Стојаноска: Поради нестручно и несовесно работење и претседавање со македонското Собрание, ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја поднесе формално интерпелацијата за Талат Џафери

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во текот на утрешниот ден ќе ја поднесат  формално интерпелацијата за Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија.
Целокупната македонска јавност изминатиов период беше сведок на целосното нестручно и несовесно работење и претседавање на Талат Џафери со македонското Собрание.
Во неколку наврати Џафери еклатантно ги кршеше одредбите од Уставот, Деловникот за работа на Собранието, како и законите со кои е уредена работата на Собранието.
Имено, откако Џафери е избран за претседател на Собранието, сѐ почесто сме сведоци на скандали во неговото работење. Последен во низата беше скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ беа заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Во храмот на македонската демократија во македонското собрание на опозиционите пратеници им беше ускратено загарантираното право на слобода и движење.


Претседателот Џафери постапи несовесно, со тоа што изврши најтешка повреда на „Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија“, односно го прекрши членот 14 од Кодексот, со кој е уредено што се подразбира под тешка повреда на овој кодекс. Иако Џафери е прво потпишан на овој Кодекс, како што можеше да слушне целата македонска јавност, со крајно вулгарен речник, употребувајќи најразлични пцости, вршеше притисок врз службита во Собранието, при што го омаловажуваше нивното достоинство.


Дополнително, во неговиот мандат, сѐ со цел исполнување на коалиционите договори, Талат Џафери во својата работа постапува како пратеник на власта, а не како претседател на Собранието, кој треба да соработува со координаторите на пратеничките групи, како што е предвидено во членот 60 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.


Исто така, иако со истиот член во Деловникот е предвидено претседателот да се грижи за примената на истиот, сведоци сме на најразлични прекршувања, воведување на различни пракси, кои досега не биле дел од работата на Собранието, при што самото тоа отвора простор за проблем во функционирањето на пленумот во иднина.


Многупати сме биле сведоци ние, како пратеници, а и целата македонска јавност на начинот на кој се водат седниците од страна на претседателот, односно на повеќе наврати седниците траеле до раните утрински часови, со намера да се ускрати правото на говор и дебата, а со една и единствена цел – изгласување на закони кои се од бизнис интерес на коалицијата на власт.


Дополнително, во изминатиов период, сведоци сме на повеќе прекршувања на Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија од страна на претседателот и тоа:
– Неразгледување на интерпелации поднесени за работа на носители на јавни функции, предложени од опозицијата. Интерпелациите само се оставени на дневен ред на одредена седница и никогаш тие точки не се разгледуваат. Интерпелациите за тогашниот вицепремиер Љупчо Николовски и министерот Бојан Маричиќ станаа беспредметни, бидејќи тие сега извршуваат сосема други функции;

Понатаму:
– Неразгледување и непродолжување на пленарни седници, на кои се останати информации предложени од опозициските пратеници;
– Ненавремено доставување на материјал до пратениците;
– Спротивно на Деловникот и без образложение, отфрлање на амандмани поднесени од пратеници на опозицијата;
– Одземање на право на говор на пратеник, како што беше случајот со утврдување на дневниот ред на 71-та Седница на Собранието;
– Разрешување и избор на член на работно тело на Седница на Собранието, без претходно да има одлука која треба претходно да е усвоена на матичното работно тело;
– Неупотреба на македонскиот јазик во излагањето на Талат Џафери пред Комитетот на министрите на Европскиот парламент, како единствен службен јазик во меѓународните односи на Република Македонија.


Со ваквиот неодговорен пристап, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери покажа дека нема капацитет за правилно водење  на Собранието, ниту пак покажува волја за соработка со пратениците  од опозицијата, преку почитување на Уставот и Деловникот.


Поради овие причини, ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, согласно Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија, ја поднесуваме оваа интерпелација.
Ние не очекуваме дека власта, предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски, ќе се охрабри и ќе ја изгласа оваа интерпелација, и дека 61 пратеник од власта ќе го чујат гласот на народот и ќе гласаат за разрешување на Талат Џафери.


Но, добро е граѓаните да го видат лицето на ДУИ и СДСМ, како сложно го бранат неодбранливото дивеење врз Уставот, Деловникот и законите, од страна на Талат Џафери.

