​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Фирмата СВ Инвест која се поврзува со Вице Заев добила 22 милионски тендер од РЕК Битола

Изјави 17 декември 2018 14:47

СДСМ ја зацрнува економијата, додека бизнисите на граѓаните тонат фирмите на блиските до власта нижат милионски тендери. Медиумите објавија скандалозна информација дека фирмата СВ Инвест која како што пишуваат се поврзува со Вице Заев, брат на премиерот и добила 22 милионски тендер од РЕК Битола во четири очи. Според документите кои ги објавија медиумите се …

СДСМ ја зацрнува економијата, додека бизнисите на граѓаните тонат фирмите на блиските до власта нижат милионски тендери. Медиумите објавија скандалозна информација дека фирмата СВ Инвест која како што пишуваат се поврзува со Вице Заев, брат на премиерот и добила 22 милионски тендер од РЕК Битола во четири очи.

Според документите кои ги објавија медиумите се гледа дека фирмата СВ Инвест на 15.10.2018 година склучила договор со АД ЕЛЕМ за ангажирање на рударска механизација за потребите на РЕК  Битола со договор во четири очи во износ од 22 милиони.

Од објавената документација се гледа дека СВ Инвест е фирма која нема сопствена механизација и опрема за извршување на работата, туку истата ја изнајмува од 3 различни компании. Потенцираме, фирмата нема ниту една единствена машина за вршење на дејноста, а АД ЕЛЕМ склучува  договор во 4 очи од истата во вредност од 22 милиони.

Кои биле квалификациите според кои оваа фирма добила тендер, а нема ниту една машина? Според кој метод АД ЕЛЕМ одлучил дека баш СВ Инвест е најдобра за извршување на дејноста, а како што гледаме истата земала телескопски чистач од една, автодигалка од друга компанија, а работници од трета компанија, што знначи не е специфицирана за работа и за задачите кои што ги извршува.

Дали ова е шемата по која се испумпуваат парите од буџетот преку државните претпријатија? Дали ова е животот за кој што зборуваше СДСМ пред да дојде на власт?

Почитувани,

Додека АД ЕЛЕМ се користи како средство за делење на тендери на фирми во сопственост на  луѓе блиски до врвот на  власта, конкретно брат на премиерот, системот во РЕК  Битола постојано крахира. Имено повторно крахираше еден од блоковите во РЕК Битола, овој пат Блок 1, додека само пред една недела имаше прекин во работата на друг Блок. Штетата од едно испаѓање на блок во РЕК Битола е околу 200.000 евра. Во рок од 10 дена со испаѓањето на двата блока РЕК Битола и ЕЛЕМ трпат загуби од околу половина милион евра.

Дали овие штети кои што ги трпи компанијата се резултат на неспособност на кадрите на СДСМ и не знаат да менаџираат со компанијата? Дали можеби намерно се води вака компанијата и намерно се предизвикуваат огромни штети за да може после преку тендери за поправки да се полнат сопствените џебови на кадрите на СДСМ? Ова е сериозен сомнеж и треба да се истражи.

Дали некој од власта си игра со најголемиот произведувач на струја во државата, кој обезбедува и до 80% од потребите на граѓаните?

СДСМ нема капацитет да управува со државата и државните фирми. Очигледно нив ги интересира само личниот интерес и бизнис интересот на нивните фирми.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.