Увид во активностите за изградба на новиот објект на ОУ „Невена Георгиева – Дуња“


Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ денеска извршија увид во градежните активности за изградба на новиот објект на основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“.Камен темелникот беше поставен на 1 септември, а градежните активности се одвиваат со одлична динамика. Речиси 40 % од крупните градежни активности се во завршна фаза. Министерот нагласи дека Министерството за образование и наука и во наредниот период ќе продолжи со инвестициски активности за изградба и реконструкција на училишни објекти насекаде низ Македонија.
Покрај ова, во моментов во тек е реконструкцијата и на основното училиште „Круме Кепески“ каде се одвиваат градежни активности за подобрување на енергетската ефикасност.