Членови на УПОЗ: Ременски го крши законот, ја поддржа незаконската работа и криминалот на досегашниот претседател на УПОЗ

Дел од членовите на УПОЗ кои сметаат дека реизборот на Пецо Грујовски за претседател на оваа синдикална организација е нелегитимен денеска повторно се обратија до техничката министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски затоа што дала легитимитет за изборот на Грујовски, а со тоа е дуректен учесник во кршењето на Законите во Р. Македонија. Според нив Ременски го крши законот и ја поддржува незаконската работа и криминалот на досегашниот претседател на УПОЗ. Членовите на УПОЗ сметаат дека техничката министерка Ременски наместо да го штити Законот, таа се однесува дволично и го подржува лицето Пецо Грујовски кој им го украде демократското право на глас на Членовите на синдикатот на УПОЗ.
Членовите на УПОЗ им порачаа на останатите членови на Синдикатот на УПОЗ да не губат надеж бидејќи за ова ќе бидат известени сите надлежни органи во Р. Македонија , а пред се Основното јавно обвинителство.