Стојаноска: Талат Џафери да се извини и да поднесе оставка

Поминаа повеќе од десет дена, а Претседателот на Собранието Талат Џафери, не само што не се извини за неговото безобразно однесување спрема вработените во собраниската служба туку се однесува како ништо да не се случило.
Крајно е недозволиво токму од човекот кој што прв го потпишал етичкиот кодекс за однесување во Собранието, најгрубо да го крши и да бега од одговорност и заедно со пратениците од власта да пробуваат на секаков можен начин да го скријат под тепих овој скандал.
Џафери најмалку што можеше да направи е да се извини за ваквото однесување и да си поднесе оставка од функцијата Претседател на Собранието.
Сакаме да му порачаме на Џафери дека колку и да бега од одговорност и да пробува да се заборави овој скандал дека дамката што ја остави зад себе секогаш ќе го прати, а ние секогаш ќе бидеме тука да го потсетуваме дека со неговото однесување и работа е еден од најлошите и најнеспособните претседатели што ги имало Собранието.
Исто така го повикуваме господинот Панчо Минов да не одолговлекува и да закаже седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на која што ќе се расправа за санкции по повот прекршувањето на етичкиот кодекс од страна на талат Џафери.
Доколку Џафери не понесе одоговрност за ваквото однесување ќе даде до знаење до сите пратеници дека етичкиот кодекс на кој што сите заедно работевме, повеќе не важи во законодавниот дом. 

Стојаноска: Нема да дозволиме Собранието да носи партиски и кадровски одлуки креирани во штабовите на СДСМ и ДУИ

Собранието на Република Македонија повеќе не е претставнички дом на граѓаните, туку е претворен  во кадровско-партиски штаб на СДСМ и ДУИ.  Овој законодавен дом од вчера е претворен во алатка за пресметка на СДСМ и ДУИ со своите политички противници, газејќи се’ пред себе, и Устав и Деловник, но и волјата на граѓаните.  Имено, преседанот кој што се случуваше вчера, а очигледно ќе продолжи и денес, го покажа вистинското лице на СДСМ и ДУИ и нивната лажна заложба за нормално функционирање на Собранието. 

За прв пат во политичката и парламентарната историја на Република Македонија ова владејачко мнозинство предводено од двоецот СДСМ/ДУИ има намера, спротивно на Деловник и на сите деловнички процедури, но и спротивно на Уставот на Република Македонија, да разреши член на собраниска комисија без предлог на Комисија за избори и именувања. Ова не се случило никогаш досега, ова не се случило во ниеден парламентарен состав од осамостојувањето на државата па се’ до вчера.  Токму затоа, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во текот на целиот вчерашен ден реагираше и алармираше на грубо кршење и буквално бришење под со Деловникот и Уставот на Република Македонија. За да ги спречиме во таа налудничава намера, ние во текот на вчерашниот ден, искористувајќи ги сите алатки согласно Деловникот, поднесовме преку 400тини амандмани кои веднаш ни беа отфрлени. 

Отфрлањето на нашите амандмани и неотстапувањето од намерата на СДСМ и ДУИ по секоја цена да се разреши пратеникот од Комисијата заради обезбедување на ново мнозинство во неа, притоа непочитувајќи ниту процедура, ниту Деловник и Устав, е доказ дека на ова владејачко мнозинство навистина му гори под нозете и е свесно дека му се ближи крајот.  Почитувани,  Ова што се случуваше вчера и очигледно ќе се случува и денес овде во Собранието е срамно и понижувачки. Ова е самоволие и деловничко насилие од светски размери режирано од СДСМ и ДУИ. 

Од тие причини, како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, како и вчера, така и денес овде од оваа говорница, уште еднаш упатуваме јасна порака до владејачкото мнозинство да ја преиспитаат својата намера за насилно разрешување на пратеникот од Комисијата и веднаш да ја повлечат предлог одлуката. Доколку не го сторат тоа, ние како народни избраници и претставници ќе ги превземеме сите алатки согласно Деловникот и ќе направиме се’ за да ги заштитиме граѓаните. Нема да дозволиме ова Собрание да носи партиски и кадровски одлуки креирани во партиските штабови на СДСМ и ДУИ. 

