Ѓорѓиевски: Заев и Спасовски спротивно на Закон за полиција прават тампон во командната хиерархија помеѓу началниците на СВР и командирите на полициските станици

Зоран Заев и Оливер Спасовски спротивно на Закон за полиција прават тампон во командната хиерархија помеѓу началниците на СВР и командирите на полициските станици, се со цел да го опструираат техничкиот министер и неговите наредби временски да се забават и развлечат, ова денеска во изјава за медиумите го истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со новата систематизација спротивно на Законот за полиција се определува секоја полициска станица да стане ОВР и истата да добие началник, кој ќе му биде надреден на командирот на полициската станица. И истиот тој началник ќе ги опструира наредбите од началникот на СВР. Спасовски ги обезглавува позициите на началници на СВР, бидејќи поголемиот дел од нив тие се поставуваат од техничкиот министер. Началниците на ОВР ќе бидат луѓе на Спасовски и ќе имаат за задача да ја оневозможат работата на техничкиот министер. Работа за која ако некој се обиде да ја направи ќе одговара согласно законот. Партизацијата на МВР е на сите нивоа. Вчера Спасовски почна да си ги распоредува советниците на клучни позиции во министерството. Имено во помошен директор на БЈБ и шеф на одделот на крим полиција е поставен Оливер Лукаревски, а досегашниот помошник директор Марјан Коцев е поставен на местото началник на СВР Штип, додека за началник на Секторот за меѓународна соработка е поставен Рефик Ќерими, додава Ѓорѓиевски.

Тој додава дека партизацијата е буквално на сите нивоа. Но тоа нема да им помогне, ниту на СДСМ, ниту на Спасовски, ниту на Зоран Заев на 12-ти април СДСМ губи и тоа е повеќе од извесно во Македонија. По 12-ти април следува обновата на Македонија.

Ѓорѓиевски: Заев и Спасовски спротивно на европската пракса ја укинуваат децентрализацијата на полициските станици и го враќаат МВР 15 години назад

Зоран Заев и Oливер Спасовски, директно го кршат Законот за полиција и прават криминал. За кој што криминал подоцна ќе треба да одговараат. Промената на систематизацијата во МВР е незаконска, тоа го знаат сите полицајци и старешини во МВР, а нормално го знаат и Зоран Заев и Оливер Спасовски, ова денеска во изјава за медиумите го истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и Спасовски спротивно на европската пракса ја укинуваат децентрализацијата на полициските станици и ја враќаат МВР 15 години назад. Уредувањето на полициските станици во ОВР е директна опструкција на техничкиот министер и тие се брана помеѓу началниците на СВР и полициските станици, и нормално тоа има за цел да ги спречи наредбите на новиот технички министер. Вчера во само еден ден се прераспоредени над 300 бивши вработени во УБК, кои не беа распоредени во АНБ на места според старата систематизација, која веќе не е во сила. Оливер Спасовски вчера подели 300 решенија кои се незаконски и кои немаат правен основ. Дополнително распоредува над 1.000 службеници во МВР спротивно на законот, за само еден ден има поделено над 1.000 нови решенија, вели Ѓорѓиевски.

Тој додава дека Спасовски врши класична злоупотреба на Законот за полицијата. Спасовски наместо министер сега во моментов е во улога на партиски кадровик.

-Треба да знаат дека го кршат законот и многу брзо ќе има одговараат за ова незаконско работење. Апелираме до сите вработени да не подлегнуваат кон притисоците и заканите на Оливер Спасовски. Игрите и опструкциите мора да запрат. Демократијата не смее да се попречува. Сите злоупотреби кои сега се прават ќе бидат испитани и ќе следат соодветни кривични пријави за сите инволвирани, завршува Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Заев и Спасовски ги кратат овластувањата на техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ кој треба да дојде за 10 дена

Зоран Заев и Оливер Спасовски ја злоупотребуваат својата положба и се обидуваат да му ги скратат овластувањата на техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ кој треба да дојде за 10 дена.Власта врши предизборна злоупотреба и на само 10 дена пред техничката влада изврши промена на систематизацијата во МВР. Со новата систематизација се зголемува старешинскиот кадар, факт кој што е проблематизиран и од ЕУ. Зоран Заев и Оливер Спасовски заради заситување на некои лични партиски апетити ќе ја жртвуваат Македонија да трпи критика од ЕУ, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски кој додаде:

