​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Шахпаска истрошен кадар од транзицијата

Изјави 22 август 2020 12:25

Кадровските решенија за владата на Заев се слика и прилика на него лично. Како и самиот тој, така и неговите предлози се стари истрошени транзициски кадри. Зоран Заев ја поставува Јагода Шахпаска за министер за труд и социјална политика, нејзино единствено достигнување во досегашната кариера и е тоа што успеа да си ја вработи цела …

Кадровските решенија за владата на Заев се слика и прилика на него лично. Како и самиот тој, така и неговите предлози се стари истрошени транзициски кадри. Зоран Заев ја поставува Јагода Шахпаска за министер за труд и социјална политика, нејзино единствено достигнување во досегашната кариера и е тоа што успеа да си ја вработи цела фамилија во државна администрација.
Постои сомнеж дека додека Шахпаска беше пратеник таа го искористила своето влијание и си ги вработила својата золва, Маја Двојаковска, во Општина Берово, а потоа го вработила и нејзиниот сопруг во „Македонски шуми“.
Од друга страна Шахпаска нема направено ништо ниту за Берово, ниту за Пехчево, регион од кој доаѓа, додека имаше политичка моќ како пратеник таа не истурка ниту еден проект за граѓаните на тие општини, туку го гледаше единствено својот личен интерес.
Која е квалификацијата што Шахпаска ја има за да биде министер за труд и социјална политика, дали тоа што како пратеник успеа да си ги вработи сопругот и золвата или тоа што нема направено ништо за регионот од кој што доаѓа?!
Од ова се заклучува само дека од Шахпаска можеме да очекуваме само вработување на свои блиски, доколку има такви и до сега не ги вработила.
Доволно е граѓаните видат примерите со Берово и Пехчево и да видат што ја очекува цела Македонија.
Ова не се ниту нови кадри, ниту способни. Ова се стари истрошени кадри, кои поминале неколку функции низ годините наназад. Ова се кадри остатоци од транзицијата.
СДСМ и нивните кадри во таканаречената нова влада не можат да донесат ништо ново.

Новинарско прашање: Кој е ставот за вчерашната прес конференција одржана пред ВМРО-ДПМНЕ за барање за вонреден конгрес за нов претседател на партијата?

Одговор на новинарско прашање: Го кажавме нашиот став вчера, нема што да додадеме. Наш приоритет е борбата против катастрофалното владеење на Заев кое е грабеж на народот и државата. Се друго е помош за Зоран Заев.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Стаменковска Стојковски: Ќе биде извршен надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување

04.01.2020

Најнови видеа

8:24

Колку е скап луксузниот хотел Бурџ Ал Араб

Свет 19.09.2020
7:32

Најимпресивните стадиони изградени во 2020 година

Свет 19.09.2020
9:08

Највисоката во светот – Кулата Џедах

Свет 19.09.2020
10:17

Кои ќе бидат авионите на иднината

Магазин 18.09.2020
14:00

Логистика за тестирањата од Ковид-19

Магазин 18.09.2020
16:10

Економските вредности на Нуклеарната енергија

Магазин 18.09.2020
7:06

Што открива мистериозната месечина на Сатурн

Магазин 18.09.2020
10:13

Новиот Американски носач на авиони УСС Ентерпрајс

Македонија Свет 18.09.2020
47:15

Граѓански протест против поскапување на струјата 09.09.2020

Македонија 09.09.2020
2:12

Погледнете како гореше автобусот на автопатот Штип-Миладиновци

Без коментар 04.09.2020
4:07

Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивите објекти- платформи, во спротивно потврдуваат дека сето ова е криминална фарса

Изјави 04.09.2020
4:36

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи конкретни креативни мерки и политики, со цел да се помогне во процесот на развој на македонската економија

Изјави 04.09.2020
© Copyright 2021 Македонија24.мк | Сите права се задржани.