На крајот, сакаме да ја информираме јавноста дека токму за ова што се случува во Собранието, ќе бидат известени сите релевантни и меѓународни фактори. Ова мора конечно да престане. Собранието не е приватна компанија на Заев и Ковачевски, Собранието не смее да биде партиско седиште на СДСМ и ДУИ за спроведување на нивните погубни политики.

Стојаноска: Насилието на СДСМ и тензиите во Собранието се затоа што Законот за наставници овозможува партизација и нема зголемување на платите на наставниците

Почитувани,

Насилието на СДСМ и тензиите во Собранието се затоа што Законот за наставници овозможува партизација и нема зголемување на платите на наставниците.

Значи, повторувам, Законот за наставници кој е на дневен ред денес на собраниската Комисија за образование е Закон со кој се овозможува партизација на образованието и Закон со кој не се зголемуваат платите на наставниците.

Зошто СДСМ е заинтересирана за овој Закон? Па сака да го донесе, дури и по цена на кршење на Деловникот за работа на Собранието.

Ова е Закон со кој СДСМ предвидува вработување на наставници на неопределено време, без приправнички стаж, со што се укинува еден од механизмите за контрола на квалитет и се овозможува партизација во образованието.

Трансформацијата на работниот однос е решена во затворен круг на градоначалникот, директорот кој го именува градоначалникот и кој формира училишна комисија за вработување и комисија за трансформација, која ја формира градоначалникот. Ова е основ за политизација на вработувањата.

СДСМ, да се грижеа за просветниот кадар и за покачување на нивните плати, ќе го усвоеја амандманот на Законот за минимална плата, предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, тоа е одбиено и се прибегнува кон усвојување на овој штетен Закон. Затоа, ние нема да ги прифатиме измените кои власта на сила ги турка во Собранието.

Од страна на Соња Мираковска вчера беше извршено кривично дело според Кривичниот законик, член 353 кое што укажува на злоупотреба на службена должност и овластување

Вчера, на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која се наоѓа Законот за Академија за судии и јавни обвинители, без никакво гласање, со груба повреда на Деловникот, претседателката Соња Мираковска констатира дека завршил прв ден од трите дена предвидени за расправа по овој закон.

Како може да заврши нешто што не е започнало?

Се работи за предлог закон со европско знаменце, кој е надвор од процедурите на она што е потреба за усогласување со европската регулатива. Ова е закон кој има за цел да ја онеспособи опозицијата и да ја ограничи расправата во три дена.

Во текот на вчерашниот ден зборувавме за процедурата. Имено, укажавме дека овој закон е многу важен за Академијата за судии и јавни обвинители и не смее да биде донесен во скратена постапка на ексклузивен начин, туку напротив, инклузивно да се вклучат сите засегнати и оние од експертската јавност и оние од невладиниот сектор за да дојдеме до подобри решенија оти ние само ги менуваме законите вклучувајќи го и овој. Досега три закони имало и тоа не се менуваат туку се носи нов закон и повторно се соочуваме со истите проблеми. Затоа мислевме дека низ дебата ќе дојдеме до подобри решенија ама некој бега од дебата. Ние само сакавме да кажеме дека ниту еден услов од Деловникот за европско знаме и за скратена постапка не е исполнет.

Како може некој да смета дека без гласање, може да се констатира дека е усвоен дневниот ред за комисијата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи вакво злосторничко здружување и најмалку ќе дозволи македонското Собрание да стане арена за проток на сите нивни режимски и хибридни идеи кои имаат за цел сместување на послушници, приврзаници и свои роднини во судските и обвинителски функции.

Сакаме да додадеме дека од страна на претседателката Соња Мираковска вчера беше извршено кривично дело според Кривичниот законик, член 353 кое што укажува на злоупотреба на службена должност и овластување.

Стојаноска: Пратеничката група на Алијанса за Албанците се согласува дека Изборниот законик треба конечно да влезе во процедура

Како што знаете денес ја заокружуваме онаа тура од средби со помалите пратенички групи во Собранието на Република Македонија и предмалку само што заврши средбата со координаторите на Пратеничката група на Алијанса со кои секако разговаравме за прашањето за Изборниот законик.