„Според новата систематизација која што стапи на сила вчера секаде се објавени интерни огласи со траење од само два дена за пријавување. Со тоа се врши чиста партизација во очи на избори по брза постапка. Ќе бидат унапредувани луѓе на Заев и Спасовски, кои ќе ги заземат највиталните позиции и ќе треба да го кочат новиот технички министер. Заев и Спасовски ја укинаа и единицата „Алфа“ и воведуваат нови единици за внатрешни работи. Заев и Спасовски му ја сечат контролата што треба да ја има техничкиот министер и постапката на процесуирање на информации целосно ја развлекуваат.“

-Заев и Спасовски прават се само за да ја забават правдата и да го отежнат патот кон демократијата. Времето на криминалци поминува, попусти се сите обиди за опструкција. По 12-ти април конечно доаѓа обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Претепувањето кое се случило е смислено и со цел, власта сака да го замолчи и заплаши Трајковски

Вистинското лице на животот што го донесе Зоран Заев е насилство, криминал и пресметка со политичките неистомисленици, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски доцна синоќа е претепан на крвнички начин, додека пешачел на пешачка патека. Претепувањето кое се случило е смислено и со цел. Власта сака да го замолчи и заплаши Трајковски. Тоа е демократскиот капацитет на Зоран Заев и неговите насилници. После прогоните и судските постапки, власта поминува и на брутално насилство и физички пресметки. Како и вообичаено по секој кривичен настан, Оливер Спасовски и МВР немаат  реакција. МВР продолжува да молчи за овој случај. ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува крвавиот напад, вели Ѓорѓиевски.

Тој додава дека ваквото однесување покажува дека власта во заминување е исплашена и во паника не бира средства. На ваквото однесување мора да му се стави крај. Професионалците во МВР мора да се одважат и да ги откријат и изведат пред лицето на правдата насилниците и сите оние кои се инволвирани и кои што ја дале наредбата за напад. Ова насилство не смее да остане нерасчистено и покриено како останатите случаи во кои МВР по политичка нарачка ги штитеше криминалците и насилниците.

-Зоран Заев и СДСМ се закануваат и ја злоупотребуваат власта. Времето на закани наскоро поминува.  За 10 дена завршува криминално – политичката коалиција на власта. Со заминувањето на Зоран Заев и Оливер Спасовски ќе има и одговорност за секој еден кој што се огрешил пред законите, вели Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Граѓаните не се плашат од заканите на партиските шерифи на СДСМ

Се ближи крајот на неконтролираната злоупотреба на институциите од страна на Зоран Заев и неговите послушници. Министерството за внатрешни работи и полицијата од јануари ќе добијат соодветна контрола, а од 12 април, после промената на власта, ќе бидат целосно во функција на граѓаните во борба против криминалот, рече на денешната прес-конференција, Орце Ѓорѓиевски, од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев и Оливер Спасовски го знаат тоа и сега на 40-тина денови пред заминување и формирање на техничка влада, преземаат очајнички чекори во обид да го задржат политичкото влијание врз полицијата. Оливер Спасовски со мали прекини е веќе четири години прв човек во Министерството и дури сега на 40 дена пред заминување, му текнува да предложи измена на систематизацијата. Потценувачки и за граѓаните и за вработените во МВР. Со новите измени во Актот на систематизација се креираат локални шерифи за кои Заев и Спасовски се надеваат дека ќе работат по нивна наредба, а не по закон. Двајцата се надеваат дека со новата систематизација ќе ги скратат ингеренциите на новиот технички министер. Заев и Спасовски гледаат дека губат и затоа се обидуваат да формираат посебни полициски единици кои сакаат да им бидат под целосна партиска команда. Измените во Актот за систематизација непосредно пред формирање на техничка влада јасно кажува дека Заев го минира идниот технички министер од ВМРО-ДПМНЕ. На Заев не му одговара независно МВР. Заев и Спасовски сакаат полиција под контрола на партијата. Измените во Актот на систематизација се изигрување на договорите помеѓу политичките чинители во Република Македонија. Реформи во политиката се неопходни, но не на овој начин. ВМРО-ДПМНЕ бара Заев и Спасовски да ја повлечат систематизацијата и да престанат да си играат со државата и институциите. Предупредуваме дека после 12 април одговорност ќе има за сите оние кои нема да постапуваат по закон, а нема да може да ги заштитат ниту Заев, ниту Спасовски. Ги охрабруваме чесните професионалци во МВР да продолжат да ги документираат сите незаконитости и да информираат за скандалозното раководење, истакна Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека граѓаните не се плашат од заканите на партиските шерифи на СДСМ. На граѓаните им е преку глава од лошите политики, нарушената безбедност и целата несигурност во изминативе три години. На 12 април СДСМ заминува во историјата.

