​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Kандидатот за претседател на СДС наместо највиското партиско тело, ќе го избираат Артан Груби со асистенција на Миле Зечевиќ

Изјави 19 февруари 2019 16:00

На Македонија не и треба нов Зоран Заев, ниту па и треба уште еден следбеник на заевизмот и менталната матрица кажувам, заборавам, негирам! Единствено на Заев му треба послушник кој што ќе ја поддржува политиката едно евро за Вицето, ќе ги подржува криминални тендери или пак епидемијата на непотизам. Почитувани, Заевизмот го заборави и го …

На Македонија не и треба нов Зоран Заев, ниту па и треба уште еден следбеник на заевизмот и менталната матрица кажувам, заборавам, негирам! Единствено на Заев му треба послушник кој што ќе ја поддржува политиката едно евро за Вицето, ќе ги подржува криминални тендери или пак епидемијата на непотизам.

Почитувани, Заевизмот го заборави и го негира огласот кој што пред  неполни две недели беше распишан тука од СДС за кандидирање за претседателски кандидат. Огласот е заборавен и негиран уште пред истекот на рокот којшто беше зададен токму од СДС. Внимавајте, распишаа оглас на четврти февруари, со рок  траење до 19ти, односно до денеска, а веќе вчера, на 18ти, ден пред истекот, тие веќе го имаа заборавено и го негираат огласот! Го негираат тоа што наместо Извршниот одбор, највисокото тело партиско на СДС кандидатот за претседател на СДС ќе го избира Артан Груби од ДУИ, а со асистенција на Миле Зечевиќ!

И нема ништо од апликациите, ништо од наведените критериуми, како тоа кандидатот да ужива доверба на членството и на симпатизерите на СДС и да ја како што беше наведува оживотворува политиката на СДС! Кандидатот сега треба да ја оживотворува политиката на Артан Груби и да ја ужива довербата на ДУИ!

Заев сега не бара претседателски кандидат. Бара послушник кој што ќе му го аминува криминалот на картелот во власта. И нема ништо од демократски норми во овој избор. Членството ќе биде ставено во функција да гласа за изборот на Артан Груби.

Каде се европските вредности во глумењето во сета оваа постапка. Дури ниту во копирањето на ВМРО-ДПМНЕ не ги бива. Гордана Силјановска Давкова, еминентен професор, ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ со гласови од бројни еминентни професори, доктори, правници, економисти, кои беа дел од звучните имиња меѓу делегатите на Конвенцијата во Струга. Епа наместо такви звучни имиња, СДС ќе трча со кандидат избран од Артан Груби!

Почитувани, Зоран Заев и заевизмот во целост ги потценуваат граѓаните, ги потценуваат дури и своите подржувачи. Јасно е зошто Зоран Заев преку заевизмот избега и од предвремени избори, јасно е дека Заев се плаши од пораз, свесен дека нема никаква поддршка за своите антидржавни политики.

 Оттука, сите следни чекори по Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга се јасна порака: ВМРО-ДПМНЕ победува на изборите, Гордана Силјановска Давкова е следниот претседател на Македонија.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.