Можам од оваа средба да ве известам дека повтоторно како што беше заеднички содржател од сите изминати средби во оваа недела, а тоа  дека и Алијанса се согласува дека Изборниот законик треба конечно да влезе во процедура, сите сме за јавна расправа со Собранието по однос на ова прашање на која ќе ги разгледаме сите поединечни ставови и барања по донос на тоа дали листите да се отворени, по однос на прагот итн.

Значи останува заклучокот од сите изминати средби, мислам дека денес е направена последната и бараме овој предлог на закон конечно да влезе во процедура и за тоа го повикуваме претседателот Талат Џафери.

Стојановска: Заев е премиерот кој нижеше само капитулации

Зоран Заев е премиерот кој нема да и фали на Македонија. Премиерот кој не однесе на 111 место на листата на Транспаренси Интернешенл, премиерот заради кој од Стејт Департментот бевме окарактеризирани како држава во која американските инвеститори посочуваат на корупција и неефикасност на институциите. Премиерот со кој државата и неговата влада го добија епитетот хибриден режим од угледниот магазин Економист.

Зоран Заев е најнеугледниот премиер на Македонија кој треба да оди во заборав, но грешките и проблемите кои ги предизвика ќе се развлекуваат со години.

Зоран Заев е премиерот кој нижеше само капитулации. Ја донесе државата во подредена положба, и во односот со Бугарија ја понижи.

Заради Заев, Македонија добива нови уцени, блокади и кочења.

Зоран Заев е премиерот кој отвори многу прашања и не затвори ниту едно.

Правосудниот систем стана заробеник на власта, судски пресуди се диктираа и се уште се диктираат од него или луѓето околу него, а обвиненија се конструираат по нарачка. Осуди луѓе на 200 години затвор заради лични хирови, спротивно на сите начела на правото.

Ги злоупотреби институциите за систематски рекет, а кога неговото име ќе се спомне во судница, тој што го кажал веднаш се исфрла надвор.

Јавното обвинителство не се осмели да подигне едно обвинение против Заев, а индиции и факти имаше многу.

Заев од државата направи поле со марихуана, каде неговите братучеди и пријатели го држат целиот бизнис со канабис, а шоферите на неговите братучеди шверцуваат дрога во тони. И никој за тоа не одговара.

Зоран Заев ќе остане запаметен како човек кој заедно со министерот за здравство Венко Филипче бараа провизии и од вакцини. Народот 5 месеци одеше по околните држави да се вакцинира, затоа што Заев и Филипче не се испазариле за провизијата и не набавуваа вакцини.

Заради неговата неспособност од КОВИД 19 починаа луѓе колку што жители има едно Берово, Крушево или Кратово.

Земјоделците беа оставени на цедило. Ниту имаше сигурен откуп, ниту високи откупни цени. Трудот на земјоделецот беше потценет. А кога тие излегоа на протест тој им пушти полиција за да ги тепа.

Зоран Заев е човекот под чиј диктат се укинаа учебниците.

Еден инфраструктурен проект нема завршено, ниту тие наследени од ВМРО-ДПМНЕ не може да ги заврши и по повеќе од 5 години власт.

Зоран Заев ќе остане запаметен како најголемата непогода која и се случила на Македонија. Никој нема да тагува по Заев, а народот ќе тагува по се она што тој му го одзема.

И оставката на Заев не е морален чин, тоа е чин за спас, и обид преку инсталирање на свој пион како Димитар Ковачевски да се спаси од одговорност.

Владата на СДСМ во најава е влада со краток рок на траење. Народот бара избори, и изборите се единствен начин државата да го заборави заевизмот и да тргне напред.

