Доделени решенија за неповратни средства од АВРМ на лица со посебни потреби

На 69 компании денеска им се доделени неповратни средства од Посебниот фонд за вработување на лица со посебни потреби, со што се заокружува бројката од 165 решени барања поднесени во текот на минатата година. Останати се уште 76 барања кои ќе бидат решени во текот на месец февруари во висина од околу 40 милиони. Раководителот на Центарот за вработување на Град Скопје, ги охрабри сите невработени лица кои имаат одреден инвалидитет да отидат во Центарот за вработување и да се регистрираат, бидејќи како што рече, постојат огромни можности за нивно вработување или самовработување. Лицата на кои денеска им беа врачени решенијата се задоволни од можностите за вработување што им се нудат. Надлежните изразија надеж дека во идниот период ќе има многу повеќе барања.