НОВ СКАНДАЛ: „Криминално-рекетарската власт во заминување подготвува уште еден грабеж тежок десетици милиони евра“

Криминално-рекетарската власт во заминување подготвува уште еден грабеж тежок десетици милиони евра. Последните месеци од владеењето, разграбувањето на државата го вклучија на најјако, ова денеска преку прес-конференција го истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Деновиве сме сведоци на уште една грандиозна измама поврзана со проектот за Системот за итна хелихоптерска медицинска помоши Хеликоптерски услуги за потрага и спасување или попознати какоСАР иХЕМС. Главниот владин играч зад договорот за јавно приватно партнерство е десната рака на Зоран Заев – генералниот секретар Драги Рашковски, а од друга страна стои извесен Саша Ѓаковиќ, кој ја основа фирмата во Република Македонија само 24 дена пред владата да го распише Јавниот повик. Ни помалку, ни повеќе, фирмата која што е избрана на повикот  и формирана 24 дена пред да биде истиот распишан, „визионерски“ го носи истото име како и проектот на Заев САРХЕМС. Ја повикуваме владата да ги објасни сите детали околу договорот, без лагите на Заев дека оваа негова зделка немало ништо да ги чини граѓаните. Вистината е дека граѓаните ќе ги чини премногу. Има огромен сомнеж дека целиот проект се базира на спорна и во најмала рака скандалозна физибилити студија. Оваа студија, според нашите информации ја изработува извесен професор машински експерт, па веднаш се наметнува прашањето која е неговата експертиза во делот на воздухопловството и какво искуство има истиот во областа? Во таа студија, цената на договорот која се предлага изнесува 9 милиони евра годишно, и тоа за договорот на минимум на 8 години. Значи, не станува збор за неколку илјади евра, туку за цели 72 милиони евра кои Зоран Заев се обидува да ги сокрие, вели Јанушев.

Тој додава дека тоа што е уште поскандалозно, не се знае ниту за што точно се исплаќаат, ниту пак од каде ќе се исплаќаат.

-Имено, никаде во студијата не е наведена цената на час летање со овие хелихоптери, а не се споменува ниту дали фирмата ќе има обврска да изведе одреден број на летови за 9-те милиони евра годишно. Затоа, легитимно се наметнува прашањето што ќе плаќаме за 9 милиони евра годишно, особено кога ќе се видат и другите услови во физибилити студијата. А, таму , таму се сугерира фирмата да користи персонал од МВР и АРМ. На кој основ ќе биде ангажиран не се знае, како што не се знае и зошто би се ослабувале капацитетите на војската и полицијата? Или зошто би се исплаќале 72 милиони евра на приватна фирма за веќе платени и високостручни професионалци од страна на државата? Згора на тоа, со физибилити студијата се предлага на приватниот партнер да му се отстапи на користење и Центарот за обука на пилоти во Петровец. Инфраструктурата, хангарите, односно објектите и опремата на центарот вредат околу 10 милиони евра. Зошто тогаш се плаќаат  дополнителни 72 милиони?, прашува Јанушев.