Владата на Заев не е никаков нов почеток, туку продолжување на спрегата на стари истрошени и транзициски кадри, криминалот и корупцијата

Владата која ја предлага Зоран Заев не е никаков нов почеток, туку продолжување на спрегата на стари истрошени и транзициски кадри, криминалот и корупцијата.
Коалицијата за криминал и тендери не може да донесе реформи, ниту пак свежина.
Коалицијата за криминал и тендери ќе донесе поделби, стагнација, неспособност и афери.
Уште незапочнатата и неизгласана, новата влада ја тресат афери како Еуростандард, тешка 200 милиони евра, Ковид криза која одзема секојдневно животи, и дупка во буџетот, од нова една милијарда евра потрошена на поткуп. Ќе имаме влада која на само неколку дена пред почеток на училишната година нема никаков план ниту програма. Имаме влада и предлог за премиер кој денес гледаме дека заборави на реалните проблеми, а говори општи флоскули и фрази за почвата, воздухот и водата. Заборави на сите негови ветувања.
Составот на предлог владата гарантира дека следува период каде ќе се повторат рекетите, роднинските тендери, и заштитата на криминалците. Зоран Заев не може да испорача ниту еден случај на спроведување на правдата, а изговорите ќе ги бара во судството и обвинителството кое тој ги владее. Што однесува до економијата следува најцрниот период за стопанството и оправдувањето неосновано ќе го бара во својот коалиционен партнер кој ќе ги владее ресорите кои нема да работат ништо. Впрочем ќе бидеме некој нов јули каде ќе каже оправдување дека пет пари не вреди ДУИ додека граѓаните ќе тонат во сиромаштија.
Нема простор за оптимизам. Граѓаните не добиваат нова влада туку добија повторување на старите и истрошени кадри, кои се компромитирани со афери и криминали. Добија влада која веќе меѓународните институции ја прогласија за најкорумпирана во Европа. Го добија Оливер Спасовски кој не реши ниту едно убиство, Радмила Шекеринска која е транзициски кадар со еден тон афери зад себе. Никола Димитров кој си делеше стипендии за своите деца, советникот за неправда Маричиќ кој стана министер за правда со цело едно дрво непотизам во судско обвинителската сфера, Венко Филипче кој најкатастрофално се справи со Ковидот во Европа повторно станува министер, Љупчо Николовски кој правеше најголеми криминали сега ќе се бори против корупцијата. Ова е влада за криминал и економско фијаско.
Што се однесува до предлогот за потпретседатели на Собранието, на површина излегува лукративноста и пазарџискиот менталитет на Зоран Заев. Во исто време кога се фали дека се кратат министерства треба да каже дека се трошат пари за нови тела и секретаријати преку кој ќе продолжат да функционираат тие министерства и се воведуваат 5 потпретседателски места во Собранието кои ќе ги трошат народните пари додека народот осиромашува. ВМРО-ДПМНЕ нема да го легитимира нечесниот предлог на Заев кој е само за коалиција, трговија и пазарџиство и од тука нема да го прифати неговиот предлог. Парите треба да се трошат за народот, а не за трговија на Заев.
Воедно ВМРО-ДПМНЕ го осудува недозволивото кршење на Деловникот на Собранието од страна на пратениците на СДСМ и коалицијата при постапката за избор на нови пратеници.

Новоизбраните пратеници се нелегално и нелегитимно одбрани со кршење на Деловник. Неделовнички е изборот на новите пратеници. Затоа ние ќе поднесеме тужба до управниот суд на државата.

Верификационата комисија постои исклучиво само за време на конститутивната седница согласно член 12 од Деловникот на Собранието. За верификација на мандати на остатокот на мандатите во Деловникот треба да се чита членот 17 кој што вели: Верификација на мандатот на пратеници кои станале пратеници од листа на кандидати за остатокот од мандатот, Собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на извештајот од Државната изборна комисија како предлог од Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања. Што значи, мандатот е завршен и со тоа надлежностите на верификационата комисија се исцрпени.

Новинарско прашање: Моето прашање се поврзува со следната седница на Собранието е гласање за новиот состав на Владата. Вие имате критики за составот на новата Влада, дали ќе присуствувате како пратеници во Собрание на седницата кога ќе се изгласа новата Влада и дали ќе предложите потпретседател на Собранието. Имаше најава од Илија Димовски, но ми треба коментар од партијата дали ќе предложите потпретседател на Собранието?
Одговор на новинарско прашање: Во однос на првото прашање да ќе присуствуваме на таа седница и ќе се пријавуваме за говор со цел да ги разобличиме сите стари и транзициски истрошени кадри на оваа не би рекла нова Влада. По однос на второто прашање јас веќе во пресот го одговорив дека овој па и сите останати предлози на Зоран Заев кој што значат трговија, раскусурување со неговите незадоволни коалициони партнери, пазарџиство ниту сега, ниту во иднина од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема да бидат прифатени.

