Градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски и други функционери од истата патија присуствуваа на ифтар вечера која беше организира во Скопје во пресрет на големиот исламски празник. Тие им го честитаа големиот муслимански празник и на сите припадници од муслиманската вероисповед им посакаа многу здравје и успеси. Албанците, Бошњаците, Македонците муслимани и останатите етникуми го поздравија овој гест на ВМРО-ДПМНЕ за организирање на ифтар вечера кој веќе преминува во традиција. Македонците муслимани, Албанците и останати етникуми, категорично тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ не е националистичка партија, туку спротивно- дека е една партија која ги сполтува сите религии и националности во едно. ВМРО-ДПМНЕ отворено во изминатиов период ја застапува политиката на инклузивност кон Македонците муслимани, но и припадниците на другите етнички и верски заедници. Во извршниот комитет на партијата освен припадници на Македонците муслимани, за прв пат беше именуван и член од турската етничка заедница, докторката Нермин Теловска. Пред само неколку дена, Ифтар вечера приреди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој го честиташе големиот муслимански празник и на сите припадници од муслиманската вероисповед им посака многу здравје и успеси, а посака и заедно да се радуваат на, како што рече, наредната победа на изборите. -Ние веќе го направивме ова еден вид традиција, трета година по ред. Секоја година во периодот кога е овој муслимански празник организираме барем по една ифтар вечера. Сакам на сите што сте од муслиманска вероисповед да ви го честитам празникот, да ви посакам многу здравје, здравје и во вашите семејства, на вашите најблиски, да ви посакам хармонија, мир во душата, успеси, среќа и радост во вашите семејства и во вашето опкружување и да се радуваме заедно на наредната победа на изборите, истакна Груевски.