​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Филипче во ек на епидемија на морбили ги измами граѓаните и ја злоупотреби својата внука за политичка измама

Изјави 28 јануари 2019 14:20

Венко Филипче во ек на епидемија на морбили ги измами граѓаните и ја злоупотреби својата внука за политичка измама. Филипче призна дека лажно и кажал на јавноста дека неговата внука е вакцинирана од морбили, иако таа не е, само да ги увери родителите дека вакцините се безбедни. Да го погледнеме видеото со кое што министерот …

Венко Филипче во ек на епидемија на морбили ги измами граѓаните и ја злоупотреби својата внука за политичка измама. Филипче призна дека лажно и кажал на јавноста дека неговата внука е вакцинирана од морбили, иако таа не е, само да ги увери родителите дека вакцините се безбедни. Да го погледнеме видеото со кое што министерот ги излажа граѓаните.

Филипче прво го злоупотребил детето во политичка измама, а потоа свесно ги донел во заблуда граѓаните на Република Македонија, со самото тоа извршил кривично дело Измама според чл. 247 од Кривичниот Законик.

Со ваквото свое манипулативно однесување, министерот лично го загрозува процесот на вакцинација и ја нарушува и онака слабата и нарушена доверба на  граѓаните во системот. Министерот лично со своето однесување, целосно ја деградира, го разградува процесот на вакцинација.

Филипче мора да понесе одговорност, очекуваме надлежните институции да преземат соодветни мерки. Министрите треба веродостојно да ги информираат граѓаните и да не ги лажат, да ги дезинформираат, ниту пак да ги манипулираат.

Министерството за здравство предводено од Филипче прво велеше дека има вакцини со изминат рок, за потоа да речат дека нема вакцини со изминат рок, туку декларациите се променети и помешани, за сето ова потоа да се обелодени дека ќе се уништуваат вакцините.

Господине министер, знаете ли дека вие со вашето лажење и манипулирање директно го загрозувате здравјето на најмладата популација и ја нарушувате вербата во системот?

Господине Филипче со вашето лажење и манипулирање директно може да го  загрозите животот и здравјето на граѓаните, а пред се на најмладите, на децата кои што се во претшколска возраст.

Граѓаните очекуваат итна и неотповиклива оставка од министерот, по вакво ноторно признание за измама и лажење на сопствените граѓани, најмалку што може да стори Филипче е да поднесе оставка.

Повеќе од година дена откако е министер, а здравството и здравствениот систем во државата само тоне. Ова е уште една од низата причини поради кои се потребни итни и неодложни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на пролет. Црнилата мора да бидат победени. Зората да изгрее.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Интервју со Доц. д-р Игор Николов 08.04.2020

11.04.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.