Нова опрема во Универзитетската клиника по хируршки болести “Св. Наум Охридски“ во Скопје

Нов апарат за колоноскопија и гастроскопија, ехо апарат и мамограф се набавени и инсталирани во Универзитетската клиника по хируршки болести “Св. Наум Охридски“ во Скопје.Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети клиниката „Св. Наум Охридски“ и каде истакна дека мамограф за прв пат се набавува во оваа здравствена установа, а пациентите до сега биле префрлани во други здравствени установи. Со опремата која што и претходно е набавена и онаа планираната, станува збор за силен инвестициски зафат во Универзитетската клиника по хируршки болести. Вкупната инвестиција ќе изнесува околу 2 милиони евра.Првенствено методата ќе се изведува кај пациенти со промени кај дојката но има примена и кај пациенти со промена на мускуло-скелетниот систем. Апаратот за колоноскопија и гастроскопија е најсовремен модерен апарат кој што овозможува подобра визуелизација и истовремено покрај дијагностичка обезбедува и терапевтска процедура. Кликната “Св. Наум Охридски“ годишно брои околу 65.000 пациенти, повеќе од 220.000 услуги и околу 4.300 операции.Министерот Тодоров истакна дека со инвестициите очекува да се зголеми и квалитетот на здравствените услуги кои што се даваат Универзитетската клиника за хируршки болести.