Ќе се отворат три приватни старски домови

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска на тројца инвеститори, кои веќе имаат започнато инвестициски активности за отворање три приватни домови за стари лица, им ги додели одлуките од Владата на РМ за давање одобрување за основање вакви домови.Станува збор за тројца инвеститори кои веќе имаат инвестирано значителни средства за вакви приватни институции. Тие претпеле одредена штета бидејќи чекале овој период да им се издаде одобрувањето.Петар Старделов, е еден од инвеститорите на старски приватен дом, кој истакна дека неговиот објект е готов и подготвен за почеток.Инвеститорот појасни дека капацитетот на домот што тој го отвора има најмалку 40 легла и најмалку 12 вработени на почеток, со можност, како што рече, да се прошират допопнително.