Формирано е граѓанското движење „Стоп Операција Сорос“

Водени од максимата „Не прашувај што државата направила за тебе туку што ти си направил за државата“, со Иницијативен одбор е формирано на граѓанското движење „Стоп Операција Сорос“.Во наредниот период преку ова граѓанско движење ќе се иницира и ќе се даде придонес во процесот на десоросоизацијата во Република Македонија. Изминативе години, а посебно последните две години, македонскиот народ беше сведок на грубо уривање на институциите на државата, одземање на суверенитетот од рацете на граѓаните на Република Македонија кои се носители на истиот. Фондацијата на Сорос која што е активно не само во Македонија, туку и во голем број други држави, има радикална левичарска и тоталитаристичка идеологија. Целта на Фондацијата е да се избришат иденти, народи и нации и да се создаде едно „отвореноопштество“ со кое ќе управува некој од надвор. Делува кон неконтролирано пропуштање на мигрантскиот бран од Блискиот Исток кој не очекува наредниот период. Со тоа сериозно ја загрозува безбедноста на Македонија преку своето делување. Изминативе две години имаше значително поклопување не само на граѓанскиот сектор со оваа огранизација туку и во голема мерка и координирањето на активностите на овој сектор беа во сооднос со една политичка партија, партијата СДСМ но си претставници на дипломатски претставништва во Македонија, вели новинарот Цветин Чилиманов.Целта појаснија основачите, не е да се протера Сорос од Македонија, туку да се намали тоталитаризмот во невладиниот сектор, кој треба да е плуралистичкчи и отворен како што е типично за една демократија, каде на правилен начин делува невладиниот сектор.Инаку граѓанското движење „Стоп Операција Сорос“ најпрво ќе започне со работа преку отворање на прашања и давање на одговори за начинот на кој што делува Сорос во Македонија, а сите граѓани кои што сакаат да се приклучат ќе ја имаат таа можност преку активностите кои што ќе се случуваат во иднина.