Тој додава дека уште поскандалозен е делот во кој се утврдува начинот како ќе биде исплаќан партнерот на Заев. Имено, студијата предвидува владата да го овласти приватниот партнер да прибира надоместоци и такси согласно позитивните законски прописи во Република Македонија.

-Кои надоместоци и такси , не се наведува, но, се остава простор, партнерот да бил, внимавајте Ве молам:  „ИНОВАТИВЕН“. Верувале или не, владата немало да буџетира дополнителни средства, но ќе му оставела на партнерот да си избира меѓу нови приходи создадени од туризмот, патници кои транзитираат на аеродромите во Република Македонија, дел од средствата од прелети на воздухоплови, па дури и процент од наплатата на патарини. За 9 милиони евра, колку што Заев сака да се плаќа на годишно ниво може да се набават над 200 најмодерни возила за итна медицинска помош, или 2 современи хеликоптери за давање на итна медицинска потреби. Ете дотаму оди криминалната власт во заминување на Заев. Рокот за склучување на договорот е еден месец по одлуката на владата, а јавноста има право да знае што се содржи договорот за хелихоптерите на Заев и Рашковски. Јавно ги предупредуваме да не влегуваат во нови криминали и да не креираат нови обврски за државата и ги потсетување дека секој еден ќе сноси одговорност за криминалот што го прави, завршува Јанушев.

Златев: Спрегата на Јавното обвинителство и Јовевски со власта е очигледна и истата му дава порив за малтретирање на новинари

Утринава бев повикан во МВР по налог на Основното јавно обвинителство пред кое ја држам оваа прес-конференција, а бев повикан поради тоа што оваа година ја објавивме снимката од градоначалникот на општина Шутка Курто Дудуш на која се слуша како тој безправно лишува од слобода, односно киднапира човек и истиот физички го малтретира, ова денеска на прес-конференција го истакна новинарот Љупчо Златев.

-Ова е навистина иронично затоа што јас треба да сносам некаква одговорност затоа што сум објавил некаква снимка на која се гледа како функционер од власта тепа човек. Ме повикаа во МВР, морам да признаам дека службениците беа професионални и ми рекоа дека морало да ме повикаат затоа што имале налог од ОЈО. Ова обвинителство веќе во серија малтретира новинари, а јас како уредник на Економски Лидер сум поканет во истото, додека претходно имаше уште неколку новинари кои се теретени од ОЈО, вели Златев.

Тој додава дека спрегата на Јовевски со власта е очигледна и истата му дава порив да ги малтретира сите оние кои критички ја обработуваат и објавуваат снимки со тепање.

Мора да има одговорност и санкции за нападот на пратеникот на СДСМ, Благојче Трпески врз негов сограѓанин

Неказнивоста на функционерите на СДСМ ги охрабрува да станат уште понасилни.

Следејќи го примерот на нивниот лидер Зоран Заев, тие се закануваат, вршат насилство и ги кршат законите.

Се чувствуваат моќни и недопирливи бидејќи институциите под политички притисок не смее да реагираат.

Последниот напад од страна на пратеникот на СДСМ, Благојче Трпески врз негов сограѓанин, кој во моментот на нападот бил со своето малолетно дете е акт на вандализам и аздисаност од оваа власт.

Одговорност мора да има и ќе има. Ако не сега, тогаш кога ќе ја вратиме  правдата во Македонија и кога ќе почнат да функционираат институциите на системот.

Според информациите, под дејство на алкохол, насилниот пратеник од СДСМ го искршил и автомобилот на жртвата.

Ќе има ли санкции и мерки од страна на МВР или случајот ќе се покрива со фалс записници, менувани по канцеларии како пријавата против Курто Дудуш?

Дали на насилниот функционер на Заев му е направен алкотест? Доколку не му е направен, зошто не му е направен? Дали е точно дека го пуштиле од станица со извинување кон него и со оправдување дека имал имунитет?

Почитувани,

На сите слепи послушници на Спасовски и на Заев треба да им стане јасно дека не смее политичките наредби и злоупотреби да им бидат поважни од законите и интересите на нашите  граѓани. Ќе се бара одговорност и од нив за нивното непостапување и прикривање на случаите.

