Tрајно решен работниот статус на 112 поранешни професионални војници

112 поранешни професионални војници во АРМ денес потпишаа договори за вработување со што трајно е решен нивниот статус, со кој пак се придонесува во подобрување на економско-социјалната состојба на нивните семејства. Премиерот за спроведување на изборите честитајќи им на поранешните професионални војници за потпишаните договори за вработување во државните институции, нагласи дека како и досега и во иднина во Владата ќе имаат искрен партнер и ќе се продолжи со посветена работа, нови мерки и проекти, со практикување на политика на отворени врати и блискост со граѓаните. Министерот за одбрана пак, изрази надеж дека извонредно квалитетните вештини стекнати за време на служењето во АРМ како професионални војници, ќе бидат најдобро искористени од другите државни институции, а во иднина најверојатно и приватниот сектор. Професионалните војници задоволни од денешните решенија, истакнуваат дека по 6 години конечно се решава нивниот проблем. Предвидено е овие 112 лица да бидат вработени во поголем број државни институции. Поранешните професионални војници ќе добијат вработувања во непосредна близина каде што имаат постојано живеалиште, а работните места каде што ќе бидат вработени се врз основа на степенот на нивното образование, исполнетост на законските услови и професионалното искуството кое го поседуваат.