Градежната компанија Хот и Хот денеска ги потпиша првите 10 договори со млади лица кои ќе ги искористат поволностите од владиниот проект „Купи куќа за млади“. Овие младите лица за 49.900 евра ќе добијат типски куќи во населба Радишани со плац од 250 метри квадратни и куќа со квадратура од 108 метри квадратни.
Директорот на Хот и Хот Роберт Хот истакна дека како компанија со првите 10 договори го означуваат стартот за учество во проектот „Купи куќа за млади“.
Проектот „ Купи куќа за млади“ е одлична можност за сите млади лица до 35 години да дојдат до свој сопствен дом.
Постојат два модела на субвенционирање од страна на државата. Првиот модел подразбира субвенционирање на ратите за отплата на кредитот кој е подигнат во рамките на проектот „Купи куќа за млади“. Вториот модел, пак, подразбира целосно субвенционирање на уплата за учество што е потребно при купувањето нова куќа.