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

Државата добива нова влада со стари, компромитирани и истрошени транзициски кадри.


Македонија добива нова влада со криминални кадри оптоварени со по десетина афери, случаи на непотизам и сомнежи за корупција.


Оние кои ја направија државата рекордер по корупција, криминал и неуспеси во Европа сега повторно ќе раководат со институциите.

Следува тежок период за Македонија.

Од метлата која ја најавуваше Зоран Заев нема ништо, и таа негова фраза се врбојува во многуте лаги кажани од овој човек.

Новата влада е големо разочарување затоа што во нејзе се истите кадри кои ги донесоа сите неуспеси, порази на државата и создадоа апатија кај народот.

Владата на Заев е доказ дека неспособноста, некадарноста и криминалот за жал во Македонија продолжува да владее. Затоа што на раководни места се луѓето кои беа предводници на овие работи.

На нејзино чело е Зоран Заев човек кој најмалку два пати е аболиран за криминал. Човек кој од просечно земјоделско семејство стана олигарх и транизициски профитер. Човек чие семејство поседува капитал во Македонија и Бугарија и со недвижен имот во Грција. Човек чие име и да нема крупна корупциска афера а да не се врзува директно со нејзе. Човекот кој е главата на рекетот, и кој беше директно прозван дека кај него завршиле парите од рекетот од 8 милиони евра. Заев кој го слушавме како нарачува пресуди, договара судии. Човек кој е заштитник на неправдата и човек чие име и презиме станува синоним за лаги и криминал.

Во новата влада со старите и истрошени кадри Заев не е единствениот транзициски политичар, таму е и Радмила Шекеринска која е транзициски и истрошен кадар на Социјалдемократскиот сојуз. Таа како досегашен министер за одбрана ќе остане запаметена како министерка која не посвети внимание за подобрување на статусот на Армијата, која директно учествуваше во нејзиното идентитетско обезличување. Зад работата на Шекеринска не изостанаа ниту сомнежите за криминално работење. Ќе остане запаметена по најскапата набавка на грејдери во министерството за одбрана. Таа набавила две тешки машини „грејдери“ за потребите на Армијата на Република Македонија во вредност од 464 илјади евра, а истите машини од истата компанија ‘Корковадо’ во Србија, по неколку месеци, се набавена по цена од 132.000 евра од машина или вкупно 264.000 евра за двете машини, кои никој не знае каде завршија.

Воедно Шекеринска како прв човек на министерството за одбрана ја злоупотреби армијата кога за потребите на партиски спот снимен во министерството ги построи војниците да ја отпоздрават. Воедно ќе остане запаметена и како министерка која набави униформи на македонските војници без идентитет, име и држава. Додека војниците кубурат со опрема Шекеринска како министерка купуваше не само бадеми и ореви, виски и морски плодови кои беа во вредност од над 80 илјади евра, туку и торти и колачи во вредност од неверојатни 3 милиони 700 илјади денари.

Воедно Шекеринска ќе остане запаметена и како министерка која додели грант од 500.000 денари на невладината организација „Евроатлански совет на Македонија“ во која членува токму таа. И ќе имаме прв човек на министерството за одбрана која не разликува македонско знаме од знаме на државата Аризона.

Потоа, во новата влада продолжува да биде министер најнеспособниот министер за здравство во македонската историја Венко Филипче. Човекот кој е директно одговорен за фијаското во справување со корона кризата, кој на почетокот не убедуваше дека ќе има не повеќе од 2 илјади заразени, за да денешната бројка е надвор од контрола и повеќе од десет пати од претходно кажанато односно близу 13 илјади заразени. Човекот кој продолжи да тера бизниси и додека пациенти беа заразувани.

Од една милијарда евра кредити, сите до едно евро се потрошија на изборен поткуп, а во здравството, наместо борба против корона, се изгради една монтажна болница која е странска донација.