Функционерите на СДСМ  не се посебна категорија на граѓани на кои им е дозволено да прават што сакаат, а притоа да останат неказнети. Власта која моментално ја чувствуваат и ја чуваат за себе наскоро ќе ја немаат, а тогаш ќе одговараат за целиот криминал и насилието кое го извршија изминативе 3 години.

Очекуваме МВР во најбрз можен рок да го расветли случајот и да поднесе пријава против пратеникот.

Насилието на Трпески не е првпат функционер од редовите на СДСМ или членови на нивните семејства да ги тероризираат нашите граѓани.

Неказнето остана дивеењето синот на Хари Локвенец, Илија Локвенец кој во дискотека во Прилеп извршил сексуално насилство врз своја сограѓанка.

Без епилог е и случајот со насилието на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој во својот кабинет затвори и малтретираше граѓанин на својата општина.

Градоначалникот на Делчево кој ја злоупотреби својата моќ па шиканираше приватни фирми е исто така недопирлив за полицијата на Спасовски.

Дури и една година помина по скандалот со заканувањето на Марјанчо Стојановски, градоначалник актуелен на Демир Хисар пред поголема група ученици, наставници и родители, кој се закануваше а исто така се уште е на функција и нема ништо преземено против него.

Така можеме да редиме уште многу. Секој еден граѓанин знае барем по еден функционер од СДСМ од неговото населено место кој ги шиканира своите сограѓани.

На аздисаноста на СДСМ мора да се стави крај. Потребни се итни и неодложни предвремени парламентарни избори.

МВР кој е под управа на Оливер Спасовски го прогонува секој еден професионалец и ги фаворизира своите партиски послушници

Министерот за прогон и тортура Оливер Спасовски ги шиканира вработените во МВР поради нивните синдикални активности. Долгогодишни вработени во МВР со големо искуство и заслуги се преместуваат без причина и реална основа, само затоа што имаат храброст да бидат членови на синдикат во време на владеење на СДСМ.

Шиканирање на луѓе само затоа што се членови на синдикат е одраз на едно мрачно време кое мислевме дека сме го оставиле зад нас. Но очигледно со СДСМ сагата за професионалците допрва почнува. Ова е црното време за сите професионалци, кое мора час поскоро да заврши.

Помошникот генерален секретар на полицискиот синдикат кој што е  врвен полицаец, правник по професија, со положен правосуден испит, неколкукратно наградуван од министерот за неговата служба на 24 декември, два дена откако е назначен за помошник на генералниот секретар на Независниот синдикат на полицијата, со решение е прераспределен од полициската станица Аеродром во полициската станица Блаце.

Господине Спасовски дали ова е професионалноста која ја ветувавте? Ова господине Спасовски е се само професионалност не, МВР под ваша управа го прогонува секој еден професионалец и ги фаворизира единствено партиски подобните за вас.

Примери за прераспределби на професионалци, за на нивно место да бидат поставени подобни кадри на Оливер Спасовски се случуваат насекаде низ нашата држава.

Заради ваквите политички притисоци полицијата е крајно демотивирана, реализацијата е на катастрофално ниско ниво, а граѓаните ни се понебезбедни. Убиствата, разбојништвата и нападите остануваат и понатаму нерасчистени, така што сериозно е отворен сомнеж дека раководството на МВР го прави сето ова се со цел за заштита и коалиција со криминалот.

ВМРО-ДПМНЕ апелира ваквото шиканирање врз чесните и работливи професионалци во МВР веднаш да запре. Никој, буквално никој па ни Оливер Спасовски и Зоран Заев не смеат да се изживуваат со луѓето кои 24/7 се на располагање за нашата татковина. Понижувачкиот однос на СДСМ кон професионалните кадри во безбедносните служби мора да запре. Одговорност за ваквиот однос и за секое незаконско работење на поединци, кои се изживувале со професионалците ќе има и мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува сите професионалци во МВР да издржат и да не подлегнуваат на притисоците, доаѓа време, почитувани кога ќе биде вратена демократијата и правната држава во Република Македонија и за секое едно прекршување на законите прекршителите ќе одговараат.