Старите и дотраени бараки во кои порано учеа учениците од основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода прераснаа во нов современ објект направен по сите стандарди. Ново училиште е со капацитет за 600 деца, располага со 15 училници и 5 кабинети.
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој денеска го посети училиштето истакна дека изградбата на ова училиште е уште едно исполнето ветување пред граѓаните од општина Кисела Вода.
Градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ, изрази голема благодарност до Владата бидејќи во рок од две и пол години општината се стекна со два целосно нови објекти во сферата на основното образование.
МОН за изградбата и целосно опремување на училиштето „Невена Георгиева-Дуња“ издвои 80 милиони денари.