Ученици од Лондон на настава во основните училишта во Аеродром. 11 ученици предводени од двајца наставници од Лондон денеска имаа можност да се запознаат со македонскиот воспитно-образовен систем и начинот на одржување на наставата. Станува збор за возвратна посета на учениците од Лондон откако минатата година општина Аеродром испрати ученици на настава во збратимената лондонска општина Вандсворт. Ваквата посета дава можност и за надминување на стереотипите и предрасудите, како и за стеснување на јазот меѓу културите на двете земји. Oбразовниот систем на Велика Британија е еден од моделите врз основа на кој МОН сака да се реформира македонското образование. Додаде дека продолжува и соработката со Јуниверзити колеџ од Лондон во делот на обука на наставниците и наставниот кадар.