот, лекари и други професии ја имаат напуштено Република Македонија, што еве СДСМ и самите го признаваат. Понатаму, зголемувањето на даноците негативно се одрази на привлекувањето на директни странски инвестиции. Да се потсетиме дека советот на странски инвеститори сите комори кои што ги претставуваат странските инвеститори во Република Македонија, понатаму асоцијацијата или организација Македонија 2025, тоа се бизнисмени по потекло од Република Македонија кои што соработуваат со нашите бизнисмени, сите излегоа со предупредување да не се воведува прогресивно оданочување и оттука нели се разбира дека ова имаше значителен негативен ефект кон одвраќање на некои инвестиции или да ги забават своите проценки, оценки и планови за инвестирање во Република Македонија или да ги одложат, вели Славевски.

Тој додава дека понатаму, зголемената даночна стапка за закупнините за речиси двапати ги зголеми кириите за студентите, младите брачни парови и за малите бизниси. Враќањето на рамниот данок преку суспендирање на носечката мерка од програмата на СДСМ укажува на нивната безидејност, неспособност за оценка на последните на мерките што ги предлагаат, како и неспособност воопшто за водење на економијата.

-Што СДСМ им должи на македонските граѓани во однос на ваквото салто мортале? Прво вистински треба да ги вратат парите кај граѓаните, тие постојано убедуваат дека враќале пари кај граѓаните, но гледаме дека со оваа непромислена мерка одземени се пари од голем број на граѓани. СДСМ мора да ги обештети граѓаните кои платиле повисоки даноци од воведувањето на прогресивниот данок. За да нема негативни ефекти во буџетот предлагаме веднаш да се укине мерката МОЈ ДДВ со која што и така пари се враќаат кај побогатите граѓани, оние кои што имаат повеќе да трошат. Затоа што со непромисленото зголемување на даноците најмалку се удри по богатите граѓани како што сега се гледа, како што беше прокламирано, туку цехот го платија посиромашните граѓани. Да наведеме само еден пример кој што го спомена претходно случајот со закупот на станови и деловен простор. Кога на сопственикот на недвижноста што е предмет на издавање ќе му го зголемите данокот за речиси 100 проценти, тие веднаш прават две работи. Прво или ја зголемуваат киријата што ја плаќаат студенти и младите брачни парови кои изнајмуваат станови или малите бизниси кои изнајмуваат деловен простор, а такви ги има над десетици илјади во Република Македонија, тие се најмногу оштетени. Второ издавачите на недвижности можат да одлучат да не го пријават договорот за закуп во УЈП и со тоа да избегнат плаќање на данок. Владата му предложи на парламентот целоно укинување на овие одредби од законот за личен доход што се однесуваат на прогресивен данок и зголемување на даноците а не одложување за три години. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе мора веднаш како една од првите мерка да му предложи на парламентот укинување на оваа мерка, а не нејзино одлагање за три години. На крај да заклучам како што видовме вчера Зоран Заев се правда дека чесно постапиле што ја укинале мерката. Господине Заев македонските и сите граѓани што живеат во Република Македонија во главно се чесни, освен во случаите кога насила со непромислени законски решенија и мерки се принудени нив да ги заобиколуваат во борбата за гола егзистенција. Но, од владата и Заев не се бара единствено да се чесни во што ние се сомневаме, туку да се компетентни и да можат однапред да ги предвидат последиците од сите мерки кои што ги преземаат а особено во случаите кога има укажување од сите страни за штетноста на тие мерки, рече Славевски.

Васев: Расипништвото на Заев и Ангеловска продолжува, за една недела граѓаните и државата се задолжени за над 102 милиони евра

Нина Ангеловска, по директна наредба на Зоран Заев денеска ја задолжи државата за нови 40 милиони евра. Со тоа за една недела задолжувањата достигнаа над 102 милиони евра.

Додека граѓаните тонат во сиромаштија, власта се расфрла.

Во време кога се најавува  ново полнење на државната администрација со над 3000 вработувања како дел од коалицискиот договор помеѓу партнерите на власта, буџетот распидно се оптеретува.

Јавноста мора да знае дали парите од задолжувањето ќе се трошат за намирување на 3000 вработувања во државната администрација?

Дали граѓаните и голем број идни генерации ќе треба да го плаќаат полнењето на јавната администрација?

Доколку направиме една едноставна математика дека овие 3000 вработувања ќе земат основна нето плата од 25.000 денари доаѓаме до сума од над 14 милиони евра која што ќе треба државата годишно да ја одвојува само на име нето плата, несметајќи ги тука придонесите за пензиско и социјално осигурување, со нив бројката ќе биде многу поголема.

Почитувани,

Попусти се сите обиди за поткуп на гласачите. Граѓаните не го одобруваат расипништвото на СДСМ.

Граѓаните бараат работа и чесен пристап.

Граѓаните и државата не се должни да ја трпат неодговорноста и неработата на власта. Потребни се предвремни парламентарни избори за пад на оваа ненародна власт.

