Граѓаните на Скопје добија ново место за спорт и реакција, катче каде ќе може да уживаат во зеленилото и да се дружат. Вториот најголем парк во Скопје, по Градскиот парк, денес официјално беше пуштен во употреба од градоначалниците на Град Скопје и Општина Аеродром. Новиот парк е наоѓа во Ново Лисиче, крај булеварот „Февруарски поход“ на последната автобуска станица број 5. Паркот е на површина од околу 100.000 квадратни метри, од која околу 90.000 квадратни метри ќе бидат зелени површини.Коневски посочи во изградбата на овој парк општината се вклучи преку поставување урбана опрема и осветлување. Во новиот парк поставени се околу 150 канделабри.Сукцесивно ќе се уредуваат и цветни површини во делови од паркот, а наесен ќе се засадат и садници.На терен работеа екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“, а за реализација на овој проект од Буџетот на Градот се издвоени околу 44 милиони денари.