Министерството за култура додели уште шест решенија за национална пензија

Шест истакнати поединци кои имаат оставено белег во областа на културата и уметноста добија национални пензии од Министерството за култура. Министерката Елизабета Канческа- Милевска денеска им ги врачи решенијата на Фејзи Бојку реномиран писател за деца, Костадин Костадиновски музиколог и композитор, Васил Тоциновски писател, есеист, критичар, книжевен историчар и преведувач, Доне Милјановски академски ликовен уметник, Димитар Узунски фолклорист, раководител на фолклорната група „Копачка“ од с. Драмче и Мајда Тушар истакната театарска, филмска и телевизиска актерка. Со овие 6 добитници на национална пензија Министерството за култура досега има доделено 61 национална пензија. Добитниците на решенијата се заблагодарија за оваа одлука на државата и ја подржаа оваа стратегија на Владата.
Носителите на националната пензија месечно добиваат износ колку што е разликата од нивната пензија до највисоката пензија што се исплаќа во РМ.