Васев: Власта за една недела ја задолжи Македонија за над 102 милиони евра

Уште не се исушило мастилото од потписот на министерката за финансии Нина Ангеловска од последното задолжување од 62 милиони евра, а веќе се најавува ново задолжување од најмалку 40 милиони евра.

Повторно Заев наредува, а Нина исполнува. Во вторник 24 септември Министерството за финансии преку аукција на државни хартии од вредност ќе ја задолжи државата за најмалку 40 милиони евра. Со тоа министерството за финансии и владата под директна контрола на Зоран Заев ќе ги задолжи граѓаните за 102 милиони евра за една недела.
Повторувам, 102 милиони евра за една недела, а ефект од тоа граѓаните и државата не гледаат.

Јавниот долг веќе надминува 5,3 милијарди евра, ништо од тоа нема. Капитални инвестиции се кратат, нема проекти, нема нови мерки. Граѓаните се се посиромашни.
Капиталните инвестиции од почетокот на годината до јули изнесуваат само 24,5%. Повторувам само 24,5% за повеќе од половина година.

Да биде пострашно овие огромни задолжувања се случуваат во период кога уште погласно се зборува за нови 3000 вработувања во јавната администрација кои доаѓаат како последица на коалициски договор помеѓу партнерите од власта. Тоа се нови 3000 вработувања со кои што треба да се мотивираат и онака членовите на апатичната власт да излезат на избори.
Ете затоа Македонија тоне во рекет, корупција и криминал, затоа гледаме како луѓе се иселуваат и ја напуштаат државата.

Заради нивното расипничко однесување економијата е во колапс и се случува крах и во образованието, здравството, земјоделието, се случува крах во секоја една пора во општеството. Македонија се празни, а се полнат Луј Витон торбите на функционерите од власта.
На оваа власт во заминување ќе одговара за се и пред законот и пред народот.

Време е за смена на СДСМ, време е за предвремени парламентарни избори. Потребна е обнова на Македонија.

 

Арсовски: Со денешното задолжување од 61,7 милиони евра, Нина Ангеловска ќе стане министерка чиј прв проект е задолжување на граѓаните

Денес е денот кога Заев и Ангеловска ќе не задолжат за нови над 61 милиони евра.

Ангеловска со потпишување на денешното задолжување за 61 милион ќе стане министерка чиј прв проект е задолжување на граѓаните.

Долгот на државата вртоглаво расте секој ден, а економијата тоне се повеќе. Нема реализација на капитални инвестиции, нема покачување на животниот стандард, нема проекти од корист на граѓаните.

Никој не знае каде се трошат парите на граѓаните.

Во моментов реализацијата на капиталните инвестиции е само ¼ од предвиденото, странските директни инвестиции се само 48.7 милиони евра, а над 500.000 граѓани секој ден живеат на прагот на сиромаштијата.

Дали е свесна министерката Ангеловска што ќе потпише денес по наредба на Заев?

Накратко, денес ќе потпише уште повеќе да осиромашат граѓаните и државата, а се повеќе да се збогатуваат криминалниот картел на власт.

Јавниот долг ги пробива психолошките граници од над 50% на БДП.

Очајната економска политика на СДСМ и Заев ја опустоши и иссели Република Македонија. Секојдневно стотици граѓани си заминуваат и повеќе не се враќаат назад.

Милионските тендери за цвеќиња, лубриканти, мебел и службени возила само ги докажуваат расипничките намери на власта, наместо да гради и реализира во корист на граѓаните.

Ова лудило мора да престане.

Македонија е на работ на бездната. Заев, Ангеловска и власта мора веднаш да прекинат со овие беспредметни задолжувања.

Миноски: Приоритети нови работни места, економски раст, инвестиции…

Новиот министер за финансии Кирил Миноски, по свечената изјава во Собранието, денеска изјави дека главен приоритет во неговата работа ќе бидат нови работни места, економскиот раст, инвестициите, унпаредување на стандардот на граѓаните и подобрување на деловното опкружување. Во рамки на 106. седница на Собранието, Миноски денеска беше избран за министер за финансии на Република Македонија по оставката од здравствени причини на Зоран Ставрески. Инаку, Миноски е доктор на економски науки. Има 17-годишно искуство работа на финансии, управување со промени проектен менаџмент и човечки ресурси и 13-годишно искуство во работењето на една од водечки светски консултантски компании во имплементација на повеќе донаторски проекти на УСАИД во делот на градење и развој на институциите на Република Македонија во економската сфера и создавање поволно деловно окружување. На оваа функција Миноски, доаѓа од позицијата директор на Управата за јавни приходи.

Пешевски: Остануваме фокусирани на економскиот раст

Вицепремиерот Владимр Пешевски по денешната работилница „Пристап до финансии“ одговарајќи на новинарско прашање даде свој коментар во врска со оценките на Европската комисија нотирани во последниот извештај. Пешевски оцени дека буџетот во изминатите години содржел силна развојна компонента, а конкретните резултати и постигнувања се, како што рече, добар доказ за тоа.