Целосно обновена големата сала во МОБ

Големата сала и фоајето на Македонската опера и балет се целосно реконструирани. По повод отворањето на реновираната сала на 12 октомври ќе се одржи гала концерт на кој ќе настапи целиот капацитет на МОБ.Инвестицијата во МОБ е од огромно значење и од буџетот на Министерството се издвоени 62 милиони денари. На 12 октомври во МОБ по повод отворањето на реконструираната голема сала ќе се одржи гала концерт на кој ќе настапи целиот капацитет на МОБ, сите ансамбли кои ги поседува нашата национална институција со солисти, детски хор, оркестарот, балетот.Гала концертот ќе се одржи на 12 и на 13 октомври. Првиот концерт, на 12 октомври веќе е распродаден, а остануваат дел од билетите за 13 октомври.