​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Шест работи по кои Google Pixel 2 е подобар од Samsung Galaxy S9

Магазин 24 април 2018 10:44

Според Антонио Вилјас-Боаз, новинарот на “Business Insider”, кој подолго време ги поседува паметните телефони Google Pixel 2 и Samsung Galaxy S9 решил да направи еден тест за да види кој телефон е подобар и кои се перформансите и како истите апликации се однесуваат и кај едниот и кај другиот телефон. Еве кои од карактеристиките на …

Според Антонио Вилјас-Боаз, новинарот на “Business Insider”, кој подолго време ги поседува паметните телефони Google Pixel 2 и Samsung Galaxy S9
решил да направи еден тест за да види кој телефон е подобар и кои се перформансите и како истите апликации се однесуваат и кај едниот и кај другиот телефон.

Еве кои од карактеристиките на Google Pixel 2 ги смета на понапредни во однос на Galaxy S9.

1. Pixel 2 го стартува Android онака како што Гугл го предвидел

Тој наведува дека Pixel 2, со оглед на тоа дека го произведува Гугл, нуди чисто Android искуство. Овој оперативен систем е значително побрз на овој телефон, во споредба со верзијата која ја користи Galaxy 9.

2. Сопствениците на Pixel 2 ги добиваат сите Android подобрувања во моментот кога Гугл ќе ги објави 

Тоа е нешто со што ниту еден друг произведувач не може да се пофали, а Galaxy S9 е вистински пример за тоа. На пример, доаѓа со малку постара верзија на Android – 8.0, и нема да добие надоградба во наредните неколку месеци, додека кај Pixel 2 веќе е застапена верзијата 8.1. Од друга страна, важно е да се напомене дека на Galaxy S9 се застапени бројни функции кои Pixel 2 ги нема, вели тој.

3. Galaxy S9 го нема копчето Google Home кое е застапено кај Pixel 2

“Тука е копчето Bixby Home, кое се обидува да го направи истото што и Google Home, но, искрено кажано, не е ни одблиску така добро. Штотуку минав низ сите работи кои Bixby сакаше да ми ги покаже и не пронајдов ништо интересно. На крајот едноставно ја исклучив опцијата Bixby Home, но за жал Google Home не може да ја замени”.

4. Камерата на Pixel 2 можеби не е “позната”, но е подобра од камерата на Galaxy S9

“Фотографиите кои ги прави Pixel 2 се подлабоки, со поживи бои и подинамичен контраст. Од друга страна, бојата на фотографиите кои ги прави Galaxy S9 изгледаат бледо, контрастот е многу поплиток во споредба со оние на Pixel 2”.

5. Сензорот за отпечаток на прстот на Pixel 2 е значително посупериорен

“Сензорот за отпечаток на прстот на Pixel 2 е побрз, порепспонзивен и попрецизен, додека кај Galaxy S9 бара и друг обид и генерално е побавен. Тоа можеби се чини како тривијална работа, но замислете колку пати во текот на денот го отклучувате телефонот. Galaxy S9 на тоа поле ќе биде фрустрирачки бавен и несигурен”, вели Боаз.

6. Pixel 2 e полесен

“Значително го ценам убавиот премиум дизајн на Galaxy S9, но овој телефон е значително потежок од Pixel 2. Тоа секако, не значи дека ќе ви испадне од рака додека го користите, но Pixel 2 е генерално поудобен за употреба”.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Како работи Шазам – апликацијата за препознавање на музика

24.07.2019

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.