Нема ништо од нов клинички центар, а се стопираше и градбата на клиничката болница во Штип. Но, за сметка на јавниот интерес, продолжи личниот интерес. Па така фирмата која добиваше најмногу тендери во министерството за здравство нему и на директорот на клинички му гради хациенда во Нерези.

Главната реформа на Филипче беа тендерите за Жути. Па така фирма која е основана пред само четири месеци и за сопственик има 27 годишен државјанин на Србија го доби тендерот за централизирана набавка на апарати и реагенси за лабораториите за испитување на крв. Тендер вреден 35 милиони евра. За време на министерувањето на Филипче Директорката на хематологија му даде 3 милиони евра тендери на својот татко сопственик на веледрогерија. А да не збориме и за сомнителните случаи со родилките кои починуваа, за пациентите кои губеа животи поради преплет на црева и редица други монтруизни случаи за кој Филипче сега е награден со нова министерска позиција.

Во новата влада со стари и истрошени кадри ќе продолжи да членува Никола Димитров овој пат како министер задолжен за европски интеграции. Значи човекот кој ги донесе сите национални порази не може да биде европската иднина на земјата. Човекот кој мака мачи со Заев да објасни кој е новиот датум за преговори со ЕУ, не може да донесе европска перспектива. Димитров како министер за надворешни работи ќе остане запаметен и по низа скандали. Владата во која тој беше член и исплати стипендија на неговата ќерка во износ од 40 илјади долари потпишана од сопругата на новиот министер за правда Бојан Маричиќ. Не сите успешни деца ја имаат таа среќа. Потоа тој ќе остане запаметен како прв човек на МНР кој за македонскиот народ смета дека е цитирам искомплексиран народ, народ со комплекси, несигурен во себе.

Ако Зоран Заев е промотор на криминалот, тогаш негов главен заштитник ќе остане Оливер Спасовски кој е срам за македонската полиција. Тој како поранешен прв човек на полицијата стои зад непостапувањето по бројни случаи на криминал и корупција. Додека тој беше министер полицајка се удираше во пајак само за да се заташка силеџиството на локалните шерифи во градот. Се амнестираше тепање на граѓани од страна на сдсмовскиот градоначалник Курто Дудуш. Градоначалници шверцери на цигари се пуштаа на слобода, додека вистинските криминалци беа во друштво на Спасовски. Неговото министерување ќе остане запаметено и со низа скандали како набавката на пасоши во износ од 20 милиони евра, незаконски унапредување мешу кој и она кога Спасовски си го назначил братучедот за началник на граничната полиција.

Решението на Заев, Благој Бочварски да биде министер за транспорт и врски е признание дека Бочварски е ужасно лош градоначалник на Штип кому министерската функција му е сламка за спас на неговата кариера и обврска да ги штити своите и градежните бизниси на Заеви. Бочварски како градоначалник единственото искуство со транспорт и врски го има кога делеше тендери на компаниите на неговиот татко.

Прашањето е дали градежните фирми на новиот министер за транспорт Бочварски ќе го преземат градежниот пазар во Македонија. Бочварски даде и признание наспроти негативната кампања која ја водеше СДСМ а тоа е дека трасата на автопатот Кичево-Охрид не е промашена и дека сите обвинувања биле за политички поени. Бочварски како градоначалник не може да се запамети по ниту еден единствен проект освен по рекламирањето на проект за базен со фотографија од американска држава.

Министер за правда ќе биде човекот кој е доказ за неправда и непотизам во судско обвинителските кругови Бојан Маричиќ. Бојан Маричиќ доаѓа за министер за правда откако претходно неговата сопруга беше шеф на кабинет на претходната министерка за правда, а неговиот татко е виш јавен обвинител во Република Македонија. Тој доаѓа од местото советник на Заев и неговата единствена задача ќе биде заштита на криминалот и притисок врз судството.

Нова министерка за образование е старата неуспешна министерка за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа ќе остане запаметена по тоа што како прв човек на министерството нејзиниот неформален сопруг добивал набавки во четири очи. За време на нејзиното министерување придонеси не им беа плаќани на 14.000 граѓани, заглавени беа илјадници предмети за туѓа нега. Над 100 илјади граѓани живеат со по 50 денари дневно. Секој трет човек во државата е сиромашен.

