Јанушев: Дали Заев е на прав пат да направи бизнис по принципот на Глобал?

Изјави

Додека здравството тоне, а пациентите се незадоволни, Зоран Заев договара зделки со сомнителни бизнисмени за кои веќе постојат истраги во земјите од ЕУ, обвини денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес конференција поврзана со вчерашната објава на медиумите за наводна тајна средба на Заев со контраверзен магнат. Самиот факт што средбата била тајна, …

Додека здравството тоне, а пациентите се незадоволни, Зоран Заев договара зделки со сомнителни бизнисмени за кои веќе постојат истраги во земјите од ЕУ, обвини денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес конференција поврзана со вчерашната објава на медиумите за наводна тајна средба на Заев со контраверзен магнат.

Самиот факт што средбата била тајна, подвлекува Јанушев, говори дека требало да се договори нешто во интерес на Заев.

– Така беше и за необјавената средба со Биг Мајк, по што следеше скандалозниот закон за опојни дроги, така е и со оваа средба со либискиот бизнисмен Али Гафур, а за да биде уште поскандалозно, зад ова стои и поранешниот премиер на Малта Јосеф Мускат кој замина од власт поради контраверзиите со убиството на новинарка на Малта, рече Јанушев.

Тој истакна дека за бизнисменот Гафур во Малта се водени истраги за сомнителни инвестиции, по што праша, дали Заев на тајната средба во 2018 година договарал сличен аранжман на Гафур и во македонското здравство?

Кој е уделот на Заев, поточно на фирмите на семејството Заеви во еден ваков вносен бизнис? Дали Зоран Заев бил на прав пат да направи бизнис по принципот на Глобал? Уште за колку сомнителни договори на Заев ќе дознава јавноста, праша Јанушев.

 

Прикажи повеќе Сокриј