Нов терористички напад спречен во Париз

Изутринава војници и полицајци во обезбедување на Лувр отвориле оган и раниле едно лице кое се обидело да влезе во музејот во Париз. Според досегашните информации, станува збор за обид за атентат, бидејќи напаѓачот се обидел да влезе во Лувр со торби, околу 10 часот. Кога војниците и полицајците побарале од него да го отвори торбите за контрола, тој извадил нож, и се обидел да нападне еден од војниците, при што војниците истрелале пет куршуми.Лицето им се приближило на полицајците и војниците извикувајќи „Алах Акбар“ . Најблискиот војник до него стрелаше за да се одбрани наспроти нападот и истреча пет куршуми, серизоно повредувајќи го напаѓачот со еден куршум во стомакот. Тој е жив но во тешка состојба.Веднаш по нападот околу двеста посетители на музејот беа евакуирани внатре во музејот се додека теренот не беше безбеден.Истрагата е во тек.