Пратеничките Јагода Шахпаска која како пратеник си ја вработила својата золва, во Општина Берово и пратеничката Ирена Стефовска чиј главен дострел во културата е уништувањето на споменици како дел од шарената револуција не може да се новата енергија на компромитираната влада.

Давањето на секторот финансии и економија на ДУИ и измислувањето на функција заменик премиер ќе биде само бледо оправдување за неуспесите на новата влада и Зоран Заев.

На крајот ова е владин состав со најмала застапеност на жените со што се нарушува и родовата еднаквост.

Коалицијата СДСМ-ДУИ е за заштита на криминалот, правдата ќе остане недостижна и далечна

Коалицијата СДСМ-ДУИ не е за напредок на државата, туку за продолжување на лагите, криминалот и корупцијата.

Коалицијата СДСМ-ДУИ е за продолжување на матните тендери, распродажба на државните интереси за сметка на личното богатење. Македонија нема да види преродба туку стагнација, проблеми и продлабочување на поделбите.

Се што ветуваа пред изборите сега не важи. Заев за ДУИ сметаше и изјавуваше дека пет пари не вреди, дека време им е за опозиција, дека во Мала Речица било седиштето на криминалот. Потпретседателот на СДСМ Зекири сметаше дека ДУИ е канцерот во македонското општество. А од ДУИ сметаа дека СДСМ ги интересира само тендери и дека ја лажат македонската јавност.

Денес имаме коалиција меѓу СДСМ и ДУИ за заштита на тендерите, бизнисите и криминалот. Денес имаме значи коалиција за влада која не вреди 5 пари, која е канцер на македонското општество и која е извор на криминалот.

Она што ги обединува коалицијата СДСМ ДУИ е криминалот, корупцијата и лагите. Се што ветуваа пред изборите нема да биде исполнето. Уште сега јавноста треба да знае дека не чека уште поголема економска криза, затоа што една милијарда евра наместо за спас од Ковид кризата ја потрошија во изборен поткуп.

Исто така европската иднина на државата ќе остане далечна, затоа што со криминал и корупција нема европска иднина.

Правдата за оние кои се огрешиле спрема законот ќе остане недостижна и далечна, а ќе продолжат бизнисите и личните интересите. 

Воедно законот за потекло на имот кој ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесе треба да започне од врвот на СДСМ. Да види јавноста како од просечно земјоделско семејство Заеви станаа мултимилионери. Како луѓе од раководството на СДСМ стигнаа до палати во центарот на градот, го зголемија имотот со бизниси, хациенди и луксузни возила. 

Овој закон СДСМ и Заев не го сакаат затоа што тој се однесува против нивното богатство спечалено на грбот на народот.

И на крај, ним им треба 100 дена премиер албанец за да ДУИ тоа го прогласи за некаков успех, а Заев да може црните работи и отстапки да ги препише на тој премиер. Ова се работи кои ја прават уште неформираната влада нелегимна и без кредибилитет.

Прашање: Кој е вашиот став во врска со предлогот на Коалицијата СДСМ-ДУИ во односно на укинувањето на техничка влада?

Одговор: Зоран Заев и Али Ахмети не може еднострано да тргуваат со нешто кое создава права и обврски и за опозицијата и нешто што беше заеднички договорено со консензус од политичките партии од власта и опозицијата во тоа време. Инаку ставот на претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и денес е непроменет, односно дека техничката влада во ваков облик и форма е нефункционална и дека истата не треба да постои.

Пример за нефункционалноста е на пример кога министерот за внатрешни работи ќе апси луѓе кои што вршат поткуп а обвинителот ќе ги ослободува и истите за кратко време ќе ги видиме како се фотографираат со Зоран Заев или министер за внатрешни работи ќе донесе одлука и ќе именува професионалци, за истите од страна на владата да бидат заменети со партиски војници.

Сето ова точно е дека создава проблем со функционалноста и е мотив повеќе, политичките партии и од власта и опозицијата да донесат итно решение чија што задача ќе биде само спроведување на фер и демократски избори. Во спротивно ако со ваква техничка влада ни се случи ваков масовен поткуп, тогаш можеме да замислиме што би се случило на следните парламентарни избори со ваква полна влада на Заев и Ахмети.