​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Ѓорѓиевски: Криминалната власт на Заев му дава апанажа на Дончев, ликот кој цела јавност го виде како става снопчиња пари во својата чанта

Изјави 24 јуни 2020 13:02

Криминалната власт на Зоран Заев нема ниту образ, ниту срам. Откако јавноста виде дека директорот на ФЗОМ, Ден Дончев става снопче со пари во својата торба, а во друг разговор вели дека за своите постапки има пас од Зоран Заев, наместо да биде во најмала рака повикан на распит, гледаме дека Владата отпочнала постапка на …

Криминалната власт на Зоран Заев нема ниту образ, ниту срам. Откако јавноста виде дека директорот на ФЗОМ, Ден Дончев става снопче со пари во својата торба, а во друг разговор вели дека за своите постапки има пас од Зоран Заев, наместо да биде во најмала рака повикан на распит, гледаме дека Владата отпочнала постапка на Ден Дончев да му се даде апанажа, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Замислете Дончев фатен со скандал како си ја полни торбата со пари, а Владата на Зоран Заев и Радмила Шекеринска ќе го награди со цела година апанажа, односно цела година пари од народот!!!    Ова, почитувани, е истовремено неправда на Заев на дело, но и забеганос на оваа негова влада. Ден Дончев кого јавноста не го видела со месеци е посочуван за сомнителни зделки во случајот „Диамед“, но и во случајот „Муртиногејт“ кај што прво 50 илјади евра, а подоцна и други 80 илјади долари ги добил на име на консултантски услуги, а кои што не ги пријавил во својот анкетен лист.     Ако овие, а особено последните материјали не се доволни Русковска обвинителството да превзема чекори, тогаш не знаеме што треба уште да се случи за истиот да биде повикан на распит или пак да биде притворен, како што реално треба да биде. Да потсетиме Дончев е на слобода и доколку уште е во државата, може многу брзо да замине во надвор од досегот на истражните и судските органи во Република Македонија, истакна тој.

Ѓорѓиевски посочува дека Македонија НЕ заборава.

-Патем вчерашниот одговор на Дончев е уште поочаен и со него уште повеќе се заглавува во аферата бидејќи нема одговор зошто става кеш во својата торба, за какви се полициски упади има пас од Зоран Заев и која е улогата на сите овие ликови кои ги споменува во компромитирачките материјали кои што јавноста можеше да ги види? Очигледно дека Заев знаел и ги заштитува нелегалните дејствија на Дончев. Тоа е уште една потврда дека токму Зоран Заев е главата и организаторот на октоподот кој е создаден во државата. Сите овие скандали кои обвинителството под контрола на Заев не сака да ги разреши, да им биде јасно, дека ќе бидат процесуирани професионално во оној момент кога вирусот на корупција, криминал и опустошување наречен Зоран Заев ќе биде поразен на овие избори. Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која постојано ја имаме со Зоран Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и нашиот народ, вие ќе ја направите разликата, порача тој.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Стаменковска Стојковски: Ќе биде извршен надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување

04.01.2020

Најнови видеа

8:24

Колку е скап луксузниот хотел Бурџ Ал Араб

Свет 19.09.2020
7:32

Најимпресивните стадиони изградени во 2020 година

Свет 19.09.2020
9:08

Највисоката во светот – Кулата Џедах

Свет 19.09.2020
10:17

Кои ќе бидат авионите на иднината

Магазин 18.09.2020
14:00

Логистика за тестирањата од Ковид-19

Магазин 18.09.2020
16:10

Економските вредности на Нуклеарната енергија

Магазин 18.09.2020
7:06

Што открива мистериозната месечина на Сатурн

Магазин 18.09.2020
10:13

Новиот Американски носач на авиони УСС Ентерпрајс

Македонија Свет 18.09.2020
47:15

Граѓански протест против поскапување на струјата 09.09.2020

Македонија 09.09.2020
2:12

Погледнете како гореше автобусот на автопатот Штип-Миладиновци

Без коментар 04.09.2020
4:07

Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивите објекти- платформи, во спротивно потврдуваат дека сето ова е криминална фарса

Изјави 04.09.2020
4:36

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи конкретни креативни мерки и политики, со цел да се помогне во процесот на развој на македонската економија

Изјави 04.09.2020
© Copyright 2021 Македонија24.мк | Сите права се задржани.