​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Шилегов да се извини за говорот на омраза, во спротивно ќе поведеме постапка пред институциите

Изјави 28 мај 2019 17:02

Петре Шилегов е олицетворение на целата некултура на СДСМ. Деновиве Шилегов од позиција на градоначалник на град Скопје јавно искажа говор на омраза и нетолерантност кон партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното членство. Нервозата на Шилегов е очигледна, но навредите нема да ја сокријат неговата неработа и неспособност да ги решава проблемите на скопјани, истакна Јелена Жугиќ, …

Петре Шилегов е олицетворение на целата некултура на СДСМ. Деновиве Шилегов од позиција на градоначалник на град Скопје јавно искажа говор на омраза и нетолерантност кон партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното членство. Нервозата на Шилегов е очигледна, но навредите нема да ја сокријат неговата неработа и неспособност да ги решава проблемите на скопјани, истакна Јелена Жугиќ, советник во Советот на Град Скопје.

-Од тоа што Шилегов не е веќе потпретседател на СДСМ, скопјани не добиваат апсолутно ништо. За да му тргне на Скопје, Шилегов треба да си поднесе оставка од градоначалник. Поистоветувањето на ВМРО-ДПМНЕ со зборовите простотилук и фашизам, се тешки квалификации за кои Шилегов мора да се извини, ова е последно предупредување пред поведување на  постапка против него пред надлежните институции. Скопје година и 7 месеци не виде ниту еден проект, ниту инвестиција. Во Скопје година и 7 месеци не се гради ама баш ништо. Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје, единствено што знае и прави е ширење на говор на омраза, рече Жугиќ и додаде:

„На скопјани им е преку глава од примитивизмот на Шилегов. Очигледно е дека освен говор на омраза и навреди Шилегов не знае за друго. Токму затоа наместо да се нарекува градоначалник и да не знае што прави треба да си поднесе оставка од градоначалничката функција и тоа час поскоро. Шилегов треба да си поднесе оставка затоа што и во неговата партија велат дека тој е неспособен. Не може Шилегов да е неспособен за партијата, а да е добар за град Скопје. Скопјани се незадоволни од работата на градоначалникот Шилегов, а не од потпретседателот на СДСМ, токму затоа оставка мора да поднесе оставка и тоа веднаш“.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Ја руши ли Шилегов Универзална за да ја исполни квотата на зеленило за 50 нови згради кај Треска?!

29.07.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.