Целосно ќе се реконструира Универзална сала, нема да се гради нов објект кој според првичниот проект требаше да биде во форма на јајце, најавија денеска градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Конгресниот центар „Александар Македонски“ ќе има сличен изглед со постојната Универзална сала , ќе има дополнителни сали и ќе биде на истата локација и со свој паркинг. Со тоа Градот Скопје ќе добие, нов, модерен и функционална Конгресен центар.